Стојчевски: Распишете референдум, младите сами да одлучат за својата иднина - Канал 5

Стојчевски: Распишете референдум, младите сами да одлучат за својата иднина

Владата на Мицкоски не може да се вади сo тоа дека нема пари за референдум на кој младите, треба да одлучат за својата иднина. 

Стојчевски: Распишете референдум, младите сами да одлучат за својата иднина

Ние со месеци наназад предупредуваме дека во буџетот нема пари – дека сè е потрошено на криминални тендери за полнење на џебовите на криминалната група ВМРО.

Ние младите не прифаќаме таков изговор.

Кога има пари за тендери, за нов авион и за луксузен живот на Мицкоски и неговата криминална група - мора да има пари и за одлука за судбината на младите, на државата и на сите граѓани.

Мицкоски вели „ќе ја платиме цената“ и дека треба да чекаме со децении за членство.

Мицкоски нема да ја плати цената, неговите пајташи во Владата со бугарски пасоши кои веќе си обезбедиле ЕУ исто така нема да ја платат цената.

Треба ние да живееме во изолација, да чекаме по 10 часа на граница, додека тие и нивните семејства имаат ЕУ – бугарски пасоши.

Најскапа цена ќе платат младите кои ќе продолжат да се иселуваат. Македонија ќе остане без млади, без народ, без иднина. Камен на камен нема да остане.

Младите не сакаат Мицкоски да одлучува во нивно име, да им ја крои капатата а со тоа и иднината во заглавена и изолирана земја.

Младите сакаат самите да одлучат во каква држава ќе живеат.

Младите не сакаат да ја платат цената заради Мицкоски.

Ова не е прашање на една партија или на еден подмладок туку на сите млади во Македонија.

Младите имаат право сами да кажат по кој пат ќе оди Македонија.

Затоа што токму младите ќе ја живеат таа иднина.

Токму младите ќе ги носат последиците од секоја денешна одлука на Мицкоски.

Младите имаат став и сакаат да се слушне нивниот глас.

Затоа распишете референдум.

Не бегајте од граѓаните, не бегајте од младите.

Ние не сакаме да плаќаме цена.

Ние сакаме иднина, европска иднина.

Распишете референдум!

Младите нека одлучат!

YouTube video

Прес-конференција на Трајче Стојчевски - претседател на СДММ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

Вечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго.

За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври.

Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.

Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија.

Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност.

Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале.

Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат.

Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Вечерва  со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер