Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија
2Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија
3Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ
КултураСтогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов се чествуваше во Загреб и во ЉубљанаСтогодишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов се чествуваше и на филозофските факултети при државните универзитети во Загреб и во Љубљана. Професорката по современа македонска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ д-р Весна Мојсова-Чепишевска одржа предавање и се промовираше антологијата на младата македонска поезија „Ново раѓање на зборот“, приредена од неа и од Иван Антоновски. Како што соопшти Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, настанот се одржа хибридно, во организација на Одделот за јужнословенски јазици и книжевности во Загреб под раководство на доц. д-р Ивица Баковиќ, во соработка со Катедрата за славистика во Љубљана, под раководство на проф. д-р Намита Субиото. Учествуваа студенти од двата универзитета, просветни работници и проучувачи и почитувачи на македонската книжевност и култура од Хрватска и од Словенија. Според професорот Баковиќ, во годината што му е посветена на Ацо Шопов, сосема природно е во декември, месецот кога се навршуваат 100 години од неговото раѓање, да се организира еден ваков настан, и тоа токму помеѓу Скопје, Љубљана и Загреб. Ова дружење, како што рече, не беше затворено во академските и книжевнонаучни рамки, туку прерасна во вистинско дружење, или вистинско поетско попладне. - Со предавањето на професорката Весна Мојсова-Чепишевска, сите слушатели добија прилика да се запознат со основните и клучните карактеристики на поетиката, животот и делото на Шопов, а со промоцијата на најновата антологија на младата македонска поезија, „Ново раѓање на зборот“, издание на „ПНВ Публикации“, во Љубљана и во Загреб го слушнавме и гласот, зборовите на новите генерации на македонските поети. Поетската реч на Ацо Шопов во годинава што наскоро ќе ја оставиме зад нас, навистина одекнуваше не само во Македонија, туку и во другите култури, на другите славенски и неславенски јазици. И тоа благодарение на неколкумина страствено ангажирани личности како што се нашите гости на овој настан, Јасмина Шопова, Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски. Уверен сум дека со крајот на јубилејната година, зборот на Шопов нема да стивне. Следната година, новите читања на старите песни пак ќе одекнат, истакна професорот Баковиќ од Универзитетот во Загреб. Предавањето на Мојсова-Чепишевска, покрај тоа што ги опфати спецификите на различните творечки кругови на Шопов, беше посветено и на поетиката на тишината и на поетиката на мистичното и езотеричното во творештвото на македонскиот класик, опфајаќи и малку коментирани аспекти на неговото творештво што се поттик и за натамошни истражувања. Професорката Намита Субиото од Универзитетот во Љубљана нагласи дека предавањето на проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска со голем интерес го следеле и со студентите по јужнословенски студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. -Таа прегледно ни го престави творештвото на големиот поет преку четирите творечки круга, а потоа се задржа на неговата поетика – поетиката на тишината и поетиката на мистичното и езотеричното и на објаснувањето на поимите „небиднина“ и „црно сонце“. Но, дека Шопов навистина е канонизиран поет покажа и кусата промоција на антологијата на младата македонска поезија „Ново раѓање на зборот“, објавена годинава во издание на „ПНВ Публикации“ што ни ја претставија уредничката Јулијана Величковска и Иван Автоновски кој заедно со Весна Мојсова-Чепишевска е приредувач на ова прекрасно издание, рече Субиото. Љубопитно и внимателно, како што рече, ги ислушавме и четворицата млади поети кои се вклучија во промоцијата, бидејќи се решивме во летниот семестар да започнеме со преведување на одбрани песни од антологиијата. Спиред неа, студентите биле воодушевени што на настанот приусуствуваше и се обрати и Јасмина Шопова. Изрази благодарност на доц. д-р Ивица Баковиќ од Филозофскиот факултет во Загреб за организација. На настанот, при претставувањето на антологијата „Ново раѓање на зборот“, во разговорот меѓу Величковска, Мојсова-Чепишевска и Антоновски, акцент беше ставен на поврзаноста меѓу поетиката на Шопов и поетиките на поновите македонски автори. Потоа, со прочит на свои песни и на свои омилени стихови од Шопов настапија и неколку од авторите застапени во антологијата – Андреј Медиќ Лазаревски, Викторија Ангеловска, Марија Велинова и Стефан Костоски. Во дискусијата, учениците ги поздрави и директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб д-р Наталија Поповска, изразувајќи задоволство што јубилејот 100 години од раѓањето на Шопов се чествува и во Хрватска, искажувајќи интерес и за творештвото на авторите што го претставуваат „новото раѓање на зборот“ во современата македонска поезија. Настанот беше заокружен со обраќање на Јасмина Шопова, ќерка и истражувач на творештвото на Шопов, од името на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“. - Посветеноста на творештвото на Шопов, како и на творештвото на новите генерации македонски автори на универзитетските центри во Загреб и Љубљана не запира со овој настан, продолжува и со други планирани активности и во соработка со колегите од Македонија, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
БалканЛокални избори во Словенија: Сите очи се вперени кон ЉубљанаДенес во Словенија се одржуваат локални избори, каде што ќе се избираат градоначалници и членови на општински совети, а најголема неизвесност има на изборите за градоначалник на Љубљана, на кои учествуваат 15 кандидати.3.116 избирачки места се отворија во 7 часот наутро, каде што повеќе од 1,6 милиони гласачи можат да гласаат до 19 часот. Првите прелиминарни резултати од гласањето се очекуваат по 20 часот, објавува Дело. Меѓу парламентарните партии, Словенечката демократска партија (СДС) има 78 кандидати за градоначалник на локалните избори, Нова Словенија има 50 кандидати, Движењето за слобода има 44 кандидати за градоначалник, а Социјалдемократите (СД) имаат 42 кандидати. Во 45 општини, веќе е однапред познато кој ќе ги води во претстојниот мандат, бидејќи само еден кандидат аплицирал за градоначалничката позиција, претежно актуелниот градоначалник. Во општините и градовите каде што ниту еден кандидат не добие повеќе од половина од гласовите, двајцата најдобро пласирани кандидати ќе се соочат во втор круг, кој ќе се одржи на 29 ноември. На овогодинешните избори за градоначалник учествуваа 614 кандидати, вклучувајќи 123 жени. Најголем број кандидати за градоначалник има во Љубљана - 15, додека Марибор и Копер имаат по 10 кандидати.Тагови: словенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во МакедонијаФилипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија.Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ. Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале? Зошто тогаш Филипче беше тивок, а денес толку гласен? Одговорот е јасен. Затоа што си ја ишка мувата од капата. Филипче е човек полн со багаж од минатото. Филипче и СДС се ставија во одбрана на ДУИ и Али Ахмети. Жално е да се гледа до кое дно дојде СДС со Филипче. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСерафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГДодека Давор Мацура седи во притвор во Србија за изнесени близу 400 милиони евра и сомнежи за печатење лажни банкноти од 500 евра, во Македонија ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја бранат Алта банка. Латас, Бетмен и други квази-експерти излегуваат да ја бранат Вучиќевата пералница на пари. Да го бранат банкарот на Мицкоски. Сега се обидуваат да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ. Извадија документ од „Службен весник“ од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка. Тоа е целосна манипулација. Станува збор за пакет од 7.213 акции (околу 1,85% од капиталот на Стопанска банка АД Битола) што државата ги конфискуваше од Сашо Мијалков и фирмата „Ексико“ со правосилната пресуда за случајот „Империја“. Одлуката од 6 јуни 2023 година е само редовна законска процедура според Законот за управување со конфискуван имот — формална согласност Агенцијата за управување со одземен имот да ги продаде запленетите акции за да влезат пари во буџетот. Истиот ден се дадени идентични согласности и за други запленети акции. Овие акции воопшто не беа продадени во мандатот на СДСМ. Алта банка тогаш воопшто не беше присутна во државата. Влезот на српската Алта банка и преземањето на Стопанска банка се случија во есента 2025 година со одлука на Мицкоски и неговата власт. Запленетиот пакет беше продаден на Алта банка во јануари 2026 година за околу 375.000 евра. Повторно фатени во лага. Мицкоски ја внесе Вучиќевата Алта банка во Македонија. Трајко Славески му даде дозвола, јавно призна, во консултација со Мицкоски. Парите на јавните претпријатија и на граѓаните завршија таму исто така со одлука на владата на Мицкоски. Сега кога во Србија се отвораат истрагите, ВМРО-ОКГ се обидува да го заташка скандалот. Нема да помине. СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот и против сите инволвирани. Следува одговорност! Затоа ВМРО, Латас и Мицкоски ги бранат Вучиќ и Мацура — својот шеф и својот банкар. Така изгледа кога власта е дел од мафијашки синдикат, дел од балканскиот картел. Вистината излегува. Бандата ќе одговара. Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан Тагови: Маја Серафимовска -Борозан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook