Стивен Спилберг го испофали Том Круз: Маверик ја спаси филмската индустрија (ВИДЕО) - Канал 5

Стивен Спилберг го испофали Том Круз: Маверик ја спаси филмската индустрија (ВИДЕО)

Познатиот режисер Стивен Спилберг го пофали Том Круз и неговиот филм Top Gun: Maverick кој го лансираше на врвот на листата на најплатени актери во светот.

Стивен Спилберг го испофали Том Круз: Маверик ја спаси филмската индустрија (ВИДЕО)

Режисерот и актерот се сретнале на ручекот за номинирани за Оскар 2023 година, а видеото од нивниот разговор се споделува на Твитер.

Импресиониран од успехот на филмот, Спилберг, по топлата прегратка со актерот, му рекол на Круз: „Направивте пробив... Му го спасивте задникот на Холивуд“. На тоа Круз скромно ја наведна главата, а Спилберг продолжи: „Сериозно, Маверик можеби ја спаси целата филмска индустрија“.

Да потсетиме, новиот Top Gun 12-ти е најуспешен филм на сите времиња, кој заработи 1,48 милијарди долари на светските бокс офис, а воедно е и најуспешниот филм на Круз.

Инаку, Спилберг и Круз во минатото соработувале на филмови, вклучувајќи го и филмот Специјален извештај од 2002 година. Според бројни извештаи, актерот и режисерот се расправале на сетот на „Војна на световите“.

Причина за кавгата била маркетинг кампањата за филмот и бизарното однесување на Круз со Опра, што не му се допаднало на режисерот. После тоа, тие никогаш повеќе не соработувале на проекти, но се чини дека секирата сега е закопана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Денес сончево и топло

Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 39 степени.

За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово

 Мицкоски по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица ќе го посети манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово.

Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово

Денес претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица ќе го посети манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово.

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристо Никовски во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус ќе гостува Ристо Никовски.

Ристо Никовски во „Вести плус“

Поголеми шанси за проширување или поголеми пречки пред интеграцискиот старт, кои се новите правила за членство што ги подготвува ЕУ? Што може да очекуваме од заострената реторика со Софија? На кои „тројански коњи“ мисли Кос и како дел од членките да ги почитуваат европските вредности?

Каде е Македонија среде новите геополитички потреси?

Кој ги бара, а кој не е подготвен да оди на предвремени избори?

Дејан Трајкоски во Вести Плус, со Ристо Никовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер