Стојановиќ од Макпетрол ќе се бори за бронза на Светското карате првенство во Венеција - Канал 5

Стојановиќ од Макпетрол ќе се бори за бронза на Светското карате првенство во Венеција

Членот на карате клубот Макпетрол, Стефан Стојановиќ, ќе се бори за освојување на третото место на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција. 

Стојановиќ од Макпетрол ќе се бори за бронза на Светското карате првенство во Венеција

На шампионат во италијанскиот град, македонскиот каратист учествува во категоријата над 84 килограми во У-21.

Стојановиќ не беше поразен во полуфиналето од Италијанецот Матео Аванзини. Борбата заврши 3-3, но поради правилото „прв освоен поен“, понатаму оди каратистот од земјата-домаќин.

До полуфиналето, Македонецот нанижа три победи. За бронзениот медал ќе ги одмери силите со Николаи Секот од Германија.

Настап на турнирот имаше и Данило Божовиќ (-84 кг). Со две победи во групата и една во репасажот тој беше на чекор на борба за бронза. Во клучното соочување загуби минимално во возбудлив меч со Јапонецот Јосуке Абе и го освои седмото место.

Македонската карате репрезентација во Венеција настапува со 35 каратисти со 37 натпреварувачки влезови. На Светското првенство во италијанскиот град учествуваат 1.990 спортисти од 113 држави.

МЗ: Се следи состојбата на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Во контекст на актуелните пожари што се во тек, Министерството за здравство информира дека здравствениот систем е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици.

МЗ: Се следи состојбата на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се дежурства од стручни кадри и резервирани се транспортни капацитети за итни случаи. Сите релевантни служби се во состојба на зголемена готовност, со јасно дефинирани протоколи за постапување.

Се следи состојбата на терен и се постапува согласно развојот на настаните, со единствена цел, заштита на здравјето и безбедноста на населението.

Извршната директорка на X поднесе оставка

Линда Јакарино заминува од позицијата извршна директорка на X по две години на чело на оваа социјална мрежа, која е во сопственост на најбогатиот човек на светот, Илон Маск.

Извршната директорка на X поднесе оставка

Веста доаѓа еден ден откако вештачката интелигенција на Маск се најде во центарот на скандал, бидејќи четботот Грок, развиен во рамките на неговата компанија xAI, генерираше низа објави на платформата X во кои се изразува восхит кон Адолф Хитлер и се промовира антисемитска содржина.

Компанијата за вештачка интелигенција на Маск, xAI, кон крајот на март го презеде X на Маск за 33 милијарди долари. Овој потег формално ги спои двата ентитета кои веќе беа тесно поврзани, но исто така покрена прашања за идната улога на Линда Јакарино.

Јакарино го најави своето заминување во објава на X, порачувајќи дека е „неизмерно благодарна“ на Маск што ѝ ја „довери одговорноста за заштита на слободата на говорот и трансформација на X во апликација за сите“.

- Најдоброто допрва доаѓа бидејќи X влегува во ново поглавје со xAI. Ќе ве бодрам сите додека продолжувате да го менувате светот, напиша таа.

Јакарино не наведе причина за нејзиното заминување, но извор близок до неа потврди за Ен-Би-Си Њуз дека размислувала за заминување повеќе од една недела. Маск го искоментира нејзиниот пост и напиша: „Благодарам за придонесот“.

Јакарино, поранешна директорка за маркетинг на медиумската компанија NBCUniversal, ја презеде функцијата извршен директор на Твитер во јуни 2023 година, околу осум месеци откако Маск ја купи платформата.

Таа беше донесена за да помогне во решавањето на проблематичното рекламирање на платформата, откако Маск со своите коментари и промени на платформата ја загрози соработката со познати брендови.

ЗНАМ во Виница: Гласот на граѓаните на прво место

Караванот „Со срце за нашата општина“ на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денес продолжи низ државата, со нова важна средба – овојпат со жителите на Виница. 

ЗНАМ во Виница: Гласот на граѓаните на прво место

На отворениот дијалог со граѓаните од целиот Винички регион, движењето уште еднаш ја потврди својата посветеност дека гласот на народот е темел на секоја нивна одлука.

Средбата ја предводеше Горан Минчев, Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија заедно со Јорданчо Давитков, член на градската организација.

Граѓаните отворено зборуваа за секојдневните предизвици со кои се соочуваат: ограничени можности за младите да останат и напредуваат во родниот крај, недостиг на поддршка за жените во бизнисот и јавниот живот, запуштени локални патишта и улици, недоволни инвестиции во основната инфраструктура и потреба од поефикасно и транспарентно урбанистичко планирање.

Минчев пред присутните истакна:
„Виница има глас кој треба да се слушне – и ние сме тука токму за тоа. Да ги претвориме вашите зборови во дела, а вашите грижи во приоритети. Не носиме готови решенија, туку заеднички ги создаваме – со секој разговор, со секој предлог од вас.“

Со секоја посета низ Македонија, ЗНАМ покажува дека вистинската политика започнува таму каде што се луѓето – на терен, со искрен дијалог и заедничка работа. Виница денес беше жив доказ за тоа.

ЗНАМ

притисни ентер