Мицкоски за враќањето на пасошот на Марковски: Има груба манипулација од јавен обвинител, ова нема така да заврши
1Мицкоски за враќањето на пасошот на Марковски: Има груба манипулација од јавен обвинител, ова нема така да заврши
Д-р: Даниловски: тешката форма на „западен нил“ е ретка, се очекува зголемување на бројот на изолирани случаи
1Д-р: Даниловски: тешката форма на „западен нил“ е ретка, се очекува зголемување на бројот на изолирани случаи
МакедонијаСтојаноски: Македонија со најниска инфлација во регионот – владините економски мерки даваат резултатиИ покрај глобалните економски предизвици и новите притисоци предизвикани од случувањата на светските пазари на енергенси, Македонија успева да ја одржи ценовната стабилност.Според последните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни изнесува 3,4 проценти, а во однос на мај е забележано намалување од 0,5 проценти. Особено значајно е што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува само 2,5 проценти, а кај облеката и обувките 2,1 процент. Тоа се категориите кои најдиректно влијаат врз животниот стандард на граѓаните и токму затоа овие бројки се најдобар показател дека мерките даваат резултати. Во исто време, Македонија има најниска инфлација во регионот меѓу земјите кои досега ги објавија податоците за месец јуни. За споредба: - Македонија – 3,4% - Грција – 3,9% - Хрватска – 4,5% - Бугарија – 5,6% - Словенија – 3,6% - Турција – 32,1% И податоците од соседните земји кои засега имаат објавено статистика за мај покажуваат дека Македонија останува помеѓу државите со најниска инфлација во регионот. Дека во многу држави инфлацијата останува сериозен предизвик е јасно, но во Македонија се покажува дека со одговорни политики, навремени мерки и стабилно економско управување може да се заштити животниот стандард на граѓаните. Фактите и бројките се најсилниот одговор на сите обиди за создавање лажна слика за економската состојба. Владата ќе продолжи со политики кои обезбедуваат стабилни цени, поддршка за граѓаните и силен економски раст. Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бојан Стојаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеД-р: Даниловски: тешката форма на „западен нил“ е ретка, се очекува зголемување на бројот на изолирани случаиПотврдени се вкупно 13 случаи на западнонилска треска во земјава, од кои 10 пациенти се хоспитализирани, а тројца се наоѓаат во критична здравствена состојба, информираат денеска од министерството за здравство. „Заклучно со 30 јули се потврдени вкупно 13 случаи со западнонилска треска. на универзитетската клиника за инфективни болести се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба“. За западно нилската треска во вестите Саља Трајковска Ставров разговараше со епидемиологот Драган Даниловски. Во видеото погледнете го целиот разговор со доктор Даниловски кој зборува и околу можните ризици за пренесување на болеста Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаМицкоски за враќањето на пасошот на Марковски: Има груба манипулација од јавен обвинител, ова нема така да завршиОд јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола имало груба манипулација, допрва ќе следи истрага вели премиерот Мицкоски во однос на одлуката да му се врати пасошот на бизнисменот и почесен конзул Борче Марковски.Од јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола имало груба манипулација, допрва ќе следи истрага вели премиерот Мицкоски во однос на одлуката да му се врати пасошот на бизнисменот и почесен конзул Борче Марковски, кој од пред два дена е во Србија. Постои несогласување меѓу извештајот на Основното јавно обвинителство и записникот врз основа на кој Вишото обвинителство ја донело одлуката, вели Мицкоски и најави дека ќе има истрага за целиот случај. -Од Обвинителството, пак, најавија дека ќе бидат испитани сите аспекти на донесената одлука и аргументацијата за враќањето на патната исправа. Оттаму претходно посочија дека во моментов Марковски не може да се смета за лице во бегство, бидејќи, според образложението на Вишото обвинителство, со определената гаранција биле отстранети околностите кои укажувале на опасност од бегство. Биле прифатени и аргументите на одбраната дека неговото патување во Србија е поврзано со работењето на фирмата што ја поседува таму,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Марковски ја доби патната исправа назад откако Вишото јавно обвинителство Битола, по барање на неговата одбрана, наложи да се даде позитивно мислење за укинување на мерката. Основниот суд во Струга потоа му го врати пасошот,по што тој ја напушти државата преку граничниот премин Табановце Дека ќе бидат испитани сите аспекти на донесената одлука и аргументацијата за враќањето на патната исправа најавија и од ОЈО. Оттаму претходно посочија дека во моментов Марковски не може да се смета за лице во бегство, бидејќи, според образложението на Вишото обвинителство, со определената гаранција биле отстранети околностите кои укажувале на опасност од бегство. Биле прифатени и аргументите на одбраната дека неговото патување во Србија е поврзано со работењето на фирмата што ја поседува таму. И според неговата одбрана Марковски не бил во бегство и викендов ќе се врател во Македонија а доказ за тоа била и дадената гаранција од 5 милиони евра.. Марковски и уште осум лица се обвинети за злоупотреби поврзани со јавната набавка за дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ во РЕК „Битола“, вредна над 1,7 милиони евра. Судскиот процес продолжува на 2 септември во Основниот суд Струга. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува Водата во Гостивар се уште не е за пиење,ниту за готвење, според добиените резулатти за гостварци нема позитивни вести. Резиуделната бактерија се уште е пристуна во гостиварскиот водовод, потврди првиот човек на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Она што е во добра насока е дека епидемилошката состојба се подобрува и има континуиран пад на бројот на пациенти кои побарале медицинска помош, велат во писмениот извештај на министерството за здравство. Во текот на вчерашниот ден биле извршени 36 прегледи во здравствениот дом Гостивар, што е за 37 помлку од претходниот ден. Од почетокот на епидемијата, во двете здравствени установи се извршени вкупно 4.483 први прегледи. Доставени се 1.014 формални пријави за заразна болест, а обработени се 706 нови епидемиолошки анкети, со што е постигната покриеност од 70 проценти, велат од министерството за здравство.Тагови: вода за пиење Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook