НБАСтив Кер за Леброн Џејмс и Мајкл Џордан „Леброн Џејмс е најголемиот спортист во историјата на нашата планета“, трофејниот НБА стратег Стив Кер зборуваше за според многумина едни од најдобрите кјошаркари во историјата Мајкл Џордан и Леброн Џејмс и откри кого смета за најголем наВечната дилема - кој е најдобриот кошаркар на светот на сите времиња - е повторно во фокусот. За едни тоа е летечкиот Мајкл Џордан, за други трагично загинатата „црна мамба“ легендарниот Коби Брајант,за трети кралот Леброн Џејмс. Споредбата помеѓу Мајкл Џордан и Леброн Џејмс не го губи својот интензитет, и покрај генерацискиот јаз и сосема различните стилови на играње. Додека Џордан може да се пофали со повеќе шампионски прстени и статус на симбол на победнички менталитет, Џејмс ги поместува границите на издржливоста и перформансите дури и во доцните години на играње. Дури и во петтата деценија од живото , неговите игри остануваат преседан во историјата на лигата. Еден од ретките што има кредибилитет да зборува за двете легенди е Стив Кер. Како поранешен соиграч на Џордан во Чикаго Булс и тренер кој неколку пати се сретнал со Џејмс, но и работел со него во репрезентацијата на САД, Кер го понуди својот став на оваа тема. „Брилијантноста на Леброн не се состои од истите вештини од кои се состоеше брилијантноста на Мајкл. Таа се темели на холистички пристап кон играта, каде што Леброн доминира со ритамот, атлетските способности и додавањата. Секогаш имав чувство дека постигнувањето поени е второстепена работа за Леброн. А тој е најдобриот стрелец во историјата на НБА“, истакна Кер. И додека Леброн Џејмс сè уште ги води Лос Анџелес Лејкерс во плејофот, каде што одигра дури 45 минути во еден натпревар во серијата против Хјустон Рокетс и беше клучен фактор во победата, Кер посочува дека неговата величина лежи и во долговечноста. „Дел од тоа е долговечноста: Леброн е машина. Тој е буквално најголемиот спортист во историјата на нашата планета“, рече тренерот на Голден Стејт Вориорс. Сепак, кога станува збор за чист натпреварувачки погон, Кер се потсетува на неговите денови со Џордан. „Додека играв со Мајкл, видов убиствен инстинкт. Тој доминираше емоционално - не само над противниците, туку и над судиите, целата сала. Не го гледам тоа со Леброн. Тие се различни на тој фронт. Сите влегоа во серијата со Мајкл знаејќи дека ќе изгубат. Никогаш не сум го имал тоа чувство со никого друг, можеби само со Бил Расел“, заклучи Кер.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРути: Сè уште не е јасно дали мирот е близуГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин. „Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин. Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори. „Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.Тагови: Марк Руте НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter