Стојчевски: Началникот Мартиновски без наредба за приведување ја малтретирал жената, бараме итна кривична постапка за него! - Канал 5

Стојчевски: Началникот Мартиновски без наредба за приведување ја малтретирал жената, бараме итна кривична постапка за него!

Скандалот со злоупотребата на полицијата за партиски цели во Демир Хисар јасно потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ не бира средства за да ги заплашува граѓаните пред изборите. 

Стојчевски: Началникот Мартиновски без наредба за приведување ја малтретирал жената, бараме итна кривична постапка за него!

Но, времето кога некој се плашеше од ваквиот кукавичлук на ДПМНЕ е одамна минато.

Граѓаните масовно се спротивставија на ова насилство на полицијата и застанаа на страната на правдата во овој случај на полициска злоупотреба за партиски цели.

Откако Обвинителството вчера јасно потврди дека немало наредба ниту налог за приведување на директорката, денес бараме итно Обвинителството да покрене постапка за кривична одговорност на партискиот послушник – началникот Роберт Мартиновски.

Мартиновски, човек на Тошковски и поставен уште од првиот ден на неговото доаѓање на министерската функција, е очигледно ударната тупаница на ДПМНЕ за заплашување на граѓаните и малтретирање пред избори.

Обвинителството не смее да молчи – постапка мора да се покрене веднаш. Согласно законот, кривично мора да одговара Мартиновски, без никаква дилема!

Понатаму, инспекторот Ѓорѓи Митревски, кој бил унапреден истиот ден кога се случил настанот, наместо да раководи со претресот, му дозволил на Мартиновски да го преземе водењето. Прашуваме – по чиј налог? Дали по налог на некој близок до Тошковски за да се врши терор?

Што уште треба да се случи за Тошковски да понесе одговорност за распадот и злоупотребите што ги прави полицијата?

Дали со тоа потврдува дека овој случај е под негов диктат? Дали ќе се огради директно од Мартиновски и ќе покрене кривична постапка против својот началник? Нели велеше дека „брат да му е' ќе одговара?

Почитувани граѓани,

Тошковски демонстрира сила врз жена директорка која е болна, што е потврдено од лекар, но ги брани насилниците и криминалците поврзани со ВЛЕН кои вршат насилство во Чаир врз државни службеници.

Тошковски наредува да се апси жена без налог, но истовремено нема проблем да шетаат слободно познати криминалци како Ѓаволот, баран со потерница.

Тошковски и Мицкоски мижат пред криминалот на ВЛЕН тежок 225 милиони евра, молчат за десетици скандали со местени тендери, ама немаат проблем за предизборни партиски цели да малтретираат болна жена за да ја сменат. Ова е дефиниција за политички кукавичлук и грозен пример на политичко насилство.

Тошковски не донесе ништо друго освен селективност, неправда и полиција во заштита на криминалот и партијата.

СДСМ бара:

• Панче Тошковски да не го забошотува случајот со внатрешна контрола и да не ја замајува јавноста.

• Началникот Мартиновски веднаш да биде разрешен, а МВР да му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето.

• Основното јавно обвинителство во Битола мора да реагира, да ги истражи сите аспекти на незаконското постапување на полицијата и кривично да ги гони сите инволвирани.

• Дополнително, целиот случај со прогонот на Лозановска мора да биде санкциониран.

• Одговорност мора да понесе и Панче Тошковски затоа што тој е виновен за началниците кои ги назначува.

Ова што се случува во МВР е скандал по скандал – потврда за опасноста од партизација на полицијата со новиот закон, што доведува до ерозија на правниот систем.

Кога полицијата е злоупотребена, правдата е парализирана. Нема правда со ВМРО-ДПМНЕ и Панче Тошковски – има само селективност и злоупотреби на полицијата за партиски цели.

YouTube video

Трајче Стојчевски, претседател на СДММ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дачија подготвува нов електричен автомобил за само 11.500 евра! ​​

Дачија Хипстер ќе биде поевтин од Спринг и ќе се произведува во Кина.

Дачија подготвува нов електричен автомобил за само 11.500 евра! ​​

Дачија наскоро би можела да добие еден од најнеобичните модели во својата понуда.

Сериската верзија на концептот Хипстер наводно ќе се произведува во Кина од следната година, а се очекува да чини помалку од 11.500 евра во Европа.

Хипстерот треба да биде позициониран под новата генерација на Спринг.

За разлика од тој автомобил, кој ќе се произведува во Словенија, Хипстерот треба да се произведува во фабриката во Шијан, Кина, каде што се произведуваше претходната генерација на Спринг.

Долг е само три метри

Концептот Хипстер беше претставен минатата година и беше развиен во согласност со европската категорија на лесни квадрицикли L7e. Долг е само 300 см, висината на возилото е 154 см, а ширината е 155 см.

Тежината на Хипстер без батерија е ограничена на 450 кг, што покажува колку е мал и лесен овој модел.

Конечната спецификација на батеријата сè уште не е потврдена, но се очекува капацитет на пакетот од околу 15 kWh.

Таквата батерија би била значително помала од оние што се користат во повеќето електрични автомобили денес, но поради малата маса, би можела да биде сосема доволна за урбани потреби.

Производствениот модел останува верен на концептот

Како што објавува „Autoweek“, патентните цртежи покажуваат дека производствениот Хипстер ќе задржи речиси идентичен дизајн како концептот.

Промените се главно козметички и вклучуваат поедноставен преден браник и решетка, мал бришач на шофершајбната, различни врати и промени околу страничните прозорци.

Обликот на задниот прозорец, задната врата и задниот браник исто така се променети.

Според достапните информации, фабриката во Шијан моментално не е ангажирана, а нејзините инженери треба да учествуваат и во развојот на новиот електричен модел.

Доколку се потврди најавената цена од околу 11.500 евра, Хипстер би можел да стане еден од најевтините нови електрични автомобили достапни за европските купувачи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лансирана балистичка ракета, итно се огласи јужнокорејската војска

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Источното Море, соопшти денес војската на Јужна Кореја.

Лансирана балистичка ракета, итно се огласи јужнокорејската војска

Здружениот штаб на вооружените сили соопшти дека го детектирал лансирањето околу 6:30 часот наутро по локално време од областа Вонсан, без да даде детали за типот на лансирана ракета, објави Јонхап.

Ракетата прелетала повеќе од 700 километри пред да падне во морето, соопшти Здружениот штаб на вооружените сили, додавајќи дека точните карактеристики на лансирањето се анализираат со американската страна.

Разузнавачките агенции на Јужна Кореја и САД го следеле лансирањето од самиот почеток и разменувале релевантни информации, соопшти Здружениот штаб на вооружените сили.

Иако јужнокорејската војска не прецизираше за каков тип ракета станува збор, наводно се анализираат нејзините карактеристики, оставајќи ја отворена можноста дека може да станува збор за балистичка ракета со среден дострел или за балистичка ракета со среден дострел.

Последното лансирање беше на 20 септември, кога Северна Кореја, во рок од неколку часа, испали две балистички ракети со краток дострел од областа Вонсан кон Источното Море.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брутални воздушни напади во Газа, најмалкуи пет загинати (ВИДЕО)

Најмалку пет лица беа убиени во израелски воздушен напад врз станбена зграда во западна Газа.

Брутални воздушни напади во Газа, најмалкуи пет загинати (ВИДЕО)

Најмалку шест други се сериозно повредени, објави Ал Џезира, повикувајќи се на медицински персонал во болницата Ал-Шифа во Газа.

Нападот наводно ја погодил зградата Ал-Асала во населбата Ремал рано утрово без предупредување.

Ремал е една од најгусто населените станбени области во Газа, дом на илјадници раселени лица кои се засолнуваат во импровизирани кампови низ населбата.

Репортер на Ал Џезира на местото на настанот изјави дека нападот се случил среде ноќ, додека жителите спиеле.

„Ги слушнавме воените авиони како стануваат погласни, а потоа следеа три удари, погодувајќи го станот и убивајќи ги оние внатре“, рече тој.

Нападот го пробил целниот стан и ги пробил катовите подолу, предизвикувајќи понатамошно уништување низ повеќекатната зграда.

Пожарите гореле најмалку еден час пред палестинските тимови за цивилна одбрана да можат да ги изгаснат.

Екипите на цивилната одбрана сè уште го пребаруваат местото за исчезнати лица и тела, рече тој, додека израелските беспилотни летала продолжуваат да летаат над областа, а борбени авиони може да се слушнат како летаат ниско над Газа.

Болницата Ал-Шифа соопшти дека меѓу загинатите има четири жени, вклучувајќи една постара христијанка и нејзината ќерка.

Шестмина од ранетите се однесени во болница на лекување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер