ФормулаСтирлинг Мос: Жените немаат „ментални квалификации“ за да се тркаат во Формула 1Поранешниот британски автомобилистички ас Стирлинг Мос (83) изјави дека жените „немаат ментална квалификација“ за да може да се натпреваруваат во трките за Формула 1. Во прилог на своето тврдење Мос потсетува дека досега само пет жени се натпреварувале во некоја гранд-при трки и само една од нив има освоено еден бод. - Не знам колку жените може да учествуваат во едни волку тешки и опасни трки кои бараат огромен напор и издржливост од натпреварувачите, изјави Мос во интервју за радио Би-Би-Си. Сопственикот на Формула 1, британскиот милијардер и поранешен авто-пилот, Берни Еклстон не се согласува сосема со некогашниот прославен натпреварувач Мос, но тој „не гледа реална шанса“ некоја жена во блиска иднина да му се приклужи на овој спорт. - Нема причини зашто жените не би можеле да се натпреваруваат со мажите, но за жал, не можам да замислам, една жена, кога било, да добие шанса да вози за „Ред Бул“ или за „Ферари“, изјави Еклстон. Италијанката Лејла Ломбарди беше најпознатата жена во овој спорт, затоа што во седумдесетте години на 20 век учествуваше во 12 трки, но без освоени бодови. Последната жена-возач во Формула 1 беше Џована Амати која во сезоната 1992, учествуваше во три трки, но не успеа ниту еднаш да се квалификува за финалното возење. Сега, најуспешна во мото спортот е Американката Даница Патрик. Таа се натпреваруваше во Нас-кар, каде еднаш има освено пол позиција, како и во трката во ДајтонаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
КултураНесекојдневно уживање на „Охридско лето“ -Созовска и Костов го доловија сиот раскош на барокотКамерното музицирање на виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска вчеравечер беше несекојдневен настан на „Охридско лето“. Врвните уметници, оваа прекрасна вечер во црквата „Света Софија“ ја посветија на дела создадени во барокотДоловувањето на сиот раскош на барокот започна со едно од најпознатите дела на италијанскиот композитор Антонио Бонпорти, Инвенција оп.10 бр 4 ге-мол за виолина и басо континуо, а потоа беа изведени композиции од Бах, Вивалди, Верачини, Скарлати и Бибер. За голема почит е што македонските уметници ги негуваат и делата на македонските композитори, па така, Созовска ја изведе Свитата за пијано оп.27 од истакнатиот македонски композитор Томислав Зографски за која самата таа ја направи преработката за чембало. Инаку, врвната чембалистка Цветанка Созовска која има специјализирано барок, точно три децении живее и работи во Холандија, но ја промовира барокната музика и надвор од холандските граници. За да може да го долови барокот на автентичен начин пред љубителите на класичната музика во Македонија, таа во земјава го донесе и својот личен инструмент. -Инструментот што го користам вечерва е лично мој. Го купив пред три години во Холандија и го увезов во Македонија за да имам и тука инструмент и да можам да патувам и да ја презентирам барокната музика во автентичен стил, не само во Скопје, туку насекаде во земјава. Голема е честа што и на „Охридско лето“ настапувам со мојот инструмент, рече Созовска. Со нејзиниот колега, виолинистот Владимир Костов, ги врзува не само виртуозноста над своите музички инструменти, туку и големата љубов кон барокната музика. Заедничкото музичко дружење со фестивалската публика, тие го изведоа во историски штим од 415 херци, а Костов на концертот користеше и барокно гудало за својата виолина. -Како што се развивала виолината во текот на вековите, така се развивало и гудалото. Ова е еден тип на гудало кое што по форма, големина и должина се користело во тоа време за да се долови тој звук. Исто така специфично е и тоа што свириме на автентичен штим од 415 херци. Тоа е штим којшто се изведува со оригиналните инструменти бидејќи во современата музичка практика, инструментите се штимаат на 440 до 442 херци. Овој звук дава посебен амбиент и една посебна интерпретација на барокната музика и уште поголема автентичност на самите дела, појасни Костов, кој е концерт-мајстор во Македонската филхармонија, но и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. По вчерашното возбудливо музичко патување низ барокот, на репертоарот на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе следува концерт на кинескиот пијанист Сихенг Сонг. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп ја потврди тајната размена на авиони, излегол во возило за достава на хранаПретседателот на САД Доналд Трамп потврди дека минатиот месец, заминувајќи од самитот на НАТО во Турција, тајно го сменил авионот поради можна закана.Оваа информација се појави по извештаите во медиумите дека на 8 јули Трамп се качил во „Ер Форс 1“ пред камерите, но потоа тајно бил префрлен во друг воен авион, пренесува Би-би-си. „Ја слушам Тајната служба и војската. Тие сакаа да летам со друг лет, со друг авион“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи: „Едноставно морам да го правам она што ќе ми го кажат“. Замената на авионот покрена прашања за тоа дали луѓето што останале во авионот-мамка биле изложени на ризик. Во вторникот, Трамп тврдеше дека воениот авион во кој се качил бил оној што бил изложен на „поголем ризик“. Официјални лица изјавија за CBS News дека САД располагале со информации за сериозна закана од Иран за соборување на авионот со ракета. „Њујорк тајмс“ известува дека американските разузнавачки служби имале информации за лице забележано со пренослив ракетен фрлач во близина на местото каде што се одржувал самитот. Новинарите и дел од персоналот на Белата куќа, кои патувале со првобитниот авион, не знаеле дека претседателот бил тајно преместен како дел од операција за справување со заканата. Трамп претходно изјави дека бил „цел број еден“ на Иран за време на самитот во Анкара. „Изгледа дека постоеше некаква закана“, рече претседателот во вторникот за време на посетата на Охајо, каде што патуваше со претседателскиот авион „Ер форс 1“. „Не поставував многу прашања за тоа. Постојано добивам закани.“ Тој исто така напомена дека добива „многу закани за кои луѓето дури и не знаат“. Trump lies out his ass: Q: Why was it too dangerous for you to fly on Air Force One, but not for the press? TRUMP: Well, I don't know, I think actually the plane I that I flew on was at greater risk Q: Why do you say that? TRUMP: Because that would be the plane they would be… pic.twitter.com/cuSjK1qnRG — Aaron Rupar (@atrupar) August 12, 2026 Тајниот маневар бил изведен дента откако САД ги продолжија воените напади врз Иран, по пропаѓањето на преговорите меѓу Вашингтон и Техеран чија цел беше ставање крај на конфликтот. Трамп пристигна во Турција со поновиот модел „Боинг 747-8“, дониран од Катар, но најави дека ќе замине со постариот авион „Ер форс 1“ – „заради старите времиња“. На снимките од 8 јули се гледа како тој се качува во претседателскиот авион на аеродромот во Анкара. Сепак, според „Вашингтон пост“, Трамп потоа незабележливо излегол од авионот и преминал во камион за кетеринг, кој бил подигнат до нивото на вратата на спротивната страна од онаа низ која влегол. Оттаму, тајно го префрлиле во помал воен авион од типот C-32A. Станува збор за модифициран „Боинг 757“ што често го користи потпретседателот. Министерот за одбрана Пит Хегсет влезе во C-32A одделно, преку надворешни скали, за летот да изгледа вообичаено. Новинарите и дел од персоналот на Белата куќа се качиле во „Ер Форс 1“ (Air Force One) и добиле инструкции да ги спуштат ролетните на прозорците. Тие не знаеле дека претседателот веќе не е со нив. Технички, „Ер Форс 1“ е ознака за комуникација (callsign) за секој авион во кој се наоѓа претседателот на САД. Во овој случај, авионот C-32A ја користел ознаката „Reach 18“, додека авионот со новинарите продолжи да лета под ознаката „AF1“ за да се одржи измамата. Членовите на кабинетот на Трамп останале во првобитниот авион. „Њујорк тајмс“ се повикува на два анонимни извори и наведува дека меѓу нив биле државниот секретар Марко Рубио и министерот за финансии Скот Бесент. Потоа, Трамп одлета за Обединетото Кралство на пат кон САД. Таму повторно се качил во стариот „Ер Форс 1“ и бил виден како излегува од тој авион по слетувањето во базата на Кралските воздухопловни сили (RAF) во Милденхол. Не е точно познато како тој преминал од воениот авион „C-32A“ назад на постариот авион на млазен погон. Потоа, за повратот во Вашингтон, претседателот се префрлил во новиот „Ер Форс Уан“ – оној што го донираше Катар. За време на летот назад кон Вашингтон, Трамп разговарал со новинарите и ги спомнал заканите од Иран, но не открил детали за замената на авионите. Кога го прашале зошто новинарите на летот од Турција морале да ги спуштат ролетните на прозорците, тој одговорил: „Затоа што веројатно сте на опасен лет, со оглед на копилињата со кои си имаме работа“. Тој повторил дека неговиот живот е постојано во опасност и дека тој е „број еден“ на списокот на цели на Иран.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градовиАвгустовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен денеска и на 14 август, со почеток во 9 часот.. Според податоците на Државниот испитен центар, за државна матура се пријавени 1 328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Денеска е тестот по изборниот екстерен испит – математика или англиски јазик.. За другите странски јазици – германски, француски, италијански и руски кои ги полагаат само гимназијалците, за август нема кандидати, исто како и за предметот историја, кој е наменет за уметничка матура.. На 14 август е полагањето на задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик и литература..Тагови: МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook