МакедонијаСтојаноски: Со Ѓорѓиевски, скопјани ќе добијат градоначалник кој е достапен и кој ќе ги реши проблемитеБојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата ,,Само Вистина“ на телевизија Канал 5. Стојаноски истакна дека со кандидатурата на Орце Ѓорѓиевски, ВМРО-ДПМНЕ испраќа порака до граѓаните за нов почеток. Според него, Ѓорѓиевски е подготвен да го рестартира градот Скопје и да донесе вистински промени кои се во интерес на граѓаните на Скопје. ,,Со кандидирањето на Ѓорѓиевски сакавме да ја покажеме и да ја испратиме пораката кон граѓаните дека лекцијата од претходните избори е научена. Ѓорѓиевски е човек којшто доаѓа прво од партиската база на ВМРО-ДПМНЕ, второ човек којшто е докажан веќе во една од скопските општини со конкретни мерливи проекти“, кажа Стојаноски. Стојаноски истакна дека Скопје конечно ќе добие градоначалник кој ќе биде достапен за граѓаните. Според него, Ѓорѓиевски ќе го рестартира Скопје од ситуацијата во која моментално се наоѓа. ,,Ние на граѓаните ќе го понудиме тоа што и самиот Ѓорѓиевски вчера го кажа, односно човек којшто ќе го воскресне градот Скопје, ќе го рестартира од оние ситуации каде што сега се наоѓа. Сето она кое што го правеше во Кисела Вода, само ќе го направи едно ниво погоре и ќе го прави истото во градот Скопје. Тоа значи дека конечно ќе добиеме градоначалник прво, којшто ќе биде достапен, понатаму повеќе нема да зборуваме колку градот ни е исфлекан, колку е хигиената е на едно недостоинствено ниво“, рече Стојаноски и додаде: ,,Понатака, секако рестартирање на градскиот јавен превоз и културата на живеење, унапредување на едно повисоко ниво. Инфраструктурните проекти коишто треба да се започнат и оние кои што се барања на граѓаните на Скопје да ги заврши. Само со неговото кандидирање е првичната порака е испратена“. Стојаноски истакна дека, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, секојдневно ги посетува скопските општини со цел програмата да се изработи заедно со граѓаните, а подоцна истата да биде презентирана. ,,Денеска беше во општината Бутел, утре во општина Гази Баба, задутре доаѓа во општина Ѓорче Петров. Ќе се сретнеме со сите граѓани, ќе имаме целодневна агенда за да неговите идеи. Тоа што ние сакаме да го претставиме пред граѓаните е прво, го доближиме до нив заедно да ја направиме програмата, а потоа со неговиот лик и со програмата да излеземе пред граѓаните“, заклучи Стојаноски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Хаос поради нозете на Џеј Ло Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод. Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе. За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години. Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото. Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки. Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови. Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови. Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание. За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради. View this post on Instagram A post shared by Gala (@galafr) Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур. Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАНБА инвестира милијарди во европската кошарка !Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми. Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови. Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата. Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ. НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот. Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност. Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА. Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook