Стоилов: Ние сме европски шампиони и така треба да се однесуваме - Канал 5

Стоилов: Ние сме европски шампиони и така треба да се однесуваме

Европскиот ракометен шампион Вардар во недела, 18-ти февруари во СЦ „Јане Сандански“ излегува против унгарски ПИК Сегед во Лигата на Шампионите.

Стоилов: Ние сме европски шампиони и така треба да се однесуваме
Првиот меч со вицешампионот на Унгарија заврши нерешено, но „црвено-црните“ веруваат дека ќе дојдат до целосен плен и ќе ја продолжат серијата без порази во „Јане Сандански“.

На денешната редовна прес-конференција пред меч од ЛШ, тренерот на македонскиот тим, Раул Гонзалез изрази верба дека неговите ракометари ќе дојдат до триумф и ќе останат на лидерското место на табелата.

- ПИК Сегед е квалитетен противник, ќе играат со голема самодоверба, по одличниот натпревар против Рајн Нехар минатата недела. Добро се познаваме, но иако не чека тежок натпревар, очекувам добро издание и добар меч во кој мора да победиме. Дома мора да победиме, изјави Гонзалез.
Капитенот на тимот, Стојанче Стоилов пак смета дека им претстои тежок дуел против ПИК но и дека поразот во минатото коло не се одразил Барселона психолошки врз играта на Вардар

- ПИК го знаеме добро, но и тие не познаваат. Ќе биде тежок натпревар, таму одигравме нерешено. Очекуваме ист меч, но ние сме европски шампиони така треба да се однесуваме, играме на домашен терен. Се надевам на добра игра и на победа, изјави Стоилов на денешниот прес.

Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед започнува во 17 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Во тек обнова на чешми за пиење вода

Во Општина Карпош во моментов се обновуваат чешмичките за пиење вода на неколку локации на локалната самоуправа. 

О. Карпош: Во тек обнова на чешми за пиење вода

Изминатите денови, старите чешмички беа заменете со нови во населбата Бардовци, Карпош 3 и Влае на плоштадот Делфина. Станува збор за веќе постоечи чешми кои беа нефункционални, скршени и не беа во состојба за користење.

Целта на оваа акција е карпошани да имаат достапна вода за пиење на локациите каде што се поставени чешмите, каде можат да се разладуваат во овие топли летни денови.

Промената на чешмите ја врши фирмата ,,Хидротек”, а средствата се обезбедени во рамки на Програмата на Секторот за екологија и енергетска ефикасност.

Карпош продолжува секојдневно со инвестирање и преземање активности за подобрување на квалитетот на животот на своите жители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Претседателот Филипче на одбележување на 83 годишнината од масакрот на младинците во Ваташа

Денеска присуствуваме на одбележувањето на 83-годишнината од масакрот, убиството на младинците тука во Ваташа од страна на бугарскиот окупатор. 

СДСМ: Претседателот Филипче на одбележување на 83 годишнината од масакрот на младинците во Ваташа

Ова нѐ учи дека политиките на омраза и на поделба единствено до што водат се трагедии.

Затоа имаме обврска денес, во денешно време, да ги зајакнуваме демократијата, владеењето на правото и сите вредности и политики коишто произлегуваат од ужасите на Втората светска војна.

Благодарам.

Изјава за медиуми, претседател на СДСМ, д-р Венко Филипче

YouTube video

Скопје, 16.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Австралиски метеоролози: Можеби ќе се соочиме со најсилниот Ел Нињо од 1950 година

Австралискиот завод за метеорологија денес објави дека временскиот феномен Ел Нињо се формирал во Тихиот Океан и би можел да се интензивира во втората половина на 2026 година и да стане најсилен во последните седум децении.

Австралиски метеоролози: Можеби ќе се соочиме со најсилниот Ел Нињо од 1950 година

Метеоролозите очекуваат феноменот да донесе обилни дождови и во Америка и топли и суви услови во Азија, каде што редовната сеидба е веќе нарушена, што предизвикува загриженост за снабдувањето со храна во најнаселениот регион во светот.

Температурите на површината на морето во регионот ги надминаа границите на Ел Нињо, а сите атмосферски индикатори укажуваат на феноменот, објави Австралискиот завод за метеорологија.

„Прогнозите укажуваат на силен или многу силен настан Ел Нињо врз основа на степенот на затоплување во централниот, тропски Тихи Океан. Околу половина од моделите укажуваат дека овој настан би можел да биде на некои од највисоките нивоа од 1950 година“, соопшти метеоролошката служба.

Научниците велат дека климатските промени дополнително ќе ги влошат ефектите од овогодинешниот Ел Нињо. Ел Нињо, периодично затоплување на температурите на површината на морето во централниот и источниот Пацифик, е поврзан со пониски зимски и есенски врнежи од дожд, особено на источниот брег на Австралија, и повисоки дневни температури, соопшти институтот.

Временскиот феномен е особено штетен за Австралија бидејќи влијае на земјоделското производство во земјата, која е еден од најголемите извозници на пченица, шеќер и говедско месо во светот.

Последниот Ел Нињо, кој ја погоди Австралија од 2023 до 2024 година, предизвика најсув тримесечен период досега. Еден од најсилните вакви настани, во 2015 и 2016 година, доведе до суша и намалено производство на жито и маслодајна репка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер