Стогодишен старец го собори Гинисовиот рекорд- 84 години работи за иста фирма (ВИДЕО) - Канал 5

Стогодишен старец го собори Гинисовиот рекорд- 84 години работи за иста фирма (ВИДЕО)

100-годишниот Бразилец од јужниот град Бруске влезе во Гинисовата книга на рекорди бидејќи најдолго работел во иста компанија - 84 години.

Стогодишен старец го собори Гинисовиот рекорд- 84 години работи за иста фирма (ВИДЕО)

И покрај неговото извонредно достигнување, Валтер Ортман на оние кои бараат долготрајна и исполнета работа им го дава вообичаениот совет: правете го она што го сакате и држете се настрана од брзата храна.

„Треба да сакаш да работиш. Добив работа полна со волја и борбеност“, изјави стогодишникот.

„Не можете да работите ниту една работа само за да можете да кажете дека сте вработен. Тоа не функционира. Нема да издржите“, додаде тој.

Бразилските медиуми пишуваат дека Ортман најпрвин работел на производствена линија во RenauxView, компанија за ткаенини, пред да премине во администрација и да стане директор за продажба. За да остане во форма, Ортман се активира секој ден и се грижи за исхраната.

"Навистина избегнувам сол и шеќер. Избегнувам работи кои лошо влијаат. Кока-кола и други газирани пијалоци. Го консумирам само она што е добро за мене. Тоа му помага на телото да остане силно засекогаш", рекол тој.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Најтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк,  УС Опен во конкуренција на мешани двојки.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август.

Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим.

И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон.

Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја.

Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ.

Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ.

Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ? Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел?

Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел.

Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат.

Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео- Фото: Халанд со нова фризура во нови победи со Сити

Светската фудбалска ѕвезда, норвешкиот стрелец Ерлинг Халанд со нов имиџ, кратка коса се појави на старот на  новата сезона со Манчестер Сити во Премиер лигата. 

Видео- Фото: Халанд со нова фризура во нови победи со Сити

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (26), ја скрати долгата коса и ја започна сезоната во Премиер лигата со драстично поинаква фризура.

На милиони негови фанови ќе им биде тешко да се навикнат на фактот дека норвешката машина за голови сега изгледа вака:

Халанд се појави на натпреварот против Борнмут на стадионот „Етихад“ со кратка коса, а пред почетокот на мечот објави видео од својата нова фризура на својот профил на социјалната мрежа X.

Поради новиот изглед на Халанд на социјалните мрежи се јавија и неговиот долгогодишен тренер, легендарниот Пеп Гвардиола и светската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ.

Во видеото во кое Халанд е со новиот имиџ може да се види и изненадената реакција на неговиот поранешен тренер Пеп Гвардиола, кој не можеше да поверува во она што го гледа. Шпанецот реагираше побурно, па дури и опцу за време на нивниот видео-повик.

„Не е можно... Среќник си што воопшто имаш коса, и јас би сакал да имам“, рече Гвардиола со насмевка.

„Што по ѓаволите си направил? О Боже, што е ова? Да не изгуби во некој облог или слично? Блокирај ме, избриши ми го бројот“, му рече Златан Ибрахимовиќ.

Секако реагираа и многу соиграчи на Халанд.

Ерлинг Халанд со години носеше долга коса и беше препознатлив по неа. Последен пат настапи со косата врзана во опавче на Светското првенство во Америка, каде што испиша историја со националниот тим: го елиминираа Бразил и стигнаа до четвртфиналето, откако во нокаут-фазата ја совладаа Брегот на Слоновата Коска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер