ФудбалСтојановски поднесе оставка на клупата на Пелистер Битолски Пелистер ќе ја продолжи битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) со нов тренер, откако вечерва Милан Стојановски поднесе неотповиклива оставка на должноста.Оставката на Стојановски доаѓа непосредно по денешниот пораз од Струга од 2-0 во рамки на 24 прволигашко коло, што го остави Пелистер во зоната на испаѓање како десеттопласиран со 22 бода, еден помалку од Македонија ЃП на деветтото и шест помалку од осмопласираната АП Брера. „Како шеф на стручниот штаб, ја преземам целосната одговорност за резултати во пролетниот дел од сезоната и одлучив да поднесам оставка од функцијата. Сакам искрено да му се заблагодарам на клубот за укажаната доверба, на раководството за поддршката, на играчите за нивниот труд и залагање, како и на навивачите за нивната безрезервна поддршка во секој момент. Посебна благодарност и до градот Битола, кој секогаш стои зад својот клуб. На екипата ѝ посакувам многу среќа во продолжението од сезоната и остварување на целта – директен опстанок.“, изјави Стојановски на официјалната веб – страница на Пелистер. Во следното коло, Пелистер ќе ѝ гостува на Шкендија на 5 април.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСребро и бронза за Македонија на Балканската олимпијада по информатика во ТиранаСите членови од македонскиот тим на Балканската олимпијада по информатика во Тирана, Албанија се враќаат со одличје.Од 14-ти до 20-ти септември, во Тирана, Албанија, се одржува 33-тата по ред Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2026), а домаќин на настанот е STEM Hub Center. Македонскиот тим на овој престижен регионален натпревар во програмирање го сочинуваат натпреварувачите Владимир Грчев од Кочани, Дамјан Давков од Штип, Никола Стојковски од Скопје и Марко Кренков од Струмица, предводени од тим лидерите Благојче Павлески и Петар Ковачовски, студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Во силна регионална и меѓународна конкуренција, Владимир Грчев освои сребрен медал, а Дамјан Давков бронзен медал. Никола Стојковски и Марко Кренков, пак, освоија олимписки пофалби. На настанот проф. Миле Јованов повторно беше избран за Претседател на Балканската олимпијада во следниот тригодишен мандатен период. Учениците кои се дел од македонскиот тим за БОИ 2026 беа избрани преку целогодишен циклус натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 37-ми пат. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk, кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи, а циклусот беше организиран со поддршка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), како и на неколку општествено одговорни компании: Сорсикс, Нетцетера и Семос едукација. Балканската олимпијада по информатика (БОИ) е врвен натпревар во програмирање за средношколци од земји кои се наоѓаат на или околу Балканскиот полуостров, а се организира секоја година од 1993 година наваму. На овогодинешното, 33-то издание, учествуваат натпреварувачи од 13 земји-членки на БОИ заедницата (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Италија, Молдавија, Црна Гора, Македонија, Романија, Србија, Словенија и Турција), а како гости настапуваат и претставници на уште пет земји (Грузија, Киргистан, Саудиска Арабија, Туркменистан и Украина). Учениците се натпреваруваат индивидуално во решавање на алгоритамски проблеми во текот на два натпреварувачки дена. Во изјавата на Претседателот на Здружението, проф. д-р Миле Јованов се вели: „Секој медал освоен на овие натпревари е потврда за трудот што нашите ученици, наставници и ментори го вложуваат во текот на целата година. Владимир и Дамјан со своите медали, а Никола и Марко со освоените пофалби, покажаа дека Македонија продолжува да произведува млади информатичари способни да се мерат со најдобрите во регионот. Ваквиот континуитет на резултати не е случаен, туку е плод на долгогодишниот систем на подготовки и натпревари што го негуваме заедно со ФИНКИ.“ Следниот настан кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е Јуниорската балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2026), која ќе се одржи од 22-ри до 28-ми септември во Сараево, Босна и Херцеговина. Следната, 34-та по ред Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2027), ќе се одржи идната година во Турција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери!