Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград
2Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
МакедонијаСтојаноска: Градоначалникот на Јегуновце, Костадиновски, реализираше и повеќе од ветените проектиДенес заедно со колешката Валентина Марчевска бевме во посета на населените места Старо Село и моментално Вратница од општина Јегуновце. Во општина Јегуновце градоначалникот Димитар Костадиноски ја има надминато ветената програма од последните локални избори во 2021 година, односно ги има реализирано сите ветени проекти и во текот на изминатава година со средствата кои што беа доделени од страна на владата на Македонија, има + 20 проекти од оние ветените. Впрочем, во општина Јегуновце, речеси, сите жители без разлика од која генерација го кажуваат своето задоволство. Например, оние највозрастните пензионерите се задоволни од она што градоначалникот досега го има сработено, но секако и од владата, односно од покачувањата на нивните пензии, минатата година за 5.000, следнава година за уште по 2.000 денари. Исто така задоволни се и родителите на децата кои што одат во училиште, бидејќи нели за прв пат после 7 години, оваа учебна година, нивните деца ќе започнат со сите учебници. Но исто така чув дека се задоволни родителите на најмалите, затоа што во општина Јегуновце нема листи на чекање за во градинка. Градоначалникот Димитар Костадиновски во текот на неговиот мандат има изградено две нови градинки, едната е токму во општина Вратница и впрочем да заклучиме овде се видливи патните инфраструктурни проекти кои што ги има реализирано, видливи се зелените површини, видливи се, речиси, во секое населено место, катчињата за најмладите и ова е една успешна приказна која што е започната, нема да запре и ќе продолжи, а особено за крај сакам да истакнам дека предлозите за советници во следниот мандат се 90 % млади луѓе, што значи дека младите сакаат да останат во оваа општина , сакаат да ја продолжат оваа успешна приказна и заедно со градоначалникот Костадиноски сите овде ќе славиме веќе во првиот круг од локалните избори, рече Дафина Стојаноска, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПотопен уште еден товарен брод во Црното море покрај брегот на БугаријаБугарија денеска примила повик за помош од товарен брод што тонел во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, соопшти Министерството за транспорт.Бродот „Бетул 8“, кој пловел под сомалиско знаме и на кој имало 12 членови на екипажот, превезувал три тони пченица и пловел од Романија кон Египет. Од Министерството за транспорт не наведоа што се случило со посадата. Два бугарски, еден романски и еден турски брод се упатени кон местото на настанот, се додава во соопштението. Причината за инцидентот не е јасна, но во изминатите неколку недели имаше низа смртоносни напади со беспилотни летала врз бродови во близина на бреговите на Бугарија и Романија, за кои се верува дека се поврзани со војната во Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДеветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во БелградДеветнаесетгодишен државјанин на Македонија е уапсен под сомнение дека се обидел да го убие Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибек, во Белград.Осомничениот бил приведен на границата со Хрватска, додека се обидувал да ја напушти Србија, објавија српските медиуми.. По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, на А. А. му е одредено задржување до 48 часа поради сомнение за обид за убиство и недозволено производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи. Според сомненијата, на 8 август минатата година, на улицата „Народни херои“ во Белград, осомничениот испукал повеќе куршуми од пиштол кон Ненад Алајбеговиќ, кој во тој момент се наоѓал во своето возило.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛукаку се повлече од репрезентацијата на БелгијаБелгискиот напаѓач 33 годишниот Ромелу Лукаку денес преку социјалните мрежи, го објави крајот на својата репрезентативна кариера, која трае 16 години. Од неговиот прв повик во националниот тим на 3 март 2010 година, кога имаше само 16 години, Ромелу го носеше дресот на репрезентацијата 135 пати и постигна 94 гола. Со оваа импресивна статистика, тој е најдобриот стрелец на сите времиња за „Црвените ѓаволи“. „Шеснаесет години. Во текот на овие 16 години, дадов сè што имав за националниот тим. Доживеав секакви емоции што можат да се замислат“, напиша Лукаку на Инстаграм, придружувајќи ја објавата со серија фотографии од неговата репрезентативна кариера. Во текот на својата репрезентативна кариера, Лукаку настапи на четири Светски првенства и три Европски првенства. Тој беше клучен играч во белгиската „златна генерација“ – тим кој со години беше меѓу најдобрите во светот и подолго време го држеше првото место на ранг-листата на ФИФА. Во моментов настапува за турскиот клуб Фенербахче.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter