Мухамеди: Кога притисокот кон властите е поголем -можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала
2Мухамеди: Кога притисокот кон властите е поголем -можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала
МакедонијаСтојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, ургирал и кај обвинителството да му помогнеДокторот и сопственик на клиниката Жан Митрев, во интервју на национална телевизија, кажа дека Венко Филипче и Зоран Заев, му се заканувале со цел да му ја одземат болницата.Во екот на судскиот случај којшто се одвивал против Митрев, кога биле на власт и од позиција на моќ, големците Филипче и Заев, едниот како премиер, другиот како министер за здравство, искористиле момент и преку свои далеку познати методи и пракси, сакале да му го земат сопствеништвото врз клиниката Жан Митрев. Преку институциите, на Митрев му биле блокирани личната сметка и сметката на болницата, а притисокот одел дотаму што имал и забрана за продажба на истата. Во своето сведоштво, Митрев вели дека откако одредени поединци од тогашната власт, тука секако се мисли на Заев и Филипче, изразиле желба да му ја одземат болницата, по само една недела ЈО му ја отстранило забраната. Како е ова можно се прашуваме? Исто така, др. Жан Митрев обелоденува дека сакале да му ја откупат болницата, по цена далеку пониска и од реалната и од пазарната. Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ е згрозено од тоа до каде Филипче заедно со менторот Заев, биле спремни да одат само за да се збогатат. Додека луѓе умираа секојдневно од КОВИД кризата, за којашто Филипче и Заев не обезбедија вакцини навремено, тие се занимавале со сценарија за одземање на сопствеништвото на Жан Митрев во истоимената болница. Наместо да мислат на добробитот на граѓаните, за ова дуо слушаме, згради, автокомпании, авиокомпании, анекси, договори, тендери, набавки, па сега и болници. Го повикуваме ЈО веднаш да го истражи случајот и неселективно да постапи по истото. Ви благодарам. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО - ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието ги избра новите 8 министриВо Собранието беа избрани 8-те новите министри во Владата предложени со владината реконструкција. За изборот на нови министри гласаа само пратениците од владеачкото мнозинство односно 69 пратеници. Опозицијата ја напушти седницата поради навредите кои кон нив ги упатил поранешниот министер за односи со заедниците и нов министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ. Попладнево, ситуацијата ексалираше, откако опозијата го обвини Стоилковиќ дека упатил навреди и пцовки на адреса на пратениците на СДСМ Фатмир Битиќи и Митко Трајчулевски надвор од салата, за време на попладнвената пауза. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на Вреди, министер за земјоделство Борче Серафимовски од ЗНАМ, нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од Вреди, министер за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, министер за туризам и култура Седат Сулејмани од Вреди, министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ од ДПСМ, а нов министер без ресор е Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ. Новите министри беа избрани со 69 гласа „ЗА“, без ниту еден воздржан и против.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМухамеди: Кога притисокот кон властите е поголем -можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала„Треба да се работи на рационализација, на ваков начин не одиме никаде“Имате ситуација во Парламент, Артан Груби го нарекува криминалец Сашо Мијалов, од друга страна излегува дека тој го ослободува од затвор. Тоа што политичарите го прават нечесно, нема врска со патриотизам, туку имаат за цел да ги лажат граѓаните за да добијат гласови. Треба само малку да ги гледаш работите пологично и да бидеш порационален за да сфатиш. Не знам што е лошо некој да каже дека ја почитува државата во која што живее за да добие негативнии коментари. Треба ли да пишувам дека ја сакам Албанија, а не ја сакам Македонија, за да добивам позитивни коментари? Треба да се работи на рационализација, на ваков начин не одиме никаде. Замисли каков притисок ќе биде направен на властите ако целиот народ и Македонците и Албанците и сите други останати се обединат за некои прашања, како што се на пример загадувањето, за неправди, каков ли притисок ќе имаат властите ако народот се обедини за таков вид на прашања. И кога притисокот кон властите е поголем, тогаш и можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала. Тогаш тие ќе чувствуаат притисок и повеќе ќе работат за граѓаните, помалку за себе, вели Умејр Мухамеди во Само Вистина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизМарта е новата Мис Болоња: Некои слават, други незадоволниИзборот на Марта Бунд за Мис Болоња 2026 предизвика жестока дебата на социјалните мрежи. Откако беше прогласена за победничка на регионалниот натпревар, следеа илјадници коментари, а мислењата на корисниците беа целосно поделени. Дел од дебатата беше за нејзиното африканско потекло. Додека дел од јавноста ја гледа победата на Марта како знак на отвореност и инклузивност, други изразија незадоволство од исходот од натпреварот. View this post on Instagram A post shared by Marta Bunda (@marta_bunda) Во коментарите, некои корисници тврдеа дека изборите за убавина треба да го претставуваат „традиционалниот изглед“ и културното наследство на регионот. Други, пак, нагласија дека потеклото не треба да игра никаква улога во евалуацијата и дека единственото нешто што е важно е како кандидатките се претставиле и ги исполниле критериумите за натпреварување. Што всушност освои таа? Дебатата беше дополнително поттикната од објави што содржеа неточни или нецелосни информации, па затоа вреди да се разјасни што е во прашање. View this post on Instagram A post shared by Marta Bunda (@marta_bunda) Марта Бунда не беше крунисана за Мис Италија, туку ја освои титулата Мис Болоња 2026. Тоа беше регионално натпреварување кое ѝ обезбеди место во овогодинешното финале на Мис Италија. Организаторите стојат зад својата одлука Ваквите дискусии не се ништо ново во Италија. Во претходните години, учеството или победите на кандидатки од странско потекло, исто така, предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи и кај дел од јавноста. View this post on Instagram A post shared by Marta Bunda (@marta_bunda) Организаторите на натпреварот сè уште не дадоа коментар за контроверзноста, а резултатот од регионалниот натпревар останува на сила. Во меѓувреме, дебатата за современите идеали за убавина, идентитет и претставување на различни заедници продолжува на социјалните мрежи. Извор: Индекс.хрТагови: Мис Болоња Марта Бунд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter