Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
2Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
3Славјанка Петровска: Господине Славески, Вие ќе ја земете целата плата. На клиентите на Алта банка им остануваат 10.000 денари неделно од сопствените пари.
3Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
МакедонијаСтојаноски: Економските ‘’експерти’’ од талогот на СДС кои ја уништија државата шират хистеријаЕкономските ‘’експерти’’ од талогот на СДС кои ја уништија државата шират хистерија, официјалните податоци ги демантираа и ја покажаа вистинската слика за економијата.Додека СДС го градеше својот летен наратив од паника и невистини, во сенка на нивните преписки излегоа официјалните податоци на Државниот завод за статистика за инфлацијата и цените на мало во јули годинава. И тие податоци се јасни, проверливи и за жал талогот од СДС, не може да ги побие Инфлацијата во јули 2026 година изнесува 2,3% на годишно ниво. За споредба, просекот во Европа е 2,9%. Значи, Македонија денеска има една од најниските стапки на инфлација. Еве како се движеше инфлацијата од март до јули годинава. Во март, инфлацијата изнесуваше 4,9%, а цените на мало 3,4%. Во април, инфлацијата се искачи на 5,7%, со цени на мало од 5%. Во мај, инфлацијата беше 4,8%, а цените на мало 5,6%. Во јуни, инфлацијата падна на 3,4%, со цени на мало од 3,6%. А во јули пак, инфлацијата изнесуваше 2,3%, а цените на мало 1,8%. Од априлскиот врв до јули, годишната стапка на инфлација падна за 3,4 процентни поени односно скоро 60% пониска во однос на априлското ниво. Особено охрабрувачки е трендот кај храната и безалкохолните пијалаци, каде цените во јули се намалија за 1,1% во однос на јуни, а стапката падна од 5,6% во мај на 1,8% во јули пад од 3,8 процентни поени за само два месеца. Единствениот посериозен месечен притисок доаѓа од транспортот, со раст од 4,4%, но тоа не го менува општиот тренд на смирување. Само за споредба, просечната инфлација во периодот март-јули 2022 година, кога економијата ја водеа токму нивните т.н. „експерти“, изнесуваше 12,34%. Во истиот период годинава, 4,22%. Кај цените на мало, разликата е слична: 12,1% тогаш, наспроти 3,88% сега. Тоа е сооднос од речиси 3:1 во корист на денешниот период, иако двата периоди не се споредуваат затоа што станува, во овој момент, збор за историски најголемата криза што ја има доживеано човештвото. СДС сакаше народот да поверува дека пониска инфлација значи замрзната економија. Бројките го покажуваат спротивно. Извозот во првите пет месеци од 2026 година е зголемен за околу 8% на годишно ниво. Индустриското производство во јуни бележи раст од 6,5%, а преработувачката индустрија дури 7,9% раст. БДП во првото тримесечје порасна за 3,1% на годишно ниво. Бројот на вработени е повисок отколку минатата година, а невработеноста падна од 11,7% на 11,3%. Даночните и вкупните буџетски приходи бележат раст. Почитувани, Талогот се обидува да шири хистерија затоа што реалните бројки не одговараат на нивната стратегија, немаат интерес од официјални податоци кои ја рушат нивната кампања базирана на лажни тези и вештачки создадена хистерија. Логиката на СДС е веќе позната, колку се поголеми нивните лаги, толку погласна треба да биде таа нивна хистерија за да ги прикрие. Затоа нема да видите нивна објава со бројките од јули за инфлацијата, ниту реален осврт на состојбата на Буџетот. Ние ќе продолжиме со политиките кои го штитат стандардот на граѓаните, кои носат нови вложувања и отвораат нови работни места, а бројките потврдуваат дека се движиме во правилна насока. Економските експерти т.н. нормално, од СДС кои сега делат совети оставија уништена држава, а ние градиме економија што реално им го подобрува животот на граѓаните. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКралицата на Ноќта на вештерките шокира со страшен костим: Огромна крвава дланка ги исплаши луѓетоСлавниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ Славниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ – по овие фотографии, сигурно нема да ви биде важно ништо друго. Познатиот германски модел, Хајди Клум, приреди вистински спектакл на јубилејното, 25-то издание на нејзината прочуена забава за Ноќта на вештерките во Њујорк, појавувајќи се во костим од кој на многумина им застана здивот – стануваше збор за огромна, крвава, отсечена човечка рака! Иако со денови наназад наговестуваше детали за тоа каков би можел да биде костимот, никој не можеше да претпостави вакво нешто. Традиционалната забава се одржа во областа „Катедрал“ на Менхетен и собра бројни славни личности, кои вложија максимални напори да привлечат внимание со своите костими. Сепак, како и секоја година, најголем интерес предизвика домаќинката на вечерта, која уште еднаш ги помести границите на креативноста и трансформацијата. Годинава, Хајди се одлучи за прилично морничава идеја – човечка рака со црвени нокти, масивни златни прстени и верна реплика на нејзиниот венчален прстен. Целокупниот изглед беше заокружен со крвави детали, поради што моделот изгледаше како огромен, отсечен дел од човечко тело. Инаку, Хајди низ годинитеизгради репутација на жена која многу сериозно ги сфаќа костимите за Ноќта на вештерките, а нејзините трансформации редовно се главна тема на разговор по секоја забава.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачитеСпоред пресекот направен во 18.30 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52.90 %., објави Државната изборна комисија. Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8.33 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.30 часот се пристигнати 3 приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас. Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробениПарите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, по одлуката на гувернерот Трајко Славески за воведување привремена администрација на Алта банка, со која на граѓаните им се ограничува подигнувањето готовина на 10.000 денари неделно, додека за фирмите нема ограничување. Филипче посочи дека партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите, а народот ќе остане без своите пари. „Каква е оваа одлука на Трајко Славески граѓаните да не можат да си ги извадат парите, да можат само 10.000 денари неделно да вадат а фирмите да можат колку сакаат? Значи парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот ќе останат заробени. Криминална одлука на криминална власт. Партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите а народот ќе остане без своите пари“, напиша Филипче на социјалната мрежа Х. Скопје, 1.11.2026 СДСМТагови: Венко Филипче СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter