КултураСто книги стари над 100 години во библиотеката „Ал-Би“ во демирхисарско БабиноМакедонската и светската јавност недоволно ја користи приликата да ги погледне ретките и уникатни книги кои постојано се изложени во библиотеката „Ал-Би“ во демирхисарското село Бабино.Стево Степановски, сопственик на библиотеката, за МИА вели дека честопати не сме свесни со колкави богатства располагаме, а тоа што неговите претци го оставиле, за него освен што е аманет, е и обврска да му соопшти на секој љубител на книгата, дека токму тука, во селото Бабино, во библиотеката „Ал-Би“ има повеќе од 100 книги стари над 100 години. - Во библиотеката има над 20.000 книги, а двете најстари се напишани и отпечатени пред повеќе од 600 години и се донесени од Дамаск. Првата книга е напишана на хиџра јазик, а втората на стандардниот урду јазик, еден од дваесетте најзастапени јазици во Индија. Книгите ги купил мој прадедо од антикварници и освен од Дамаск, во библиотеката има книги од Техеран, Истанбул и други светски познати градови. Затоа чести гости во нашата библиотека се љубители на книгата од Либан, Сирија, а посебен тим од Колумбија наскоро во селото Бабино ќе снима филм, истакнува Степановски. На полиците од библиотеката се забележуваат книги на старотурски, арапски, персиски, англиски, италијански, германски, француски, српски, македонски јазик.... -Деновиве посебно интересна за јавноста беше книгата „Македонија“ отпечатена пред повеќе од 100 години, односно во 1920 година во издавачката книжарница „Напредок“ во Панчево. Во книгата може да се прочитаат статистички податоци, а вниманието го задржува и книгата „Велешки Манастир – Свети Димитрија“ отпечатена во Скопје, точно пред 100 години, односно во 1923 година. Непријатно е кога се набројува за да не се пропушти некоја книга, наслов, но ќе ја издвојам и книгата „Славјанска прочит“ која е печатена во 1894 година во книжарницата на Иван Хаџи Николов, револуционер, книжар и трговец, еден од основачите на Македонската револуционерна организација, појаснува Степановски. Разгледот низ библиотеката и нашиот фотообјектив се задржаа на ретките уникатни книги и речници од Лисабон, Виена, но и публикуваното ремек дело „Боеми“ на Џакомо Пучини. -Публикацијата „Боеми“, познатото дело на Џакомо Пучини го купи мојот дедо при посета на една антикварница во Берн. Публикацијата е оригинален примерок печатен во Милано во 1897 година, односно една година по премиерата на „Боем“ во 1896 година. Првото издание на оваа публикација се наоѓа во Милано, Лондон, Парис, Неапол, Рим, Лајпциг, Буенос Аирес, Њујорк....и замислете и во демирхисарското село Бабино, нагласува Степановски. Книгите грижливо се чуваат и не се оштетени ниту од забот на времето иако некои се стари 600 години. За книгите се интерсираат луѓе од различен профил и професија, а чести истражувачи и афирматори се новинарите. -Неодамна во библиотеката беа новинари од Франспрес, како и од една грчка новинска агенција, а благодарение и на вашата МИА, за ова вредно богатство се дознава на сите страни во светот. Секој треба да знае дека тука има над 100 книги стари повеќе од 100 години, а меѓу нив ги чуваме првиот број на Македонскиот правопис, примерок од првото издание на весникот „Нова Македонија“, првиот примерок од книгата на Ванчо Николески, „Волшебното самарче“, како и Зборникот на народни песни на браќата Миладиновци, печатен во 1891 година, вели Степановски. Библиотеката „Ал-Би“ во демирхисарското село Бабино почна со подготовки на ретка изложба, промоција на 400 речници, некои стари и 400 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
МакедонијаГрад Скопје: Во вторник авионска авионската дезинсекција против ларви од комарциГрадот Скопје ги известува граѓаните дека ќе се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.Дезинсекцијата ќе се реализира на 11.08.2026 година (вторник), во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Град СкопјеТагови: Град Скопје комарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 8. август 2026 година Дневен хороскоп за сабота, 8. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Потребата за нежност ќе порасне и ќе очекувате од другата страна да биде нежна. Од неа зависи дали ќе биде така. Кариера На работа ќе добиете шанса да ја изразите својата креативност . Затоа денешниот ден ќе ви биде успешен и пријатен. Здравје и совет Зголемување на општата виталност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе имате поттик за љубов, а особено се однесува за млади Ракови , женски или машки. Бидете она што сте и се ќе биде добро. Кариера Добро познатите работи ќе добијат нов залет и поттик , а вие ќе работите вредно и полетно и со добро чувство во себе. Здравје и совет Можете да изберете спорт за вас. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе бидете се подобро поврзани со другите , па така и со саканата личност. Од таму ќе ви биде возвратено на пријатен начин. Кариера Се уште не сте навикнати дека пречките се урнати , па од време на време се чудите како тоа работите полесно и подобро соработувате со другите. Здравје и совет Рекреирајте се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Отворени сте за нови можности и со се поголема надеж им се препуштате на спонтаните моменти , кои носат задоволство. Кариера Не сакате порази , но некои принципи мора да се постават. Денеска ќе зборувате за нив на лежерен начин. Здравје и совет Не јадете тешка храна. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен сензацијата на која што работите , денеска ќе се занимавате со интуитивни содржини , што ќе ги внесувате во љубовниот живот. Кариера Сите кои работат во сенка , денеска ќе добијат добар поттик. Другите ќе се занимаваат со суптилни вибрации на работа. Здравје и совет Ја дозирате храната и тоа е добро. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата љубовна идила продолжува на општа радост и среќа. Оние кои уште бараат сродна душа , нека излезат и нека бидат друштвени. Кариера Добро ќе се снаоѓате , како во очигледните задачи , така и во оние кои подразбираат читање меѓу редови Здравје и совет Останете доследни на себеси. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата моментална потреба за акција ќе ве наведува на непромислени чекори и изјави кога станува збор за љубов. Кариера Тргате во нови деловни битки и има малку што може да ве запре. Ќе им бидете пример на другите. Здравје и совет Мали нервози. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Уште ќе бидете под впечаток на некои тажни мисли , но тие полека ве напуштаат и на нивно место доаѓаат поведри , така што и односите се подобруваат. Кариера Ќе се трудите јасно да го изразите своето мислење и ќе бидете во право , но вашите пшефови поради сопствената несигурност нема тоа да ви го признаат. Здравје и совет Останете прибрани. Овен 21.3-20.4. Љубов Ситуацијата ви е шарена. Може да излезете и убаво да си поминете , но вашите лични односи ќе останат на непријатно ниво. Кариера Некои ќе поставуваат премногу прашања и со нив ќе направат уште поголемо недоразбирање. Обидете се да се концентрирате само на она што е важно. Здравје и совет Одморајте се редовно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашиот друштвен живот и денеска може да биде интересен и богат , но душата и натаму ви е празна. Свртете се на шега. Кариера Добро се поставени работите со млади , спорт и забава , но и таму се обидувате да бидете дипломат. Здравје и совет Организирајте си го денот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се обидете да ги подобрите личните односи или ако сте уште сами ќе воспоставите нови , но тоа ќе оди час горе ,час долу. Сметајте на тоа. Кариера Во деловните работи немате никакви проблеми , освен мали нервози . Искористете ги ситуациите. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете многу успешни и витални во сексуалниот живот . На тој начин ќе ја збогатите својата врска и ќе се послужите со интуицијата. Кариера Ако ви се пристори дека ве кочат , знајте дека тоа нема долго да трае и вие ќе го пробиете мразот , што и така се топи. Здравје и совет Истегнете се преку гимнастика или јога.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизСергеј Трифуновиќ и неговата сопруга приведени по инцидент во продавница?Актерот Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора Мијановиќ наводно се нашле во центарот на инцидент во познат белградски трговски центар, што ја принудило полицијата да интервенира. Драмата се одвивала во популарна продавница кога во Исидора се посомневало обезбедувањето, кое потоа сакало да ја претресе, пишува Телеграф. Нејзиниот сопруг Сергеј, јавуваат српските медиуми, реагирал бурно на ова и не им дозволил да ги претресат нејзините работи, што ескалирало во вербален конфликт. Обезбедувањето потоа повикало полициска патрола која го однела парот во полициската станица. Таа се огласи откако ја напуштила полициската станица Исидора подоцна сама ја напуштила полициската станица, додека Сергеј, како што се испоставило, си заминал порано. Таа накратко им се обратила на собраните новинари пред станицата. „Само дојдов да ги земам документите“, рекла кратко, одбивајќи да биде снимена, пренесува Телеграф. Фото: ВИТагови: инцидент Сергеј Трифуновиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter