Стоилковски: Јовевски и Русковска мора да престанат да го штитат Заев

ОЈО предводено од Љубомир Јовевски, мора по службена должност, по допрен глас, да отвори случај по завршниот исказ на првоосомничениот во случајот „Рекет“.

Јовески мора да излезе од скутот, од пупката на Зоран Заев, истиот Зоран Заев кој што е јасно посочен во судница, и да се почне да се постапува согласно надлежностите на Љубомир Јовевски, бидејќи и со непостапување прави злоупотреба на својата положба и овластување! А, тоа е спротивно на Законот, над кој не смее да биде никој, ниту Јовески, ниту Заев!

Првообвинетиот во случајот „Рекет“ јасно и недвосмислено посочи на потребата од вештачење на неговиот телефон, каде што јасно самиот посочува на комуникација, на пораки од Зоран Заев, во кои е можно да се открие влијанието на Зоран Заев врз правосудниот систем.

Среде судница, во завршни зборови за најголемата криминално рекетарска афера во Република Македонија во која се вмешани и јавнообвинителскиот систем и судството, посочено е на постоење на пишана порака испратена и сочувана во телефон од 16-ти април лани, во која Зоран Заев од позиција на премиер на Република Македонија, на првообвинетиот му порачувал: „Дојди да се видиме и ќе ги соочиме доказите“!

Почитувани,

Зоран Заев мора да каже што му презентирал на првообвинетиот во врска со доказите?

Зоран Заев мора да каже од каде биле доказите кај него? Ова не е прв пат Зоран Заев да споменува, дури и лично зборува за увид во докази во полициски и судски процеси. Тоа во демократски систем, каков што не сме, не е дозволено!

Зоран Заев должи одговори, првенствено пред јавното обвинителство, кој што мора, нагласувам, МОРА јавниот обвинител по службена должност, по допрен глас да отвори предмет по наводите од првоосомничениот во случајот „Рекет“. МОРА да бидат вештачени телефоните на првоосомничениот и на Зоран Заев, телефоните од каде според зборовите во судницата била испратена пораката, внимавајте ДВЕ НЕДЕЛИ пред Заев, како што сам вели да го пријави случајот „Рекет“ во обвинителството!

Доколку ОЈО остане во пупката на Заев, тоа е скандал кој што не само што ја крие вистината за „Рекет“, туку и фрла огромна дамка врз сликата за правосудството во Македонија, потврдувајќи и засилувајќи го јавниот сомнеж дека Љубомир Јовески и Вилма Русковска го штитат Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ не потклекнува, нема компромиси со криминалот, и по тоа сме различни, по моралниот кодекс.

Со вакво правосудство, со ваков јавнообвинителски систем во скутот на Заев, добивме хибриден режим, добивме систем со криминал, неправда и сиромаштија. На тоа наскоро ќе му дојде крајот!

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“

Двајца странски државјани, членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“, во средата биле уапсени во Атина, а се товарат за две кражби на златарници во центарот на градот, јави дописничката на МИА од Атина.

Неофицијално станува збор за српски државјани, а за кражбите го користеле методот „рифифи“, односно во златарниците и продавниците за накит влегувале по направени дупки од соседни напуштени или празни згради или простори.

Од грчката полиција соопштија дека уапсените биле активни најмалку од декември минатата година, користеле фалсификувани документи, а се движеле со возила со странски регистарски таблички или во сопственост на лица со чисто криминално досие, за да не бидат откриени.

Во однос на начинот на дејствување откако ги таргетирале продавниците, ги набљудувале, по што подготвувале соодветен план и се движеле пеш за да не бидат сомнителни.

Откако успевале да добијат пристап до напуштените или празни згради-лепенки до златарниците, отворале дупка на ѕидот што води до продавницата.

Еден од уапсените влегувал преку дупката со лазење за да не се активираат детекторите за движење и со украдениот накит се враќал во соседниот простор.

Од досегашната истрага на полицијата, расчистени се две случаи на кражби во златарници во центарот на Атина, а продолжува истрагата за утврдување на целосниот обем на нивната криминална активност.

По извршениот претрес на уапсените меѓу другото, биле пронајдени и одземени алатки за кражби, три часовници, накит, 190 евра, фалсификувана возачка дозвола, три мобилни телефони.

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

 Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина, објави денеска весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Весникот наведува дека Шпанија ја отфрлила можноста за испорака на противвоздушни лансери на Украина, но ќе испрати проектили во Киев.

Шпанија има три системи „патриот“ кои ги купи од Германија во 2004 и 2014 година, потсетува весникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на членките на НАТО претходно овој месец дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да ги одврати руските воздушни напади, барајќи од нив да ја засилат воената помош за Киев.

Министрите на ЕУ пред неколку дена изјавија дека разгледуваат како да обезбедат повеќе оружје за противвоздушната одбрана на Украина.

Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. 

Потоа следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за три до пет степени.

Како што соопшти УХМР, во следните три дена ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните темпеартури ќе бидат во интервал од два до 12 степени, а максималните од 20 до 28 степени.

притисни ентер