Стоилковски: Заев мора да одговара за „Рекет“!

Кога Заев ќе одговара за „Рекет“? Сите докази укажуваат дека тој е главата! До кога Македонија ќе биде заложник на Зоран Заев и на неговите пулени Јовевски и Рускоска?

Зоран Заев и негова вмешаност во „Рекет“, но и во други криминогености, рекетирања, подмитувања, уценувања, се нагласени среде судница, а во врска со најголемото криминално рекетарско урнисување на правдата во Република Македонија. Ама Зоран Заев останува недопирлив за обвинителството.

Тоа може да значи само едно: Дека урнисувањето продолжува, трговијата со правдата уште трае, Заев комплетно го контролира судско обвинителскиот систем во Република Македонија.

Ова веќе не е ниту хибриден, ова е чист авторитарен режим, чисто диктаторство!

Диктаторство од криминоген ум три пати амнестиран, три пати ослободуван.

Зоран Заев повикувал со СМС, сега првообвинетиот, на споредување на доказите, на соочување на доказите! Јасен показател дека не само што знаел, туку и управувал со доказите, знаел за дејствата, а и сега управува со истрагата и процесот кој што е на крај, а ниту парите ниту торбата ја нема! И управува со Јовевски и Русковска телефоните да не бидат вештачени. Ниту неговиот, ниту на првообвинетиот! Внимавајте, парите ги нема, а на првообвинетиот телефонот не се вештачи. Зошто, заради можноста од внатре да не излезат пораките од Зоран Заев и докази за негово управување со „Рекет“?

Нема вештачење затоа што тоа би покажало дека Зоран Заев знаел за се, дека управувал со акциите, дека ги има и доказите пред процесот, дека компромитирал докази, додавал, вадел, монтирал? Дека Заев е зад акцијата, ама и зад процесот на ЈО и Судот

Почитувани,

Ова е срамно. Ова е најцрно шурување со криминалот какво што Македонија не памети. Јавните обвинители работат спротивно на функцијата, злоупотребуваат позиција, по политички диктат, во заштита на криминал!

Ние не правиме компромис со криминалот, имаме доблесност и се водиме по морален кодекс. Македонскиот народ не сака компромис со криминалот. А, со Зоран Заев и СДСМ го добивме тоа, криминал, сиромаштија, срам!

Уште еднаш го повикуваме ЈО да излезе од пупката на Зоран Заев и да отвори сериозен процес, предмет по наводите искажани во судница за процесот „Рекет“. Се друго значи комплетно девастиран правен систем од ЈО, од Јовевски и од Рускоска!

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

 Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина, објави денеска весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Весникот наведува дека Шпанија ја отфрлила можноста за испорака на противвоздушни лансери на Украина, но ќе испрати проектили во Киев.

Шпанија има три системи „патриот“ кои ги купи од Германија во 2004 и 2014 година, потсетува весникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на членките на НАТО претходно овој месец дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да ги одврати руските воздушни напади, барајќи од нив да ја засилат воената помош за Киев.

Министрите на ЕУ пред неколку дена изјавија дека разгледуваат како да обезбедат повеќе оружје за противвоздушната одбрана на Украина.

Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. 

Потоа следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за три до пет степени.

Како што соопшти УХМР, во следните три дена ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните темпеартури ќе бидат во интервал од два до 12 степени, а максималните од 20 до 28 степени.

Четири европски авиокомпании ќе ја шират идејата за Европа пред евроизборите

Четири авиони на авиокомпании кои се дел од групацијата на „Луфтханза“ во наредните недели ќе ја шират европската идеја за со натпис на нивните трупови: „Да за Европа“. 

Станува збор за авиони од типот „Ербас А320“ на авикомпаниите „Луфтханза“, „Еуровингс“, „Аустриан Ерлајнс“ и „Брисел Ерлајнс“ кои ќе имаа задача да служат како амбасадори на европската идеја непосредно пред изборите за членови на Европарламентот.

Четирите авиони на 13 мај „ќе се сретнат“ на аеродромот во Брисел, симболично манифестирајќи го европското единство.

Инаку, ова не е првпат „Луфтханза“ да ја манифестира својата посветеност на Европа. Сличен поддршка на Европа „Луфтханза“ организираше и пред евроизборите во 2019 година.

притисни ентер