3Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
МакедонијаСтоилковски: Тежок скандал - Криминалци избркале полицајци од полициска станица во АрачиновоОливер Спасовски, СДС и ДУИ се сериозна опасност за функционирањето на МВР и за безбедноста на граѓаните пред растечкиот криминал, насилството и самоволието.Криминалци бркаат полицајци. Упаѓаат вооружени во полицијата во Арачиново и полицајците бегаат, биле ИЗБРКАНИ од полициско одделение. Нема друг таков случај во светот. И Спасовски и МВР повторно се обидува да забошотат и премолчат случајот. Ова е тежок скандал, за којшто нема оправдување, ниту криењето помага. Вооружени лица блиски до власта, влегле со закани во полициско одделение во Арачиново, а четворица полицајци добиле наредба од претпоставен да се повлечат од полициски пункт, и од Арачиново да се повлечат во Гази Баба, само затоа што е направена контрола, сопреле возило, без валидни документи. Вчера медиумите објавија за случувањето пред два дена, а МВР се уште молчи. Повторувам, само затоа што било сопрено лице со возило без валидни документи, вооружена група блиска до власта, еден полицаец и еден познат на полицијата, влегуваат во полициско одделение и полицајците морале, добиле наредба од претпоставен да се повлечат од Арачиново до Гази Баба! Почитувани криминалот и бандитизмот земаа се поголем замав токму заради самоволието и инволвираноста на Спасовски, СДС и ДУИ во нивното покривање на штета на полицијата, но и на општата безбедност и јавен ред и мир. Бандитизмот и дрскоста заради неказнивоста одат до таму што човекот којшто според медиумот ја предводел вооружената група во полициското одделение во Арачиново, директно упатува закани до редакцијата којашто ја објави веста. Почитувани, ако некој се чувствува моќен за неказнето вооружен да влетува во полициски објект и да брка и да се заканува врз полициски службеници коишто се повлекуваат, кој може да ја гарантира безбедноста на медиумите или на граѓаните после ова било каде? Оттука, ги повикуваме професионалците во МВР да преземат мерки во насока на заштита на јавниот ред и мир, во насока на заштита на медиумите, но и за ставање крај на политичките злоупотреби на полицијата, вистински да застанат во функција на обезбедување на јавен ред и мир и справување со енормно нараснатиот криминал и да го расчистат случајот. Оливер Спасовски мора да замине од МВР, затоа што по 7 негови години, криминалот цвета, полицајците се цел на потсмев, а полицијата е логистика на белосветската мафија. Оливер Спасовски е најголемата закана по функционирањето на МВР и справувањето со криминалот, насилството и корупцијата. Оттука, ги повикувам и новинарските и медиумските здруженнија да се охрабрат и да реагираат во заштита на новинарите и медиумите коишто ја пренесоа информацијата за Арачиново. Во моментов ништо не е поважно од ставање крај на бандитизмот, а додека Оливер Спасовски е на чело на МВР тоа е невозможно. Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Шоу бизШрек се враќа, но култните ликови од приказната ќе имаат драстично изменет изглед (ВИДЕО)По 16 години, еден од омилените ликови од анимираната франшиза Шрек се враќа на големото платно. Нов тизер за петтото продолжение го откри враќањето на Волшебникот, но и прилично изменет изглед на неколку добро познати ликови, пишува Screen Rant. Популарната анимирана франшиза започна во 2001 година со филмот на DreamWorks Animation базиран на сликовницата на Вилијам Штајг од 1990 година. Шрек ги претвори традиционалните бајки во пародии исполнети со сатира и референци на популарната култура, а по серија продолженија и спин-оф филмови, повторно ќе го обедини добро познатиот тим. Познатите ликови добија нов изглед Новиот тизер за Шрек 5 го прикажува Волшебникот, последен пат видено од публиката во филмот „Шрек секогаш и засекогаш“ од 2010 година. Краткото видео беше објавено со пораката: „Целото мочуриште се собра за ова“. Покрај Змејот, нов изглед добија и трите мали прасиња и Волкот. Мајк Мајерс како Шрек, Еди Марфи како Магаре и Камерон Дијаз како принцезата Фиона се враќаат во петтото продолжение. Ним им се придружуваат Зендаја, Марчело Ернандез и Скајлер Гисондо, кои ги позајмуваат своите гласови на децата на Шрек и Фиона, Фелиција, Фергус и Фаркл. Заплетот ќе го обедини тимот во авантура што ќе ги однесе во метрополата Further Further Away, но повеќето детали сè уште се чуваат во тајност. Исто така, имаше гласини дека ликовите случајно ќе завршат во реалниот свет и дека негативецот Лорд Фарквад би можел да се врати, но оваа информација не е потврдена. Се подготвува и независен филм за Магарето Покрај петтото продолжение, се подготвува и посебен филм посветен на Магаре, еден од омилените ликови на франшизата. Мајк Мајерс откри дека со задоволство би учествувал во проектот и истакна дека таков филм одамна се очекуваше. „Сакам Магарето да живее со мене! Многу го сакам тој лик. Не мислам дека сум во тој филм. Можеби сум, не сум сигурен, но долго време чекав. Тој лик е еден од моите омилени на сите времиња, а Еди е одличен во таа улога. Изненаден сум што филмот не беше направен порано, но јас ќе бидам прв во редот да го гледам. Го обожавам човекот“, рече Мајерс. Филмот за Магарето треба да биде приквел што го истражува потеклото на ликот и би можел да ги следи стапките на успешните филмови „Мачорот во чизми“. „Мачорот во чизми: Последната желба“ од 2022 година заработи околу 484 милиони долари низ целиот свет и постигна импресивна позитивна оценка од 95% на Rotten Tomatoes. Преминувањето на филмот „Шрек 5“ е најавено за 30 јуни 2027 година.Тагови: Шрек Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Назим РашидиУтре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Назим РашидиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранција се дигна против насилството врз жените- демонстрантите бараат итни измени на законот Протестни маршеви против насилството врз жените и високите трошоци за живот се одржаа во неколку градови низ Франција, на кои учествуваа нешто повеќе од 44.000 луѓе, според Министерството за внатрешни работи.Како што објави „Ле Монд“, ова е најмалиот број учесници во демонстрациите од 17 октомври. Минатата недела, 82.500 луѓе се собраа на протести против високите трошоци за живот. Два протестни собири во Париз против насилството врз жените, организирани од феминистички здруженија, со учество на синдикати, младински организации и членови на движењето „Жолти елеци“, собраа 12.500 луѓе, според полициската префектура. Сепак, организаторите проценуваат дека имало 55.000 учесници. Портпаролката на Националниот колектив за права на жените, Сузи Ројтман, апелираше на плоштадот Пантеон за навремено усвојување на сеопфатниот закон за насилство врз жените и децата, кој беше усвоен на прво читање во Националното собрание на 13 октомври. Сенатот треба да го разгледа законот во јануари, а денес, околу петнаесет активистки од движењето Фемен се собраа пред зградата на институцијата, носејќи транспаренти. Во Марсеј, речиси илјада луѓе учествуваа во нерегистриран протестен марш, кој беше растеран од полицијата со солзавец. Втор протест, кој беше официјално регистриран и организиран од феминистички здруженија, собра околу 400 луѓе, според податоците од префектурата. Во исто време, 2.000 луѓе учествуваа во протестите во Монпелје, 6.000 во Лион, а речиси 3.000 демонстранти се собраа во Лил. Протести беа организирани и во Мец, Тулуз и Стразбур. Во официјален извештај, објавен во среда, се наведува дека минатата година се регистрирани повеќе од сто случаи на фемицид во Франција и дека во текот на 2024 година, 272.000 жени биле жртви на силување, а 1,3 милиони од нив биле жртви на сексуално вознемирување.Тагови: насилство Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31