Стоилковски: СДСМ потроши три години без да преземе мерка за спречување на загадувањето

Зоран Заев најавуваше експресно почист воздух откако ќе ја преземе власта, и три години откако ја презема, ниту една мерка за спречување на загадувањето се нема спроведено.

Мерката за субвенционирање на инвертер уреди за греење е дискриминирачка. Како прво мерката е достапна само за жителите на неколку градови, а како второ истата е наменета само за определен број на граѓани од тие градови.

Мерката за инвертери нема реална примена. Практично не можно е со еден инвертер да се загрее цел стан од поголема квадратура од некои 70тина квадрати.

Дополнително мерката е крајно популистичка и е очигледен обид за добра бизнис зделка на поединци од власта. 10 милиони кои власта ги дава за субвенционирање ќе бидат профит за некој бизнисмен близок до власта, а граѓаните ќе ги имаат истите проблеми кои ги имаат и сега. Воздухот ќе биде загаден.

Половични решенија не се решение за загадениот воздух, туку се само популистичка мерка за замајување на граѓаните.

Ако по три години на власт, Заев и Анѓушев како мерка против загадувањето на воздухот предлагаат половично решение, кое нема за цел ефикасно решавање на загаденоста, туку само популистички да ќарат поен плус кај граѓаните, тогаш ни е јасно дека не им се пиоритет граѓаните, туку ситните политички поени.

Граѓаните не се ниско интелегентни за да им поверувааат на манипулациите на Заев и Анѓушев.

Доколку Заев и Анѓушев навистина сакаат да преземат мерки против загадувањето, ВМРО-ДПМНЕ со своите стручни тимови уште лани се понуди за помош, при што предложи и мерки кои што неопходно и треба да бидат применети.

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Израелски борбени авиони нападнаа воени постројки на Хезболах

Израелската армија денеска соопшти дека нејзини воени авиони синоќа нападнале воени објекти на либанскиот Хезболах.

На платформата „Икс“ беа објавени видеа и список на нападнатите области „Кфар Кила, Ајте ал Шаб, Киама и Марун Ел Раса“.

Погодена е и инфраструктурата во областите на југот на Либан, како што се наведува, со цел „да се отстранат заканите во Таир Харфа и Џибејн“.

Израел и проиранскиот шиитски Хезболах, сојузник на палестинскиот Хамас, редовно разменуваат оган од 7 октомври минатата година, кога палестинските екстремисти предводени од Хамас ја нападнаа јужната израелска територија, по што почна војната во Газа.

Променливо облачно, попладне дожд, грмежи и град

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Максималната температура ќе достигне 25 степени.

Аксиос: САД знаеле за изменетиот предлог за прекин на огнот даден на Хамас

САД знаеле за изменетиот предлог за прекин на огнот даден на Хамас, Израел не го информирале.

Израелските власти тврдат дека САД биле запознаени со елементите на изменетиот египетско-катарски предлог за прекин на огнот во Газа, но за тоа не го информирале Тел Авив пред Хамас да го прифати предлогот во понеделникот, пишува американскиот портал Аксиос.

Тројца израелски функционери тврдат дека соопштението на Хамас во понеделникот ја изненадило израелската Влада и дека Израел го добил текстот на одговорот на групата од посредници еден час откако Хамас јавно го објави соопштението.

Кога Израелците го прочитаа одговорот на Хамас, беа изненадени бидејќи видоа дека тој содржи „многу нови елементи“ кои не беа дел од претходниот предлог со кој се согласи Израел и кој пред десет дена САД, Египет и Катар му го претставиле на Хамас, изјавија официјални лица.

„Изгледаше како сосема нов предлог“, рече еден функционер.

Двајца високи израелски функционери велат дека Египќаните му дале нов предлог на Хамас без координација со Тел Авив, за време на престојот на групата во Каиро за време на викендот. Извор запознаен со предлогот рече дека САД ги поканиле Израелците во Каиро во текот на викендот, но Тел Авив одлучил да не го испрати тимот, што според нив е грешка, бидејќи довело по помала видливост на Израел за време на разговорите.

Аксиос наведува дека овој инцидент довел до разочарување и сомнеж кај високите израелски функционери во однос на улогата на САД во преговарањето на договорот за заложници, што може негативно да влијае на идните преговори. Висок американски функционер, од друга страна, тврди дека САД биле во контакт со израелската страна и дека „тоа не било изненадување“. Официјалниот претставник, исто така, рече дека администрацијата на Бајден го гледа одговорот на Хамас како контрапредлог, а не како нов предлог.

притисни ентер