Две години од предавството на ЗНАМ, прво ја предадоа партијата, потоа гласачите.Денеска во кино ЗНАМ прави отчет. „Две години работа. Две години резултати. Една љубов - тендери.“ Максо со неколку тендер-патриоти во кино. Веројатно филмот е: “како ја предадов партијата и гласачите за тендери”. Тоа не е љубов кон Македонија. Тоа е љубов кон парите. ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре. Луѓе кои прво ја предадоа својата партија, а потоа ги предадоа и гласачите кои поверуваа во приказната за реформа во СДСМ. Влегоа во власта. Станаа дел од организирана криминална група ВМРО. Станаа дел од бандата. Сателити. Глас во Собрание. Столче во институција. Тендер во општина. Тендер во Пошта. Резултатите ги знае народот. Максо прво ги продаде гласачите, потоа Македонија. Потоа следуваше и плац за Лидл. Со оглед дека има фирма во Бугарија, може себеси да се претстави како странски инвеститор. Тоа се две години. Две години кражба, две години во кои граѓаните се држени како заложници. Сега ќе печатат брошура и ќе шетаат во 14 градови да објаснат колку ја сакаат Македонија. Нека објаснат колку чини столчето. Нека објаснат зошто „патриотите“ имаат бугарски пасоши и фирми. Нека каже сега, кога знаеме дека колегите, понапредната верзија, ЗНАМ 2.0 за „реформи“, зеле 1,6 милиони, колку тој зел за првата верзија на ЗНАМ? СДСМ не седи во нивната сала. СДСМ ги именува со нивното вистинско име. Предавството има датум. Сега се најавува и втор датум, повторно собирање „за иднината на Мицкоски“, за неколку дена. Следниот настан нека го прават заедно. Наместо во кино – во Бела палата. Филмот веќе го знаеме. ЗНАМ не е движење. ЗНАМ е сателит на Мицкоски. Две години работа за бандата. Две години и тие се дел од бандата. Една љубов, заедничка - тендер. Доаѓа време кога предавството на Македонија ќе се мери пред суд, не пред платно. Граѓаните не одат во кино да им честитаат што ги продале. Одат на следните избори да ја вратат државата во свои раце. А бандата да одговара. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВтор ден од изборите во Русија: Гласаат и жителите на Донбас и Новорусија Во Русија, денес и утре продолжуваат изборите за пратеници во Државната дума од деветтиот свик, за законодавните собранија во 39 региони, како и изборите за највисоките фуЖителите на регионот Донбас и на Новорусија за првпат ќе учествуваат на изборите за Државната дума, објави ТАСС. На федералните изборни листи се застапени 10 партии: „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално-демократската партија на Русија, „Нови луѓе“, „Праведна Русија“, Руската партија на пензионерите за социјална правда, „Комунисти на Русија“, „Родина“, Руската еколошка партија „Зелени“ и Партијата за директна демократија. Истовремено, се одржуваат избори за законодавните собранија во 39 региони, како и избори за највисоките функционери на конститутивните субјекти на Руската Федерација. Во осум региони лидерите се избираат директно, додека во три региони ќе се избираат регионални парламенти. Вкупно, на изборите се достапни околу 23.000 пратенички и други функции. Утринава во седум кинески градови започна предвременото гласање за изборите за деветтиот состав на Државната дума. Според податоците на Централната изборна комисија на Русија, излезноста на изборите за пратеници во Државната дума, заклучно со 20:13 часот по московско време на првиот ден од гласањето, изнесуваше 25,30 отсто. „Сите избирачки места во Русија беа отворени на првиот ден од изборите, а гласањето во рамките на Единствениот ден за гласање започна според планот, и покрај обидите за провокации“, изјави претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, пренесува „РИА Новости“. Повеќе од 2,8 милиони луѓе гласаа преку федералната платформа за далечинско електронско гласање (DEG). Излезноста изнесуваше 70 отсто од регистрираните учесници заклучно со 21:45 часот по московско време, соопшти руското Министерство за дигитален развој, комуникации и масовни медиуми. Повеќе од 380.000 набљудувачи се вклучени во изборите, вклучително и повеќе од 1.000 странски набљудувачи од 133 земји и претставници на 13 меѓународни организации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook