НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
2НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
МакедонијаСтојкоски: Промени во Македонски брод ВМРО-ДПМНЕ и Ристески не испорачаа ништоЛокалната власт во Македонски Брод, во заминување, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Жарко Ристески, ќе биде запаметена како единствената локална власт којашто не успеала да испорача ништо за Порече“.„Локалната власт во Македонски Брод, во заминување, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Жарко Ристески, ќе биде запаметена како единствената локална власт којашто не успеала да испорача ништо за Порече“, истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата Ивица Стојкоски на предизборниот собир во Македонски Брод. Стојкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ пред четири година ја доби довербата врз база на лажни ветувања, евтин популизам и лажен национализам. „Ветуваа асфалт за поречките села, а она што успеаја да го испорачаат е една епска робусна нула во километри нов асфалт за Порече, нема ниту еден километар асфалт за калливите селски патишта. Ветија нов водовод со колекторски систем за Самоков, истиот не го направија. Нема ништо од урбанизацијата на руралните средини, нема ништо од детското игралиште во Требино, осветлувањето на обиколницата е заборавено, субвенционирањето на климите и субвенционирањето на линискиот превоз за жителите од Порече ги нема никаде, нема ништо од проектот за реконструкција на градскиот стадион, издвои Стојкоски од нереализираните проекти на актулената локална власт на ВМРО-ДПМНЕ во општина Македонски Брод. Каднидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата Ивица Стојкоски, презентирајќи ја својата програма за Македонски Брод најави стипендирање на сите ученици коишто ќе се запишат во гимназијата Свети Наум Охридски, зголемување на поддршката за здруженијата на граѓаните на територијата на општината од сегашните 300.000 денари на еден милион денари до 2029 година, субвенционирање на трошоците за превоз на пензионерите за нивни екскурзии во други градови, помош од 5.000 денари за полагање возачки испит за младите, 15.000 денари за секој исклучен брак на територијата на општина Македонски брод, како и големи проекти во заштита на животната средина и туризмот. „Отпочнување на проектот нула пластика во Македонски Брод којашто ќе опфаќа дислокација на сите диви депонија на територијата на општината, поставување на плутени брани за собирање на пластика во речното корито на река Треска, чистење на речното корито на река Треска заедно со брегот на езерото Козјак од пластика, за да се создадат услови после сето ова да се организира нова манифестација за Македонски Брод - регата на Треска која ќе привлече многу туристи љубители на природата“. „Мораме заедно да се бориме и заедно да го градиме, да се бориме заедно да го направиме Македонски брод туристички, урбано, спортски, културно и уметнички препознатлив. Македонски Брод да биде посреќно место за живеење“, порача каднидатот за градоначалник на СДСМ Ивица Стојкоски, и ги повика гласачите на 19 октормври да гласаат за бројот 5, да ја дадат довербата на СДСМ и Колаицијата. Доколку сакаме да имаме светла иднина, во минатото видовме многу лоши примери на грешки како не треба да правиме, од нив мора да научиме како истите и да не ги повториме во иднина. Поради сето ова ве повикувам вас сите жители на Македонски Брод, сите жители на поречките села да ни ја дадете вашата доверба, да ни ја дадете вашата поддршка, да ни го дадете вашиот глас, а јас ви ветувам дека нема да ве изневериме и дека заедно со вас ќе се бориме и работиме да ја градиме иднината на Македонски Брод, повика кандидатот за градоначалник на општина Македонски Брод на СДСМ, Ивица Стојкоски, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЏип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинатиНајмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако џип влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. Инцидентот се случил нешто пред 18:00 часот по локално време. Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај. „Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа. At least three people are dead after a car crashed into a food stand near a North Hollywood bus stop on Tuesday night. LAFD says three people were pronounced dead and three others were taken to a nearby hospital in critical condition. Breaking details in our bio. https://t.co/hOCLnAhBKQ — CBS LA (@CBSLosAngeles) November 11, 2026 Според претставници на полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица загинале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренско возило биле пренесени во болница. Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренско возило излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби. „Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата X, додавајќи дека ќе сподели дополнителни информации штом ќе станат достапни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонесиНародната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Оваа можност се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка“ АД Битола претставува воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена и во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Исто така, износот на средствата кои може да се користат од платежната сметка на фирмата во „АЛТА банка“ за исплата на платите може да биде повисок до 5% во однос на вкупниот износ на платите исплатени во октомври. На овој начин се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката. Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа. Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти. Притоа, приоритет остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРепубликанците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец. Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски. Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива. Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter