3МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
КултураСто години од раѓањето на Блаже КонескиБлаже Конески бил прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија, прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите, почесен доктор на Чикашкиот универзитет и на Универзитетот во Врацлав.На денешен ден, пред 100 години во прилепското село Небрегово, е роден академик Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување дало огромни резултати во македонската литература, во областа на граматиката и во историјата на македонскиот јазик и во областа на културната историја на македонскиот народ. Блаже Конески бил прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија, прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите, почесен доктор на Чикашкиот универзитет и на Универзитетот во Врацлав. Неговото прво дело, поемата „Мостот", ја објавил непосредно по војната во 1945 година, а потоа следуваат „Земја и љубовта", „Песни", „Везилка", „Лозје", „Записи", „Стари и нови песни", „Чешмите", „Послание", „Светото на песната и легендата" и други. Автор е на повеќе значајни трудови, меѓу кои и на „Граматика на македонскиот јазик", „Историја на македонскиот јазик", „Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици и јазикот на македонската поезија". Во македонската современа општествена стварност, во смисла на одбрана на македонската држава и македонскиот јазик, како темели на македонскиот национален и историски идентитет е позната неговата максима: „Јазикот е нашата единствена целосна татковина". Покрај другите награди, добитник е на „Златниот венец" на „Струшките вечери на поезијата" во 1981 година. Од 4 јуни 1997 година Филолошкиот факултет во Скопје го носи неговото име. Блаже Конески почина на 7 декември 1993 година. Стогодишнината од неговото раѓање годинава беше одблежана со повеќе настани. Денот кога е роден Конески, 19 декември, е ставен и на листата на значајни јубилеи на УНЕСКО што се одбележуваат во 2021 година. Во рамките на одбележувањето на 2021 – година во чест на Блаже Конески по повод 100 години од раѓањето, во свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите утре ќе се одржи свечен собир. На собирот ќе говорат претседателот Стево Пендаровски, претседателот на МАНУ, акад. Љупчо Коцарев, проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ, акад. Катица Ќулавкова, секретар на ОЛЛН – МАНУ и раководител на проектот „Критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески. Со омаж за Конески ќе се претстават акад. Зузана Тополињска и акад. Влада Урошевиќ. На свечениот собир ќе биде претставено уметничкото и научното дело на Блаже Конески во контекст на критичкото издание на неговите целокупни дела на МАНУ. Станува збор за 12 тома со целокупните дела на Блаже Конески, а ќе ги претстават професорите Венко Андоновски, Наташа Аврамовска, Иван Џепароски, Анастасија Ѓурчинова, Красимира Илиевска, Марјан Марковиќ, Веселинка Лаброска, Људмил Спасов, Лилјана Макаријоска и Станислава-Сташа Тофоска. Ќе биде промовирана и веб-страницата со дигиталните изданија на објавените томови од „Критичкото издание на целокупните дела на Блаже Конески" што ја подготви Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКрадци во Франција сокриле скапоцен дијамант во јаболко: Го пронашла гладна собаркаРедок розов дијамант ќе биде изложен во Франција за првпат откако бил украден пред речиси точно сто години – што е и последниот пат кога бил прикажан пред јавноста.Кражба од пред еден век Скапоцениот камен од девет карати, во форма на круша, познат како „Гранд Конде“, бил украден за време на ноќен упад во замокот Шантили во октомври 1926 година. Крадците го сокриле во издлабено јаболко. Дијамантот – еден од ретките кралски скапоцености што ја преживеале Француската револуција – бил пронајден неколку недели подоцна, кога една гладна собарка во хотелот каде што престојувале крадците, каснала токму од тоа јаболко. Нова изложба во музејот „Конде“ Дијамантот ќе биде изложен во музејот „Конде“ во замокот Шантили до 3 јануари. Директорот на музејот, Матје Делдик, истакнува дека иако приказната за јаболкото можеби звучи неверојатно, таа била опширно пренесена во тогашните весници. Делдик одби да му открие на Си-Ен-Ен на која сума е осигуран дијамантот, но напомена дека биле спроведени опсежни научни истражувања за неговите карактеристики, со цел да се овозможи негова единствена идентификација. Изложбата ги вклучува резултатите од оваа анализа, како и претходно непознати архивски материјали што детално ја прикажуваат историјата на дијамантот и неговата кражба. Ретки розови дијаманти Природните розови дијаманти се исклучително ретки и често се продаваат за десетици милиони долари. Според податоците на аукциската куќа „Сотбис“, највисоката цена постигната за еден таков дијамант на аукција изнесувала 71,2 милиони долари, во 2017 година. Точното потекло на дијамантот „Гранд Конде“ сè уште е непознато. Според информациите од замокот Шантили, тој за првпат се споменува во 1740 година, во пописот на имотот на Луј Анри де Бурбон, принцот од Конде. Извор: Индекс.хрТагови: дијамант Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈон Фрчкоски на „Кавга со Иван“Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон ФрчкоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително.Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена длабочина од 338 метри, стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Таа им честиташе за извонредниот подвиг, истакнувајќи дека Врело е природен феномен што ги разгорува истражувачкиот дух и љубопитноста за откривање на тајните на природата. За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително. Спелеонуркачите ја запознаа претседателката со предизвиците со коишто се соочиле за време на нуркачкиот подвиг, необичните сознанија за подводниот свет на Врело, како кристално чистата вода и умерената температура од петнаесетина степени, новооткриените два канали и над 150 метри нови големи ходници. Според учесниците во уникатниот подвиг, Врело е раскошен и мистериозен природен феномен со волшебна привлечност, една од досега најинтересните подводни пештери за нив. Тие ѝ изразија благодарност за прифатеното генерално покровителство, истакнувајќи ја неговата важност за успешната реализација на експедицијата. Претседателката им посака успех во идните подвизи и изрази убедување дека нивниот успех е инспиративен за многу други спелеонуркачи.Тагови: Врело Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook