Стојковски: Стигнати повеќето лекови на онкологија, во најбрз рок уште два лека - Канал 5

Стојковски: Стигнати повеќето лекови на онкологија, во најбрз рок уште два лека

Годишниот тендер за набавка на онколошка терапија ќе биде распишан во текот на наредната недела, кога исто така се очекува да бидат и достапни лековите кои недостасуваа за ониколошките пациенти

Стојковски: Стигнати повеќето лекови на онкологија, во најбрз рок уште два лека

Годишниот тендер за набавка на онколошка терапија ќе биде распишан во текот на наредната недела, кога исто така се очекува да бидат и достапни лековите кои недостасуваа за ониколошките пациенти – информира директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија Игор Стојковски. Тој вели дека во моментов недостасувал само уште еден лек поради проблеми со дистрибуцијата. Директотот на ФЗОМ Сашо Клековски пак уверува дека со Бирото за јавни набавки бил постигнат јасен договор, со цел процедурите при јавната набавка да не бидат причина за дефектура на лекови.

-Комлетирана е со потпишување на анекс договорите, дополнително со донација одреден производител, последната стигна вчера. Остана уште еден лек кој е заради некаква дистрибуитерна дефектура, ама очекуваме наскоро да го реши дистрибуерот,-Игор Стојковски – директор на Клиника за радиотерапија и онкологија.

-Имаме јасен договор со Бирото за јавни набавки, како после распишувањето на годишниот јавен повик за набавка на лекови, со кој процедури може да се обезбедат количини во рамките на тој јавен повик, за да не настанат дефектури во време на траењето на повикот,-Сашо Клековски – директор на ФЗОМ.

До крајот на годината се очекува онколошките пациенти да примаат биолошка и радиотерапија и во Градската општа болница 8-ми септември. Директорот на болницата Синиша Стојановски вели дека кадарот веќе бил обучен и спремен за работа.

-Според комуникацијата која ја имаме со директорот кадрите се веќе спремни годинава да започнат со таблетарна и супкутана апликација на онколошта терапија. Акцелераторот кој што го поседува болницата се надеваме дека ќе успееме да го ставиме во фукција, тој е фукционален, но мора да помине рекомисионирање за да добиеме дозвола да почнеме и со радиотерапија која што би била во вториот дел од оваа година-Директор 8-ми септември ..

Клековски на Светскиот ден за борбата против ракот меѓудругото најави и зголемување на опфатот на скрининг за дојка, рак на грло на матката како и на програмата за скрининг на рак на црн дроб. Најавено е и зголемување на пет скеновите од 2 на 3 илјади годишно, а дел од онколошките пациенти се надеваат дека ваквите најави од надлежните ќе бидат остварени.

-Јас се надевам дека овој пат ќе се следи, дека нема да заврши на оваа конференција и дека нема да зависи од промена на директорите, Власта и она што континуирано го имаме како проблем во Македонија,-Ана Маријановиќ – онколошка пациентка.

Дека има глобална потреба од поголем скрининг, рано откривање и превенција од рак покажуваат и последните податоци на СЗО, според кои се проценува дека бројот на новодијагностицирани случаи до 2050 година ќе се зголеми за 77%..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запросување на врвот на Емпаер Стејт Билдинг (ВИДЕО)

Една смела двојка се искачи на врвот на зградата „Емпаер стејт билдинг“ и развиори транспарент на врвот од нејзината кула во среда попладне.

Запросување на врвот на Емпаер Стејт Билдинг (ВИДЕО)

Анџела Николау и Иван Беркус, кои стекнаа онлајн следбеници поради нивните искачувања на облакодери низ целиот свет што, останаа на врвот на облакодерот неколку минути додека камерите го снимаа настанот пред да се спуштат, изјавија полициски извори за „ABC News“.

Потоа, како што изгледа, Биркус ѝ предложил брак на својата долгогодишна девојка пред да бидат приведени.

Црниот транспарент се повикува на цитат од Џими Хендрикс и со бели букви пишувало: „Кога моќта на љубовта ја победува љубовта кон моќта, светот го познава мирот“.

Испратен е хеликоптер од њујоршката полиција, а платформата за набљудување на зградата била испразнета од посетители кога пристигнала полицијата.

Извор: ABCnews

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лимонада како од старите слаткарници: Тајната е во еден чекор што го прави вкусот побогат

Овој рецепт е брз за подготовка, лесен за прилагодување на вашиот вкус и идеален за летните денови кога бараме природно освежување без газирани пијалоци.

Лимонада како од старите слаткарници: Тајната е во еден чекор што го прави вкусот побогат

Малку пијалоци потсетуваат на лето како добра ладена лимонада. Сепак, многу луѓе забележуваат дека лимонадата што ја пијат во слаткарница или кафуле има пополн вкус од онаа што ја подготвуваат дома, иако е направена само со неколку состојки.

Причината не е во скапите состојки или посебен вид лимон, туку во начинот на подготовка. Класичните слаткарници го користат истиот трик со децении - прво подготвуваат шеќерен сируп, кој потоа се комбинира со свежо исцеден сок од лимон.

На овој начин, шеќерот се раствора целосно, а вкусот станува освежителен и пријатно избалансиран, без кристали што остануваат на дното на чашата.

Зошто е важен шеќерниот сируп?

Многу луѓе едноставно ставаат шеќер во ладна вода дома, но тој често не се раствора целосно. Затоа професионалните слаткари прво готват едноставен шеќерен сируп.

Сирупот рамномерно го засладува пијалокот, ја нагласува аромата на лимон и ѝ дава на лимонадата карактеристичен, полн вкус што го паметиме од детството.

По желба, количината на шеќер може да се намали или зголеми, во зависност од тоа колку слатка сакате лимонада да биде.

Состојки:

• 1 чаша свежо исцеден сок од лимон (околу 4-6 лимони)

• 1 чаша шеќер

• 6 чаши ладна вода

• 1/2 чаша вода за подготовка на сирупот

• мраз по желба

• парчиња лимон за сервирање

• свежи листови од нане по желба

Подготовка:

Во мало тенџере, измешајте го шеќерот и половина чаша вода. Загрејте на средна температура, мешајќи додека шеќерот целосно не се раствори и не добиете бистар сируп. Оставете целосно да се олади.

Во меѓувреме, исцедете го лимонот и процедете го сокот за да ги отстраните семките и вишокот пулпа.

Истурете ладна вода во голем бокал, додадете сок од лимон и изладен шеќерен сируп. Добро промешајте за да се соединат сите состојки.

По желба, оставете ја лимонадата дополнително да се олади во фрижидер.

Како да ја сервирате?

Наполнете ги чашите со мраз, сипете ја лимонадата, а потоа додадете парче лимон и неколку свежи листови од нане.

Доколку сакате уште поинтензивен вкус, можете да додадете неколку тенки парчиња лимон директно во бокалот и да го оставите да отстои околу десет минути пред сервирање.

Лимонадата подготвена на овој начин е идеална за летни денови, семејни собири, скари или едноставно како природно освежување за време на жешкото време.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лампард останува во Ковентри

Менаџерот на Англија, Френк Лампард, го продолжи договорот со Ковентри до 2029 година, соопшти клубот.

Лампард останува во Ковентри

Лампард е на чело на Ковентри од ноември 2024 година, а минатата сезона го водеше клубот во Премиер лигата за прв пат по 25 години.

„Воодушевен сум што потпишав нов договор, вистинска чест е да го претставувам овој клуб. Уживавме по неверојатниот напор и освојувањето на Чемпионшипот. Сега треба да се одмориме, а потоа добро да се подготвиме за следната сезона каде што ги знаеме целите. Има многу работа на и надвор од теренот. Едвај чекам повторно да ги видам играчите и да работам со нив“, рече Лампард.

Ковентри ќе биде домаќин на Арсенал во првото коло од Премиер лигата на 21 август.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер