Стјуардесата која доби отказ поради тверкање во авион: Не знаев дека е забрането (ВИДЕО) - Канал 5

Стјуардесата која доби отказ поради тверкање во авион: Не знаев дека е забрането (ВИДЕО)

Неле Диала работела како стјуардеса за Alaska Airlines, но нешто повеќе од шест месеци откако ја започнала работата од соништата, добила отказ.

Стјуардесата која доби отказ поради тверкање во авион: Не знаев дека е забрането (ВИДЕО)

Таа тврди дека компанијата ја отпуштила поради видео што го споделила на TikTok. На тоа видео, Неле тверка во авион.

Диала оттогаш започна GoFundMe кампања за покривање на животните трошоци поради ненадејното губење на приходот. Сега, зборувајќи за Inside Edition, таа зборуваше за своите размислувања за ова прашање откако се спушти прашината.

"Не мислев дека тоа што сум толку среќна може да се претвори во вакво нешто. Само рекоа дека ја прекршив нивната политика на социјалните мрежи. Навистина бев горда на себе што стигнав до тука. Не мислев дека моето видео и објава и начинот на кој танцував ќе се сметаат за несоодветни", рече таа.

„Имав толку горд изглед на лицето секој пат кога се качував во тој авион и ме отпуштија без да ми дадат шанса. Тоа е едноставно неправедно“, додаде таа.

За потсетување, на видеото, кое поранешната стјуардеса оттогаш го избриша, се гледа како Диала стои во ходникот на авионот, ја крева ногата на седиштето и тверка. "Видеото стана вирално преку ноќ, но наместо љубов и поддршка, предизвика неочекувана осуда. Иако беше лоша одлука од моја страна, не мислев дека ќе ме чини работата од соништата", објаснила Диала.

И покрај нејзините објаснувања дека видеото немало намера да ѝ наштети на компанијата, тие наводно „не сакале да ја слушаат“. Според нејзините тврдења, станува збор за „безопасно видео“ што го споделила на нејзиниот „личен профил на социјалните мрежи“.

YouTube video

„Ме отпуштија без предупредување. Не ми дадоа шанса да се расправам или да се бранам - ниту шанса за темелна и правична истрага“, изјави претходно Диала. Таа тврди дека дури и не го спомнала името на авиокомпанијата во видеото и дека секогаш е „внимателна“ за тоа што споделува, опишувајќи ја загубата на нејзината работа како „погубна“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Би сакал да се заблагодарам на Фондацијата "Конрад Аденауер", за овој прекрасен настан којшто го имаме овие три дена со извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ , членовите на Владата, министрите и замениците министри кои што се предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Ефективната комуникација е најзначајна за едно добро владеење, она што се наши политики да можеме добро да ги презентираме пред граѓаните, но истовремено да имаме една добра синергија и една добра комуникација помеѓу нас, помеѓу различните структури во партијата, Извршниот комитет, општинските комитети, Унијата на млади сили, Унијата на жени, и секако пратеничката група и Владата, како би можеле заеднички да ги креираме овие политики.

Би сакал да се заблагодарам на Кристијан Серак, којшто специјално дојде за овој настан, и за тоа што прави една прекрасна обука за сите нас, има доста да се научи и доста работи кои се иновативни.

Ова е начин на којшто ВМРО-ДПМНЕ се обидува да остане во една добра форма, во кондиција, ова покажува дека и тоа што сега сме на власт, ја водиме државата, не не одлепува од партијата, напротив посветуваме доста време и енергија на организација на партијата и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период, а со цел економски напредок на Македонија, ефективно владеење на правото и повеќе успеси за државата.- објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски е подготвен да се сретне со Путин на самит во Мајами

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во Мајами, доколку биде поканет.

Зеленски е подготвен да се сретне со Путин на самит во Мајами

„Да, секако. мораме да дојдеме. Мораме да се сретнеме, да разговараме и да донесеме одлука“, рече Зеленски во интервју за „Дојче Веле“ во канадската воена база во Норт Беј.

Според украинскиот лидер, она што ќе му го каже на рускиот претседател нема да биде најважната работа.

Во меѓувреме, најмалку 23-ца луѓе се повредени, а меѓу нив има и петмесечно бебе, кога руски ракети утрово погодиле станбена зграда во украинскиот град одес, соопшти претседателот на одеската обласна воена администрација Олексиј Кипер.

Шестмина од повредените, меѓу кои е и бебето, се во болница.

„Како резултат на нападот, горните катови на повеќекатна станбена зграда се целосно разрушени. Експлозивниот бран оштети и соседни станбени згради и гасовод со низок притисок“, се вели во соопштението на гувернерот.

На уште три станбени згради им е нанесена штета, а оштетен е гасоводниот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ со свои претставници на шведските избори

Пратеникот и заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, викендов е во дводневна посета на Стокхолм како меѓународен гостин на шведскиот изборен процес.

ВМРО-ДПМНЕ со свои претставници на шведските избори

Петрушевски во Шведска е на покана на Moderaterna и Jarl Hjalmarson Foundation, со кои ВМРО-ДПМНЕ има долгогодишна соработка и партнерски односи како дел од европското семејство на сестрински и партнерски партии.

Во рамки на работната посета, Петрушевски учествува во програмата посветена на шведскиот изборен процес, на средби и брифинзи со претставници на шведската политика, како и со гости и претставници на политички партии од повеќе европски земји.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на градењето силни партнерства со европските сестрински партии и на размената на позитивни искуства и практики кои можат да придонесат за унапредување на демократските процеси и политичкото делување во Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ изразуваме благодарност до Jarl Hjalmarson Foundation за поканата и поддршката на престојот на Петрушевски во Стокхолм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер