ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
МакедонијаСтојанче ѝ се заканувал на Ивана со објавување експлицитни видеа, сведочеше сведокот Саздов пред судот Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето на Стојанче Јовановски за смртта на неговите сопруга и ќерка, Ивана и Катја. Сведокот Мартин Саздов одговараше на прашања во врска со обвинетиот Стојанче и сега починатите Ивана и Катја. - Од тој датум кога починаа, како животот да ми застанал. Немам мотив за живот - рече Саздов. Во 2021 година се запознале со Стојанче во Противпожарната, каде што се вработиле, се дружеле со него и неговата сопруга и ќерката, потоа и со девојката на Мартин. - Додека се дружевме, Ивана ја гледав како сестра, како најдобра другарка. Престанавме да се дружиме кога дознав дека се гледал со девојката со која се гледав јас, со мојата девојка, потоа се оттргнав од него. Со Стојанче не зборувавме, не се гледавме. Мислам дека беше август 2025 година, ми се јави Ивана во 1 по полноќ со плачење и ми рече - „извини што ти ѕвонам олку касно, немам на кој друг да се јавам, јас со Катја сум пред Штип, може ли да дојдеш да нè земеш, Стојанче нè исфрли од кола“ - сведочеше Саздов. Отишол по нив. Биле зад рабникот, се криеле со Катја. Ивана плачела, цела расоблечена, искубана, модра, двете плачеле со Катја. - Рече дека ѝ е страв да оди дома, да не ја тепа пак. Не сакаше ни кај мајка ѝ за да не ја гледа во таква состојба. Да те однесам дома кај мене, сестра ми е дома, реков - сведочеше Саздов. Ивана првин плачела многу, се гушкале со Катја, биле седнати одзади во возилото. - Се обидов да ја смирам, ја прашав што се случило. Таа го промашила патот и Стојанче се изнервирал и почнал да ја тепа. Катја ми кажа дека ѝ ја удирал главата на Ивана од потпирачот на седиштето за раката помеѓу двете седишта, Катја покажуваше кон потпирачот дека ѝ ја удирал главата на Ивана. Видов модринки на главата и на рацете кај Ивана, целата беше искубана и исплашена. Ивана ми кажа дека ги исфрлил од автомобилот како партали и им викал курви, курви мали, на Ивана и на Катја. Со клоци ја шутирал и ѝ реков на Ивана да не зборуваме веќе на таа тема, да се смират, па потоа ќе зборуваме - раскажуваше сведокот во судницата. Ивана и друг пат му раскажувала за проблемите со Стојанче. - И пред мене ја има тепано. Му викав, немој да ја тепаш, не е убаво. Ама бев со врзани раце и не можев ништо друго да направам - рече Саздов. Нагласи дека по настанот во Штип, се здружиле многу со Ивана и му кажала дека сака да се разведе. Ја тепал Ивана пред Катја, ја малтретирал. - Да, многу, одговори на прашање од обвинителката дали Ивана се плашела од Стојанче. - Мартин, не го знаеш каков е, психопат е, ќе нè убие. Не можам веќе да издржам, не знам што да правам - му рекла Ивана на Мартин, тој се обидел да ја смири. Ја носеле Катја во игротека заедно со Ивана, во Зоолошка, на лулашки, во „Џамбо“. Ја шетале Катја цело време. Сакал да им биде убаво, но таа му рекла дека не го знае, дека ќе ги убие и двајцата. Тој ѝ рекол да не се секира, има институции. Таа му рекла дека се чувствува сигурно и смирено со него. Почнале љубовна врска. - Се шетавме со Ивана на кеј, Стојанче нè следел, излезе пред нас. Стојанче ја извади ташничката и сакаше да се тепа со мене. Му реков да зборуваме смирено. И ти си излегувал со две мои девојки со кои излегував јас додека се дружевме заедно, реков. Потоа отидовме во Автокоманда. Ме праша од каде сум знаел дека се гледа со две мои девојки. Имавме заеднички другар, а Стојанче му кажал нему. Се видовме со него тој другар и се расправавме, се завлековме, разговаравме со повисок тон... Се залета со неговото возило и директно во моето возило од левата страна во пределот на двете врати, потоа дојде полиција, јас не сакав да го пријавам. Му реков дека нема да го пријавам. Ми се јавија потоа, мајка ти е во болница на Кардиологија, бргу отидов таму - посочи Саздов. Потоа се видел пак со Стојанче истиот ден, отишол кај него дома за да разговараат, таму бил и заедничкиот другар Тони. - Му кажав на Стојанче дека ја засакав Ивана, нема што да лажам и да кријам. Стојанче само ја навредуваше Ивана кога тројцата се видовме да разговараме. Стојанче викаше, да, сакам да се спасам од оваа курва - одговори тој кога обвинителката го праша дали Стојанче сакал да се решат работите. Саздов сведочеше дека Стојанче рекол дека не ја сака ни Катја, а Ивана го прашала како може така да зборува за сопственото дете. - Стојанче и Ивана рекоа дека сакаат да се разведат. Стојанче рече вие двајца правете што сакате. Додека се гледавме со Ивана, Стојанче нтака да зборува следел цело време и не пријавил во ПС Ѓорче Петров, дека сум му се заканувал преку социјалните мрежи. Заедно со Ивана отидовме во ПС Ѓорче Петров и ми кажаа дека Стојанче ме пријавил дека сум му се заканувал, ме пријавил за закани. Дека наводно сум сакал да го убијам. Јас кажав дека тоа не е точно и му го дадов телефонот на вештачење, рече Саздов. Посочи дека Стојанче се гледал со друга жена во тој период, Ивана ги има сликано на тераса од станот како седат заедно со друга девојка, тоа е станот каде што претходно заедно живееја Стојанче и Ивана. -Кога ги видела и сликала, се качила горе и пробала да влезе, а потоа ми кажа дека Стојанче ја сменил бравата, сведочеше тој. Ивана му кажала дека тој период, Стојанче се гледал и комуницирал и со други жени. -По настанот во Штип, Ивана почна да живее кај мајка и, тој период почина татко и, јас цело време бев покрај Ивана, заедно бевме во болница кај татко и. После тој период, психички многу падна Ивана. Откако почина татко и не знам зошто, но претпоставувам дека била под закани и уцени, се врати да живее во станот каде живееја со Стојанче. Ивана цело време зборуваше, само станот ми остана нешто што е мое, бидејќи нејзините родители ја исклучија од оставинската од татко и поради ситуацијата со Стојанче и ми кажа дека сакала само да си го врати дарот од станот, дека без тоа ќе остане на улица. Јас и реков дека нема да се случи тоа, дека ќе и помогнам, појасни Саздов. Ивана му кажала дека отсекогаш сама се трудела за станот, и финансиски и со уредување, дека плаќала сметки, ратата за кредитот, не можела да го остави станот затоа што тоа и било се за што се трудела цел живот. -Јас и реков ако и треба нешто, тука сум во секое време. Таа се врати во станот, престанавме да комуницираме. Мајка и одвреме навреме ми се јавуваше, дали знам нешто за Ивана ме прашуваше. Ми кажа дека ја гледала Ивана со модринки по телото. И одговорив, не знам ништо, подвлече тој. Таа му се јавила во декември 2025 година. - Стојанче не посочува мене и тебе дека сме го наместиле со дрога, некаде пред Нова година беше тоа, јас и реков на Ивана да не се секира. Повторно почнавме да разговараме преку телефон. Ја прашав каде должи пари, не сакаше прво да ми каже, ја замолив, почна да плаче и ми рече Стојанче ја натерал да извадат од нејзината кредитна картичка околу четириесет илјади денари, не знам дали од кредитната или точно од каде ја натерал да изваде пари, јас и реков ајде да одиме да платиме, таа не сакаше да земе пари од мене, сведочеше Саздов. Тој одговори дека и пред него гледал како Стојанче консумира дрога. Консумирал, откако го знаел, одговори тој на прашање. -Неколку дена пред 2 март, Ивана ми кажа се што се случувало тој период меѓу нив, откога Стојанче мислеше дека сме го наместиле со дрога. Ивана ми кажа дека секоја вечер кога Стојанче ќе си дошол дома издрогиран ја тепал пред Катја, се заканувал, јас тоа не го знаев, таа ми го кажа тоа пред 2 март. Неколку дена пред 2 март се видовме и беше целата во модрици. Ја молев да си оди кај мајка и. Таа ми викаше само сакам да си го вратам дарот од станот, сведочеше Саздов. Курва мала, како мајка и е иста, рекол Стојанче за Катја, сведочеше тој. Рече дека се плашел многу за Ивана. -И се заканувал Стојанче на Ивана со видеа дека ќе ги објави јавно, помеѓу мене и нејзе и помеѓу него и Ивана. Со каква содржина? Експлицитни видеа, тој сакал да ги објави јавно, да ја посрамоти. За тоа и беше највеќе страв. Ми викаше каква слика ќе биде тоа за мене како родител на Катја, сведочеше Саздов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37