Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ е повторно нападната од политичко-разузнавачкото лоби на СДС кое сега се заплетка во лаги - Канал 5

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ е повторно нападната од политичко-разузнавачкото лоби на СДС кое сега се заплетка во лаги

На Канал 5 телевизија во „Вести Плус“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ  е повторно нападната од политичко-разузнавачкото лоби на СДС кое сега се заплетка во лаги

На самиот почеток Стојаноски дискутираше за актуелната тема во јавноста деновиве, за скандалот со прислушкувањето за кое објасни дека СДС направиле државен удар со користењето на ресурсите на АНБ и АР повеќе од пет години и тоа за политички и лични цели.

„Единствени коишто треба да бидат и се уплашени од ова се СДС и личностите коишто арбитрираат околу нив, особено поранешниот директор којшто сега гледавме дека дава панични интервјуа, бидејќи тие се тие коишто знаат што направиле и деликтите коишто се сторени. Ова е нешто кое се граничи со државен удар, бидејќи многу сериозни ресурси на АНБ и АР повеќе од пет години биле користени за политички и лични цели на личности коишто биле блиски до претходната власт“, објасни Стојаноски.

Стојаноски исто така запраша зошто досега јавниот обвинител и покрај сите докази нема објавено во јавноста дали е започната истрага, бидејќи постои оправдано сомневање дека и јавното обвинителство е вмешано во овој скандал.

„Добро знаат од СДС дека прашањата коишто ги поставуваат на прес-конференции наместо на ВМРО-ДПМНЕ треба да му ги постават на Љубомир Коцевски и на ЈО и од таму да ги бараат одговорите. Јас не гледам ништо спорно зошто јавниот обвинител досега не излезе за на прес конференција и да и каже на јавноста, дали има отпочнато истрага, предистрага бидејќи ова е скандал за којшто ние имаме сериозни сомневања дека можеби ЈО е вмешано во ова“, објасни Стојаноски.

На крај пратеникот потенцираше дека ова е четврти пат како политичката партија ВМРО-ДПМНЕ е мета на политичко разузнавање, и дека ова нема да помине како претходните случаи кои не резултирале со правда.

„Ова е четврти пат нашата политичка партија да биде нападната од еден триаголник на политичко разузнавачко бизнис лоби, можам да гарантирам дека ова мочуриште на овој триаголник ќе биде исушен и конечно овие луѓе ќе одговараат. Кој ја издал наредбата за да бидат оперативно вработувани овие личности, за кои цели, кој ги избрал личностите што треба да бидат следени, и каде завршувале тие информации? Нека не се лажат дека ова ќе помине како претходните случаи со ваков удар или упад во разузнавачките служби, овој скандал ќе биде расчистен до последниот одговорен“, дециден е Стојаноски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сомнителни книги во библиотека од 30 милиони евра- се истражува дали ги напишала вештачка интелигенција

Суд во Индија нареди истрага за наводите дека јавна библиотека во јужната држава Тамил Наду купила стотици книги за кои се сомнева дека се генерирани од вештачка интелигенција (ВИ).

Сомнителни книги во библиотека од 30 милиони евра- се истражува дали ги напишала вештачка интелигенција

Контроверзноста избувна откако тамилскиот писател Перумал Муруган посочи книги со неточни информации и сомнително авторство во новоизградена библиотека во градот Коимбаторе, објави Би-Би-Си.

Набавки и сметки под истрага

Високиот суд во Мадрас ѝ наложи на антикорупциската агенција да ја истражи спорната набавка и да ги замрзне банкарските сметки поврзани со издавач за кој се сомнева дека ги снабдувал книгите.

Случајот се однесува на библиотеката Перијар Аривулагам, чија изградба чинела околу три милијарди рупии (30,7 милиони евра).

Авторот Муруган тврди дека речиси 1.800 книги на тамилски јазик биле купени од малку познат издавач, Агал Вилаку Патипагам, а меѓу спорните примери се публикации со непознати автори, невообичаено високи цени и сомнителни меѓународни стандардни броеви на книги (ISBN).

Дополнителни сомневања покрена книга пронајдена во друга јавна библиотека, во која како автор е наведен познатиот економист Жан Дрез.

