Стивен Спилберг ќе биде одликуван со почесна Златна мечка за животно дело - Канал 5

Стивен Спилберг ќе биде одликуван со почесна Златна мечка за животно дело

Во текот на својата долга и славна кариера, Спилберг беше номиниран за Оскар вкупно 19 пати и освои три златни статуетки.

Стивен Спилберг ќе биде одликуван со почесна Златна мечка за животно дело

Меѓународниот филмски фестивал во Берлин ќе му оддаде почит на Стивен Спилберг со почесната фестивалска Златна мечка за животно дело.

Последниот филм на Спилберг „The Fablemans“, неговиот полуавтобиографски поглед на растењето како тинејџер опседнат со филм во Аризона и Северна Калифорнија, исто така ќе биде прикажан на Фестивалот, кој ќе трае од 16 до 26 февруари 2023 година. „Universal Pictures Germany“ ќе да го објави филмот во германските кина во март.

-Со неверојатната кариера, Стивен Спилберг не само што маѓепса генерации гледачи ширум светот, туку и даде ново значење на киното како фабрика од соништата - изјави директорското дуо на Берлинале, Мариет Рисенбек и Карло Чатријан.

Тие додаваат дека „неговите филмови нè носат на едно поинакво ниво, каде што големото платно станува адекватна површина за исполнување на нашите емоции. "

– Ако Берлинале 2023 претставува нов почеток, не можеме да најдеме подобар почеток од оној што го нуди големото дело на Спилберг – истакнаа тие.

Во текот на својата долга и славна кариера, Спилберг беше номиниран за Оскар вкупно 19 пати и освои три златни статуетки.

Изборот на филмовите на Спилберг кои ќе бидат прикажани на Берлинале како дел од омажот, како и датумот на доделувањето на наградите, ќе бидат објавени подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,напиша Сиљановска-Давкова на мрежата ИКС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во Србија

Претседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче упати честитки до граѓаните на Србија по големата победа на изборите. 

Претседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во Србија

„Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа!

Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен.

Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка.

На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група. “ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студентите ја прославија победата во центарот на Белград

Веднаш по прогласувањето на победата, во центарот на Белград почна славењето, кое траење до доцна во ноќта. Таму беше и екипата на Канал 5 – новинарот Михаило Донев и снимателот Зоран Блажевски.

Студентите ја прославија победата во центарот на Белград

Каква беше синоќа атмосферата на улиците во главниот град на Србија и како е утринава се разотиде ли народот од улиците?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер