Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
МакедонијаСтојаноски: Буџетот за 2024 е досега историски највисок, составен така за да може да се искрадеВо понеделник, 4-ти декември од 10 часот почнува разгледувањето на Буџетот на Република Македонија за 2024-та година.Ова е добра вест затоа што претставува последниот буџет што ќе имаат можност да го претстават криминалното дуо ДУИ – СДС. Вклучително со Буџетот за 2024-та година, СДС и ДУИ во периодот од 1 јуни 2017 година потрошија т.е. планираат да потрошат над 30 милијарди евра. Со тие пари можеше да се изгради нов Клинички центар, да се заврши започнатиот во Штип, можеше да се гасифицираат домаќинствата, да се заврши автопатот Кичево – Охрид, Скопје – Блаце, но и да се започне изградба на нови автопатски делници. Со 30 милијарди евра можеше студентите на ФИНКИ и ФФК да имаат современи услови за настава и учење, да има нови и реконструирани студентски домови, можеше постојната железничка инфраструктура да биде реконструирана, а пругата кон Бугарија да е во завршна фаза. Можеше да се направи многу, но избраа да испумпуваат пари преку РЕК Битола и ТЕЦ Неготино, да си изнајмуваат простор од себе преку Државна лотарија, да ја крадат скапата биолошка терапија од Клиниката за онкологија. Можеше многу работи да се направат, но избраа да крадат и да остават пустош зад себе. Буџетот за 2024та година е досега историски највисок, нереален, предизборен и составен така за да може неколку жесеци пред изборите да се искраде и подели помеѓу бизнисмените од власта. Ништо од макроекономските проекции не е точно, како што не беше ни изминатите години. Повторно ќе се обидат да направат предизборен поткуп и да си ги остварат личните бизнис интереси додека народот ќе живее уште посиромашно, а стопанството ќе продолжи да тоне. Македонија денес претставува земја со најнизок економски раст во регионот. Корона криза и војна во Украина се реалност која ги погоди сите економии во регионот, но нашата Влада најлошо се снајде и тоа е факт кој го нотираат сите меѓународни финансиски организации. Инфлацијата во изминатите 2 години надмина 30%, а кај храната и електричната енергија кои се неопходни за нормално функционирање достигна и над 50%. На само еден месец до 2024-та година задолжени сме како никогаш до сега. Прашање на денови е кога јавниот долг ќе надмине 9 милијарди евра, пари кои ќе треба да ги враќаме ние, а и нашите внуци. Само за камати во 2024-та година ќе се исплатат над 270 милиони евра, историски највисок износ за оваа намена. Владеењето на СДС и ДУИ скапо ги чини граѓаните, но за 6 месеци секој од нас ќе има можност да им испрати порака од позади параванот со својот глас. Почитувани, Пратеничката група на ВМРО–ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија поднесе 250 амандмани со кои за последен пат ќе се обидеме да ги вразумиме колегите пратеници од мнозинството дека владиниот буџет треба да биде за граѓаните, а не за бизнис зделките склучени на Илинденска, Бихакќа и Мала Речица. Ќе инсистираме да се прифатат амандманите кои се однесуваат на намалување на ДДВ за храната, струјата, огревното дрво, но и намалување на неколкукратно зголемената акциза за горивата. Ќе бараме за студентите зголемување на субвенцијата за студентски оброк, но и стипендиите. Во соработка со граѓанскиот сектор поднесовме амандмани кои се однесуваат на мерки за намалување на аерозагадувањето кое е алармантно. Поднесовме и низа амандмани кои се предлози на синдикатите, стопанските комори, организациите на работодавачите, на потрошувачите. Граѓаните знаат дека дуото СДС – ДУИ е сидро кое ја влече државата „напред“, ама кон дното. Важно е дека се ближи денот кога ќе започне обновата на Македонија, рече Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
ЕвропаХаос во Барселона: Маскирани лица ограбуваа и палеа, стотина се уапсени (ВИДЕО)Синоќа во Барселона, околу стотина лица беа уапсени откако маскирани демонстранти, учесници во протести против естаблишментот, ограбија продавници и запалија имот околу централниот градски плоштад, Пласа де Каталуња, објавија каталонските власти.Околу 25 проценти од уапсените се малолетници, објави Нуриа Парлон, одговорна за внатрешни работи во автономната заедница Каталонија. Таа додаде дека за време на немирите биле подметнати повеќе од 30 пожари, а 14 продавници биле вандализирани или ограбени. Покани за приклучување кон движењето „против системот“ беа објавени на социјалните мрежи. Во објавите беше користен и слоганот „Institut Indignats“, преведен од името на движењето „Lycées Indignés“, кое во последните недели собираше студенти на протести во Франција. Името може да се преведе како „огорчени средношколци“. 🇪🇸 | URGENTE: Centro de Barcelona, España: https://t.co/NTTFotGbSR — Alerta News 24 (@AlertaNews24) October 24, 2026 Градоначалник: Нема неказнивост Видеата објавени на социјалните медиуми покажуваат луѓе заробени во продавници, вклучувајќи ја и стоковната куќа Ел Корте Инглес, откако безбедносните капаци беа спуштени за да се спречи грабеж. Други видеа прикажуваат демонстранти облечени во црно, со качулки преку главите, како кршат излози и крадат стока. Во некои случаи, корисниците кои ги следеле настаните преку интернет ги охрабриле да го сторат тоа. Градоначалникот на Барселона, Хауме Колбони, изјави дека вандалските дела во градот „нема да останат неказнети“. Тој, исто така, најави правни последици за старателите на малолетници кои учествувале во немирите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на УФП-Ивановски во САД, на Годишната конференција на IACP 2026Директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски, заедно со директорот на Царинска управа и директорот на Бирото за јавна безбедност, учествува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP 2026).На официјална покана на Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамки на Кривичниот Оддел при Министерството за правда на САД, директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски, заедно со директорот на Царинска управа и директорот на Бирото за јавна безбедност, учествува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP 2026), која се одржува во Орландо, Флорида. На свеченото отварање на Генералното собрание, во поздравното обраќање на Директорот на IACP, се потенцираа клучните прашања кои ја дефинираат работата на безбедносните органи, преку глобалното вмрежување, интероперабилност и зајакнување на капацитетите,во насока на професионално и ефикасно спроведување на законите на светско ниво, во борба против организираниот криминал. Имајќи го во предвид глобалниот светски тренд на дигитализација, од особено значење за нашата држава е презентирањето на нови технологии и иновации во областа на откривање и сузбивање на финансискиот и целокупниот криминал воопшто. Како институција, каде акцентот на дејствување е ставен на предистражната постапка, Конференцијата претставува одлична можност за директен увид во современите технолошки алатки и практики за спроведување на законот, кои во споменатата фаза на дејствување, значително би го олесниле работењето на Управата. Учеството на една од највлијателните годишни конференции од ваков тип, дополнително ја потврдува потребата нашата држава да биде дел од глобалната безбедносна политика. Потребата од професионален и детален пристап, навремена размена на информации, заедничка стратегија и координирани истраги за потенцијалните сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата. Пораката од САД останува јасна: безбедноста и националните интереси на државата продолжуваат да бидат приоритет, преку доследна примена на законите кон сите современи предизвици. Управа за финансиска полицијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканИзбори во Бугарија- според анкетите, Јотова во предност пред Ѓуров Бугарите денеска гласаат на претседателските избори, додека руската војна против Украина се прошири на бугарскиот брег на Црното Море. Дури 27 кандидати учествуваат во трката, а според анкетите, вршителката на должноста претседателка Илијана Јотова (61) е во водство. Нејзин најсериозен ривал е поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров (50). Претседателската функција е претежно церемонијална, но изборите добија на значење по серијата напади со беспилотни летала врз трговски бродови по должината на бугарскиот брег на Црното Море, во кои загинаа околу дваесет морнари од различни земји. Тие напади предизвикаа низа осуди од меѓународната заедница, како и загриженост за ширењето на руско-украинската војна. Затоа, бугарската влада побара помош од сојузниците на НАТО за зајакнување на поморската безбедност. Ѓуров: Сакам Бугарија да биде сигурен сојузник на НАТО Премиерот Румен Радев рече дека „резултатот од тие напади е во корист на Русија“, но не ја обвини директно дека ги извршила. Двајцата водечки претседателски кандидати, исто така, ги осудија нападите. Андреј Ѓуров, кој привремено беше премиер оваа година, ужива поддршка од прозападните, реформистички партии. Тој отворено ја поддржува Украина, а како премиер потпиша договор за безбедносна соработка со Киев. „Сакам Бугарија да има свој глас во Европа. Сакам да биде сигурен сојузник во НАТО што ги штити своите интереси со силна дипломатија и јасна позиција“, рече тој на предизборен митинг во четврток. Можен втор круг ќе се одржи следната недела Илијана Јотова беше потпретседател на земјата, а функцијата претседател ја држи од јануари, кога Румен Радев поднесе оставка за да се кандидира на парламентарните избори. Радев ги доби тие избори, а политичките аналитичари го сметаат за близок до Кремљ. Поранешниот претседател, сега премиер, го поддржува својот поранешен заменик; двајцата се за дипломатски крај на војната во Украина. „Моите противници тврдат дека мора да има војна на исцрпување. Вистината е дека ние сме најисцрпени“, рече Јотова во четврток на предизборен митинг. Ако победи, таа ќе стане првата жена претседател на Бугарија. Анкетите ѝ даваат поддршка од 41 процент, додека Ѓуров има 28 проценти. Доколку никој не освои апсолутно мнозинство гласови, вториот круг ќе се одржи на 1 ноември. Гласачките места се отворени во 7:00 часот наутро и ќе се затворат во 20:00 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter