Стоилов: Нема да ја потцениме Висла - Канал 5

Стоилов: Нема да ја потцениме Висла

Македонскиот ракометен првак Вардар утревечер го очекува првиот дуел од осминафиналната пресметка во Лигата на шампионите со Висла Плоцк, а пивотот на „црвено-црните“ Стојанче Стоилов повикува на претпазливост и максимално залагање во текот на сите 60 минути.

Стоилов: Нема да ја потцениме Висла

- Се надевам дека ќе одиграме добро. Полјаците се незгоден противник и не смееме никако да ги потцениме. Минатата година имавме тежок натпревар таму, мислам дека се случи токму тоа, ги потценивме и тоа ни се удри од глава. Има квалитет кај нас, но имаме и некои проблеми со повредени играчи, се надевам дека тоа нема да влијае на резултатот, вели Стојанче Стоилов.

Вардарци на гостувањето во Полска одат во добра форма, по три победи и ремито со Веспрем, додека Висла го победи Кјелце во домашното првенство пред само два дена.

- Со Кјелце немаа некој резултатски притисок и можеби поради тоа победија. Кога мора да победите друг е притисокот, тогаш е многу потешко. Мислам дека оваа година Висла е малку подобра од лани, но ние сме попаметни и поискусни за една година и се надевам дека ја научивме лекцијата и дека ќе ги сфатиме максимално сериозно, истакна Стоилов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Започна примената на системот „Безбеден град“ и за странските возила на ГП Табановце

Од денеска започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија.

МВР: Започна примената на системот „Безбеден град“ и за странските возила на ГП Табановце

На Граничниот премин Табановце, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и им се издава Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог, со можност казната да ја подмират согласно законската постапка.

Поголемиот број возила кои денес се појавуваат на граничниот премин се должи на тоа што станува збор за прв ден од примената на овој механизам, при што се опфаќаат и претходно евидентираните прекршоци. Министерството за внатрешни работи презема активности за непречено одвивање на постапката и намалување на задржувањето на патниците.

Со воведувањето на овој механизам се обезбедува еднаков и неселективен пристап во санкционирањето на сообраќајните прекршоци, без оглед дали станува збор за возила со домашни или странски регистарски таблички.

„Безбеден град“ претставува значаен инструмент за унапредување на безбедноста во сообраќајот и зголемување на одговорноста кај сите учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи продолжува со имплементацијата на системот, со цел неговата примена постепено да се прошири и на останатите гранични премини во државата, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Робот трча побрзо од Усеин Болт- нозете му се покуси од еден метар (ВИДЕО)

„Јунитри“ го претстави роботот „Супермен“ кој го победи Усеин Болт неколку дена пред јавната понуда.

Робот трча побрзо од Усеин Болт- нозете му се покуси од еден метар (ВИДЕО)

„Јунитри Роботикс“ го претстави својот хуманоиден робот, наречен „Супермен“, во понеделник, тврдејќи дека може да трча со максимална брзина од 12,66 метри во секунда и да скокне два метра во висина од стоечка положба, соборувајќи ги сите претходни човечки рекорди. Претставувањето се случи само два дена пред акциите на „Јунитри“ официјално да излезат на берзата во Шангај, по една од најбараните технолошки понуди што пазарот некогаш ги видел, објави Криптополитан.

„Супермен“ постигнува неверојатни бројки

Супермен скокна два метра од стоечка положба на нозе долги 0,85 метри и достигна брзина од 12,66 м/с, што е еквивалентно на 45,6 км/ч. Човечките рекорди со кои се споредува роботот во овие дисциплини се 1,8 метри за скок во стоечка положба и 12,4 м/с за спринтот.

Усеин Болт достигна максимална брзина од 12,42 м/с за време на неговата трка со светски рекорд во 2009 година, што значи дека роботот „Супермен“ е побрз од најбрзиот човек на светот што некогаш успеал да го истрча, ако податоците од компанијата Унитри се покажат како точни.

Сепак, компанијата за роботика не објави никаква независна потврда за овие податоци, бидејќи сите бројки доаѓаат од видео снимки на компанијата, а не од независно измерен настан.

Три месеци развој

Унитри исто така вели дека нејзините инженери го изградиле роботот за нешто повеќе од три месеци и дека сегашниот хардвер на овој хуманоиден робот остава многу простор за подобрување. Основачот на компанијата Ванг Сингсинг наговести за оваа можност уште во март на Форумот за претприемачи во Јабули, Кина.

Тој предвиде дека хуманоидните машини ќе го надминат човечкиот спринт до средината на 2026 година, наведувајќи ги поевтините делови и подобриот софтвер (алгоритми) како причина за оваа можност.

Компанијата за роботика го претстави моделот As2W неколку недели претходно, робот со четири нозе, на тркала, дизајниран да носи товар. As2W тежи 25 килограми, може да носи регистриран максимален товар од 180 килограми и континуирано може да носи товар до 16 килограми.

IPO-то на Unitri е на дофат

Unitri ги процени своите акции за претстојната почетна јавна понуда (IPO) на 150,8 јуани и собра околу 6,1 милијарди јуани (речиси 905 милиони долари), во договор што ја проценува компанијата на околу 9 милијарди долари. Побарувачката за акциите беше повеќе од 5.000 пати поголема од понудата, а компанијата собра 45% повеќе пари од 4,2 милијарди јуани што првично ги планираше.

Вистинските приходи, исто така, придонесуваат за оваа проценка, бидејќи продажбата минатата година достигна 1,7 милијарди јуани, повеќе од четири пати поголема од бројката во 2024 година, со нето добивка од 591 милион јуани. Во 2025 година, „Јунитри“ продаде повеќе од 5.500 хуманоидни единици во своите серии G1, H1 и R1, при што поголемиот дел од нив беа наменети за истражувачки лаборатории и клиенти од индустријата за забава, наместо за фабрики и производители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи.

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци

Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок.

Апелираме до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвораат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот - официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка.

СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач "MVR-SC". Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок, и линк од следниот формат "https://safecountry.mvr.gov.mk..."

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами, информираат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер