Стојаноски:Сега е време да им помогнеме на вистинските херои кои што секојдневно се на првата линија во борбата со вирусот

Државата постои за граѓаните и Македонија во ниеден случај или вонредна околност таа улога не смее да ја заборави.

Македонија се соочува со сериозни предизвици: пред се од аспект на здравствената заштита пред епидемијата.

Сега е време да им помогнеме на вистинските херои кои што секојдневно се на првата линија во борбата со вирусот, здравствените работници, докторите, полицијата, армијата.

Но, Македонија се соочува и со сериозен предизвик и од аспект на економијата. Сега е време за Македонија и за подадена рака за сите кои имаат мислење, предлог или идеја како да им се помогне на работниците да си го зачуваат работното место.

Време е за да се слушнат сите идеи како да се спасат бизнисите, малите и средни фирми.

Време е да се понуди помош како да има повеќе за наставниците и професорите, за медиумските работници, за администрацијата, за комуналните работници, културните работници, на оние во турустичкиот сектор, на занаетчиите, продавачите, пазарџиите, градежниците, на сите.

Време е кога мора да се најдат што подобри решенија за невработените лица, лицата во социјален ризик и на сите останати кои имаат потешкотии и во својата работа но и проблем за обезбедување основна егзистенција.

Пoчитувани,

Приклучете се на иницијативата “Вашите проблеми, заеднички до решенија: ЗАТОА ШТО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА”.

Преку електронската пошта „[email protected]“ испратете ни ги вашите но и проблемите на соседот, испратете ни ги вашите мислења, идеи и предлози.

Тука сме да си помагаме еден со друг.

Од Вашите пораки, ќе произлезат заеднички решенија за полесно да пребродиме од кризите.

Сега е време да помогнеме на секој и секаде, сега е време за целосна солидарност. Во вакви времиња на криза народот мора да биде слушнат. Тука сме да разговараме и помагаме, да доаѓаме до решенија за сите работи кој што го мачат обичниот човек. ЗАТОА ШТО ЈА САКАМЕ МАКЕДОНИЈА!

Бојан Стојаноски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Бројот на Австријци кои живеат во сиромаштија се зголеми за повеќе од 50 проценти

 Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е зголемен за повеќе од 50 отсто, од 201.000 во 2022 година на 336.000 минатата година, соопшти Заводот за статистика на земјата.

Според бројките презентирани од Статистика Австрија, погодените луѓе не можеле да си дозволат многу секојдневни работи како кирија, греење или храна.

Децата и младите се релативно почесто погодени од сиромаштија отколку возрасните.

Во опасност од сиромаштија се 41 отсто од самохраните родители и 31 отсто од семејствата со најмалку три деца.

Според податоците, процентот на жители во ризик од сиромаштија би изнесувал дури 42 отсто без државна социјална помош.

Универзитетот Колумбија го одложи рокот што им го даде на демонстрантите против војната во Газа

Американскиот универзитет Колумбија го одложи рокот, кој истекува на полноќ, што им го даде на пропалестинските студенти да го расчистат кампусот, каде што протестираат против војната во Газа.

- Преговорите напредуваа и продолжуваат според планираното, соопшти кабинетот на претседателот на Универзитетот во Њујорк Минуш Шафик, негирајќи дека била побарана полициска интервенција.

- Не нарекуваат терористи, нè нарекуваат насилници. Но единствената алатка што ја имаме е нашиот глас, рече еден од студентите на собирот.

Пропалестинските студентски демонстрации во САД, кои се проширија на неколку универзитети, почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Некои од најпрестижните универзитети во светот, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

притисни ентер