Сепак, тој рече дека не ја напишал книгата и изрази загриженост дека неговото име е употребено без дозвола.

Некои книги веќе се отстранети

Министерот за образование на државата Тамил Наду, А. Рајмохан, го опиша случајот како потенцијално „прва измама со вештачка интелигенција во Индија“ и најави преглед на купувањата во јавните библиотеки низ целата држава.

Тој рече дека 523 книги веќе се отстранети од историската библиотека Конемара во Ченај, на југоистокот од земјата, поради сомневања за нивната автентичност и квалитет.

Повеќе од 160 писатели, истражувачи, уметници и издавачи потпишаа заедничка изјава во која бараат независна истрага, објавување на документи за набавки и ревизија на фондот на библиотеката.

Случајот, исто така, предизвика политички спор, при што сегашната влада ја обвини претходната администрација на Дравида Мунетра Кажагам (DMK) за нарачка на спорните книги.

DMK ги отфрли обвинувањата како политички мотивирани и исто така побара истрага.

Сè уште не е познато дали спорните книги се всушност создадени со помош на вештачка интелигенција, а истрагата треба да утврди и дали имало злоупотреба на јавни пари при нивната набавка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин се согласи Европа да се приклучи на преговорите

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил со учеството на европски претставници во следната рунда преговори за завршување на војната во Украина.

Путин се согласи Европа да се приклучи на преговорите

„Европејците ќе се приклучат на следниот состанок, кој го сметаме за исклучително важен момент бидејќи тие се наши партнери, а нивното учество е важно за нас“, изјави Виткоф за руската државна телевизија по средбата со Путин во Кремљ.

Џаред Кушнер, кој заедно со Виткоф се сретна со рускиот претседател, му рече на Путин дека забележал „голема промена“ во ставот на европската страна и дека е убеден дека вклучувањето на европски претставници нема да го забави напредокот на преговорите.

Путин: Европејците го прекинаа дијалогот

Путин изјави дека никогаш не бил против дијалогот со Европа, тврдејќи дека европските земји ја прекинале комуникацијата со Москва. „Тие се оние што го прекинаа дијалогот со Руската Федерација“, рече Путин.

„Многу би сакале вие, господа, и целата американска администрација да соработувате со вашите европски сојузници за конечно да одлучат дали сакаат мир или војна во Украина“, додаде рускиот претседател.

Сепак, Путин предупреди дека европскиот план за испраќање војници во Украина по евентуален мировен договор веднаш ќе доведе до обнова на војната, бидејќи Русија би го сметала таквиот потег за закана за сопствената безбедност.

Датумот и местото на следните преговори не се објавени

Досега не е познато кој ќе ја претставува Европа во следната рунда преговори, а не се објавени ниту датумот ниту местото на нивното одржување. Соединетите Американски Држави и украинскиот претседател Володимир Зеленски сакаат Европа да назначи претставник кој ќе преговара со Москва во нивно име.

По средбата во Кремљ, се очекува Виткоф и Кушнер да отпатуваат во Даблин, каде што треба да го информираат Зеленски за денешните разговори со Путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два танкера се погодении во Ормутскиот теснец- Иранците тврдат дека се движеле по недозволена рута

Два супертанкери беа онеспособени од силни експлозии откако ги игнорираа предупредувањата да не користат „неовластена рута“ во Ормутскиот теснец, објави морнарицата на Иранската револуционерна гарда.

Два танкера се погодении во Ормутскиот теснец- Иранците тврдат дека се движеле по недозволена рута

Два танкера „експлодираа откако удриа во поморски мини“, објавија подоцна иранските државни медиуми, прикажувајќи наводни видеа од инцидентите.

Чести напади

Не е познато под чии знамиња пловеле бродовите.

Во текот на претходните месеци од конфликтот меѓу САД и Израел со Иран, кој започна во февруари, морнарицата на Иранската револуционерна гарда објави дека директно ги нападнала танкерите. Неодамна, објави дека бродовите се запалиле откако удриле во поморски мини додека користеле „неовластена рута“, како што ја нарекуваат, во јужниот дел од тој стратешки важен воден пат.

Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO) неколку пати објави дека танкери во теснецот биле погодени од непознати ракети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер