3Мицкоски: Законот за Скопје-европска престолнина на културата 2028 е изготвен согласно праксата на ЕУ
Д-р Даниловски: Тешката форма на „западен нил“ е ретка, се очекува зголемување на бројот на изолирани случаи
1Д-р Даниловски: Тешката форма на „западен нил“ е ретка, се очекува зголемување на бројот на изолирани случаи
Шоу бизСтивен Спилеберг има фаворит- оваа филмска ѕвезда е најдобар актер на светотСтивен Спилберг во својата долгогодишна кариера соработувал со бројни великани на филмската индустрија, од Том Хенкс до Харисон Форд, а некои од нив се прославија токму поради улогите во филмовите на Спилберг.И покрај работата со најголемите таленти кои Холивуд може да ги понуди, режисерот особено го ценел англискиот актерски великан Пит Постлетвејт. Постлетвејт соработуваше со Спилберг на „Изгубениот свет: Паркот Јура“ од 1997 година, вториот филм од франшизата „Паркот Јура“. Постлетвејт, кој почина во 2011 година на 64-годишна возраст, денес е најпознат по филмовите Далечни гласови, Стил животи, Во името на таткото и Вообичаените осомничени. Спилберг за него за време на едно интервју рече дека е „најдобриот актер на светот“, пишува Far Out Magazine. Британската актерка Џули Волтерс, која беше во врска со Постлетвејт во 1970-тите, се согласи со Спилберг, опишувајќи го Постлетвејт како „највозбудливиот и најинтересниот актер од неговата генерација“. Актерот, роден во работничко семејство во Ворингтон, го посетуваше театарското училиште Бристол Олд Вик, на кое подоцна присуствуваа великани како Даниел Деј Луис и Оливија Колман. Деј Луис изјавил дека студентите оделе во театар токму поради Постлетвејт. „Посакувам да беше сè уште со нас“, рече Деј Луис кратко по смртта на Постлетвејт. „Кога станува збор за најдобрите британски актери, ако Пит не е на врвот на топ листите, тој е многу блиску до врвот.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМЖСПП: Првичните резултати за пената во Вардар се во границите на дозволенотоПрвичните резултати за пената во Вардар, доставени до МЖСПП од Град Скопје, се во границите на дозволеното, конечните анализи се очекуваат на 4 август.Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности. Инспекторите на ДИЖС спроведоа вонредни инспекциски надзори кај индустриските субјекти во зоната кои се под државна надлежност. При надзорите не беа евидентирани законски нерегуларности, односно субјектите постапувале согласно пропишаните услови во еколошките дозволи за управување со отпадните води. Важно е да се напомене дека квалитетот на водите во овој појас е под влијание на повеќе различни фактори, вклучувајќи ги комуналните и атмосферските води, како и активноста на бројните деловни субјекти во околината, поради што сите надлежни органи дејствуваат координирано. Со цел прецизно утврдување на состојбата, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје изврши земање мостри од водата на спорната локација и до Министерството за животна средина и просторно планирање го достави прелиминарниот извештај од 29 јули, според кој анализираните физичко-хемиски параметри на примерокот не ги надминуваат граничните вредности за испуштање во површински води. Дополнително, по барање на ДИЖС, земени се мостри и од акредитирана лабораторија, чиј финализиран извештај ќе биде доставен до Инспекторатот и до Министерството за животна средина и просторно планирање во вторник, 4 август 2026 година, по што јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана за конечните резултати. ДИЖС и понатаму ќе дејствува бескомпромисно преку редовни и вонредни надзори, со цел да се обезбеди целосна заштита на животната средина и здравјето на граѓаните. Министерство за животна средина и просторно планирање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПромовирани нови 53 офицери на воената академијаНа свеченоста се обрати министерот за одбрана Владо Мисајловски кој на новите офицери во армијата им порача дека нивната промоција е нова дополнителна енергија и инвестиција во иднината на македонската армија и во безбедноста на државата.Во воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска се одржа свеченост на која беа промовирани 36 питомци од 26. класа и 1 питомец кој дипломираше на воената академија „Вест Поинт“ во САД, во прв офицерски чин – потпоручник и 16 слушатели од курсот за стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на армијата во чин –поручник. На свеченоста се обрати министерот за одбрана Владо Мисајловски кој на новите офицери во армијата им порача дека нивната промоција е нова дополнителна енергија и инвестиција во иднината на македонската армија и во безбедноста на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Законот за Скопје-европска престолнина на културата 2028 е изготвен согласно праксата на ЕУЗаконот за Скопје - европска престолнина на културата за 2028 година ќе оди на јавна расправа, за да не се остави било каков сомнеж околу транспарентност на овој процес, најави премиерот Христијан Мицкоски.Додаде дека се работи за закон кој треба да се донесе во рамки на приоритетите на овој проект и дека тој е изготвен согласно препораките и праксата во Европската унија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter