Стоилковски: Филипче е фатен во нови сомнежи за криминал со набавката на респиратори

Венко Филипче повторно е фатен во сомнителна набавка и со сомнежи за милионски криминал, рече на прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Неделникот „Фокус “објави сторија за планираната набавка на респиратори, по скратени процедури и сомнителни постапки. Филипче на мала врата сакал да протурка набавка од над пола милион евра.

На 11-ти април оваа година, Министерството за здравство по одлука на владата, а врз основа на уредба, отпочна јавен повик по скратена постапка во времетраење од 72 часа за набавка на респиратори. За огласот согласно уредбата не требало да одлучува Бирото за јавни набавки, туку трочлена комисија составен од административци од министерството на чело со Венко Филипче.

Три дена подоцна на 14-ти април само две од девет фирми ги исполниле условите според министерството за здравство и тие требале да набават 31 респиратор, 26 од Јужна Кореја и 5 од Германија. Притоа на сомнителен начин се избрани 2 од 9-тепријавени фирми. По објаснување на Филипче другите 7 се декласирани, затоа што се изјасниле дека не можат да ги набават респираторите во предвидениот рок од 30 дена.

Според одлуката двете компании се обврзуваат да извршат набавка. „Соникс“ се обврзала да набави еден респиратор за 24.839 евра и шест за 149.034 евра, додека останатите 20 требало да ги набави за 496.780 евра. Втората фирма „Винора“ требало апаратите за дишење да ги набави за 30 дена, од кој еден апарат чини 25.000 евра. По ова Филипче неколку пати на пресови се фалеше со набавката, за на крај преку соопштение да ја извести јавноста дека набавка нема да има.

Откако објави Филипче, во јавноста почнаа да кружат сомнежи дека се работи за однапред договорена работа со провизија за Венко Филипче. Фатен во тесно, откако виде дека е фатен во нов скандал, како со 37 милионската набавка за реагенси, Филипче ја раскина набавката.

Доколку не се работи за однапред договорено сценарио, зошто Венко Филипче и Министерството за здравство не повеле постапка за санкционирање на двете компании, кои првo потпишале договори дека ќе ја извршат набавката, па се откажале?

Очигледно е дека станува збор за договорена работа, а случајот да се заташка. Очекуваме одговори веднаш. Венко Филипче да каже дали компаниите биле санкционирани, доколку не се, дали е затоа што претходно така се договориле со него? Ги повикуваме институциите да го испитаат целиот случај, од почетокот при декласирање на 7- те компании, до крајм, рече Стоилковски.


УНЕСКО: Убиени се 44 новинари, кои известувале за еколошките проблеми

Новинарите кои известуваат за еколошки прашања се соочуваат со зголемено насилство ширум светот од страна на државните и приватните актери, објави УНЕСКО, истакнувајќи дека 44 од тие новинари биле убиени меѓу 2009 и 2023 година.

Повеќе од 70 отсто од 905 новинари анкетирани од агенцијата на ОН во 129 земји рекле дека биле нападнати, им биле упатени закани или притисоци и дека насилството врз нив се влошило, а само во последните пет години биле пријавени 305 напади.

УНЕСКО, културната агенција на ОН, во својот извештај извести за физички напади, повреди, апсења и малтретирање, како и правни дејствија против новинари, вклучувајќи тужби за клевета и кривични постапки.

Најмалку 749 новинари, новинарски групи и медиумски куќи биле нападнати во 89 земји во сите региони, се вели во извештајот, при што државните актери се одговорни за најмалку половина, а приватните актери најмалку за една четвртина.

„Државните актери, полицијата, воените сили, државните службеници и вработени, локалните власти се одговорни за повеќето напади за кои се достапни информации за сторителите“, се вели во извештајот.

Овие новинари покриваа широк спектар на теми, вклучувајќи протести, конфликти за рударство и земјиште, сеча и уништување на шумите, екстремни временски услови, загадување и еколошка штета и индустријата за фосилни горива.

Мажите обично се почесто напаѓани, а жените почесто дигитално, се вели во извештајот.

Од 44 новинари убиени во 15 земји додека известувале за еколошки прашања, само пет случаи резултирале со пресуди, се вели во извештајот. Во 19 од 44 убиства, сторителите останале неидентификувани.

Најмалку 24 новинари ги преживеале обидите за атентат.

Санкционирани 100 возачи во Скопје, 14 возеле без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење и пет санкции за некористење сигурносен појас.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

Демократски сојуз: Мандат за состав на влада добива кандидатот на партијата која има мнозинство

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од  Уставот на Република Македонија, мандат за состав на Влада добива кандидатот на партијата/ партиите кои имаат мнозинство (најмалку 61 пратеник).

Влада ја избира Парламентот со мнозинство гласови од 120-те пратеници. Мнозинство се 61 пратеник.

За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон, ниту пак има таква пракса.

Се работи за класична манипулација или непознавање на политичкиот систем и Уставните решенија за избор на Влада.

Сосема е извесно дека по 20 години на власт, недопирливите од ДУИ, ќе бидат испратени во долгогодишна опозиција и за грабежот што го направија и разнебитување на институциите и државата во целина ќе одговараат.

Наводната проевропска партија "ги отвори вратите на ЕУ", при што за време на нивното владеење над 800 илјади граѓани од Македонија се иселија во земјите на ЕУ, меѓу нив и над 200 илјади албанци.

Сите партии се изјаснија дека по изборите нема да коалицираат со ДУИ.

Тоа е јасно за сите граѓани, затоа ќе гласаат за промени, а на ДУИ во опозиција ќе им се приклучи и СДСМ.

Демократски сојуз

притисни ентер