3Претставници на поголемите стопански комори и министерството за економија на средба за оперативниот план за вработување
КошаркаСтојановски: Ќе бидам максимално подготвен за стартот на новата сезонаПо едногодишно отсуство, македонскиот кошаркарски репрезентативец Дамјан Стојановски одново е дел од МЗТ Скопје Аеродром, откако пред две недели потпиша нов договор со шесткратниот шампион.Во меѓувреме, тој не настапуваше за друга екипа туку се рехабилитираше по тешката повреда на коленото добиена во дресот на репрезентацијата на Македонија во ланскиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2017. Се очекува целосно да биде подготвен за претстојната сезона во која „металците“ ќе настапуваат во АБА-лига и во домашното првенство. - Една сезона не бев под договор, но се чувствувам како воопшто да не сум заминал од „Јане Сандански“. Едноставно, тука сум како дома со оглед што одамна немам настапувано за друг клуб освен за МЗТ Скопје Аеродром. Периодот го искористив да се вратам по незгодата која ме снајде на средбата против Велика Британија во дресот на македонската репрезентација. Најтешкиот дел по повредата е зад мене. Рехабилитацијата минува одлично, засега се е како што треба и сигурен сум дека ќе бидам максимално подготвен за стартот на новата сезона, изјави Стојановски за интернет страницата на МЗТ Скопје. Репрезентативец очекува тешка сезона, а му се допаѓаат најавите на управата на клубот за формирање костур на тимот од македонски кошаркари. - Пред нас е напорна сезона во која не очекуваат многу тешки натпревари поради што е потребно добро да се подготвиме. АБА-лигата ќе биде исклучително силна, најмногу поради намалувањето на бројот на екипи што ќе учествуваат, со што ќе се вжешти битката како за врвот така и за дното од табелата. Без разлика што се уште сме далеку од комплетирањето на тимот, мислам дека ќе имам состав кој ќе може да им парира на противниците од регионот и дека со малку повеќе среќа ќе имаме подобар настап во однос на минатата сезона. Ми се допаѓа интенцијата носители во тимот да бидат домашни играчи, што е добро како за МЗТ Скопје Аеродром така и за македонската кошарка воопшто, дополнува бекот-шутер. Тој нема да биде дел од репрезентацијата во претстојните претквалификации за СП 2019, но посакува Македонија да оствари добри резултати. - Косово и Естонија се селекции кои треба да се сфатат максимално сериозно. Денеска едноставно нема лесни противници на европската кошаркарска сцена. Најдобар пример за ланските квалификации за ЕП кои се надевавме дека лесно ќе ги поминеме, но на крајот завршивме полошо и од најцрните очекувани сценарија. Само со максимален пристап и огромна желба може да стигнеме до посакуваното, а тоа е минување на претвалификациското сито. Тешко ми е што не можам да им помогнам на соиграчите, повредата не ми дозволува да настап, но ќе им стискам палци на моите репрезентативни другари со ветување дека ќе бидам најгласен навивач во нивниот обид да се мине овој сериозен предизвик, завршува Стојановски. Дамјан Стојановски во таборот на МЗТ Скопје првпат дојде до 2012 година, а претходно има играно за АМАК-СП, Вардар осигурување и бугарски Лукоил Академик. Во својата ризница трофеи досега има четири шампионски титули во Македонија и две во Бугарија како и пет пехари во Купот на Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИстекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Црна хроникаДве кумановки измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити, поднесена кривична пријаваПолициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава .Полициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава и тоа, против А.С.Д. поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“ по чл.247 ст.4 од КЗ и „злоупотреба на лични податоци“ по чл. 149 ст.1 од КЗ и против М.В. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по чл.24 од КЗ. Првопријавената А.С.Д., со директна умисла и однапред создаден план, со намера за себе и за второпријавената М.В. да прибави противправна имотна корист, во период од јануари до јули 2026 година во вкупно 19 наврати, со лажно прикажување и свесно прикривање на вистинските факти, довела и одржувала во заблуда 19 лица, така што без нивна согласност и овластувања, злоупотребувајќи и користејќи ги нивните лични податоци, во нивно име аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплатата на парите, тие биле противправно присвојувани од страна на А.С.Д. и М.В.. Второпријавената М.В., постапувајќи по претходен договор, и помогнала на А.С.Д. во извршувањето на кривичното дело преку преземање на дејствија што овозможиле реализација на измамата. При тоа, се стекнале со противправна имотна корист од 10.820.000 денари, соопшти МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИстекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
МакедонијаРасчистено убиството на лекарот Трповски, уапсени сопружници од Скопје, соопшти ОбвинителствотоПо повеќе од две години истрага, Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи го расчистија убиството на Ацо Трповски, извршено во март 2024 година. Уапсени се сопружници од Скопје, при што 65-годишен маж е осомничен за убиство, а неговата 59-годишна сопруга за помагање при извршување на кривичното дело. Според обвинителството, злосторството се случило на 21 март 2024 година на паркинг во населбата Автокоманда. Осомничената претходно договорила средба со трповски и влегла во неговиот автомобил. Набргу потоа пристигнал нејзиниот сопруг, кој, според сомнежите, по кратка расправија го нападнал трповски со нож, нанесувајќи му девет убодни рани во градите и телото, од кои починал. Автомобилот заедно со телото потоа го одвезле на паркингот кај поликлиниката железара. Обвинителството и за двајцата сопружници бара притвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаПретставници на поголемите стопански комори и министерството за економија на средба за оперативниот план за вработувањеЗаменик-министерот за економија Марјан Ристески оствари работна средба со претставници на најголемите стопански комори.Заменик-министерот за економија Марјан Ристески оствари работна средба со претставници на најголемите стопански комори на која се разговараше за мерката од јавниот повик „Вработување и раст на правни субјекти“ во рамки на оперативниот план за вработување. Преку оваа мерка Ристески вели се дава поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter