Стигнува ли „шлаканица“ од ЕУ , а во корист на Бугарија?

Про-ЕУ порталот, Euractive кој вообичаено има речиси 100% точни информации поврзани со ЕУ прашањата, тврди дека постои документ во кој ЕУ ќе инсистира Македонија да ги реши проблемите со Бугарија. Лошо?Да!

Ви го пренесуваме текстот објавен денес на сајтот на Еурактив,напишан од бугарскиот екс дипломат и сега новинар, Георги Готев, кој доколку е точен, ќе предизвика сериозни дополнителни турбуленции во македонскиот „пржински“ лендскејп.

„ЕУРАКТИВ имаше можност да ја види нацрт-декларацијата на самитот на ЕУ во средата (6-ти мај) со лидерите на Западен Балкан, во која се повикува Македонија да најде решение за билатерални спорови при спроведувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Лидерите на ЕУ ќе одржат самит со своите колеги од Западен Балкан во форма на телеконференција. Пред ерупцијата на пандемијата на КОВИД-19, самитот требаше да се одржи во Загреб, под хрватското претседателство, со учество на лидерите на ЕУ 27 и нивните колеги од Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово.

Во пресрет на средбата, Бугарија испрати пораки дека не прифаќа „парализа“ на работата на билатералниот комитет за историски прашања со својот помал западен сосед ( Македонија н.з. ),а формиран според Договорот за соседство помеѓу двете земји од февруари 2018 година .
„Ако мешовитата комисија за историја не продолжи со работа до јуни и властите во Скопје продолжат да ја фалсификуваат историјата, Бугарија нема да се согласи да започнат претпристапни разговори со Македонија“,изјави Андреј Ковачев, член на бугарската партија ГЕРБ.

ЕУРАКТИВ во вторникот го праша високиот претставник на Советот на ЕУ дали спорот меѓу Софија и Скопје е на радарот на институцијата во контекст на самитот, официјалниот претставник веднаш се осврна на ставот 9 од нацрт-декларацијата .
Во најновиот нацрт на Самитот за Декларација на Западен Балкан, кој датира од понеделникот, лидерите на ЕУ ја повикуваат Македонија да ги реши билатералните прашања и експлицитно се споменува Договорот за соседски односи со Бугарија. Во ставот 9 се вели:

„ЕУ целосно ја поддржува заложбата на партнерите од Западен Балкан за инклузивна регионална соработка и зајакнување на добрососедските односи, вклучително и со земјите членки на ЕУ. Спроведувањето на билатерални договори со добра волја и со материјални резултати, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, остануваат важни во овој насока. “

„Потребни се понатамошни и одлучувачки напори за помирување и регионална стабилност, како и за изнаоѓање и спроведување на конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за билатералните спорови и прашања на партнерите, вкоренети во наследството од минатото, во согласност со меѓународното право и утврдени принципи, вклучително и Договорот за прашања од сукцесија (на поранешна Југославија). “

Еурактив додава:

Под децениско владеење на националистичката ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски (2006-2016), Скопје не правеше обиди за достигнување на европската интеграција и само бараше причини да ги обвини другите, воглавно Грција, за блокирање на европската иднина на земјата.
Доколку оваа политичка сила ( ВМРО-ДПМНЕ н.з. ) ќе победи на следните парламентарни избори во Макеоднија - кои првично беа закажани за 12 април, но беа одложени заради пандемијата на коронавирус - голема е веројатноста земјата да остане блокирана и да ја обвини Бугарија како нејзин главен непријател.
Ваквата политика имплицитно ја поддржува и официјален Белград, кој се плаши дека членството на Скопје во ЕУ ќе помогне да се избегне зафаќањето на Србија, воспоставено во поранешна Југославија. “

Во Нов Дојран во двор пронајдена граната од Првата светска војна

Во Полициското одделение Нов Дојран, на 7 мај било пријавено дека во дворно место на ул. „Антон Панов“ во Нов Дојран била пронајдена експлозивна направа, која ден подоцна била безбедно подигната и отстранета од експерти за пиротехника на Дирекцијата за заштита и спасување.

-На 08.05.2024 бил извршен увид на местото, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за граната со калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна и која била безбедно подигната, соопшти МВР.

Гвир: Хамас го сака Бајден

Израелскиот екстремно десничарски министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир на X објави дека „Хамас го сака Бајден“.

Израелскиот екстремно десничарски министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир на X објави дека „Хамас го сака Бајден“, еден ден откако американскиот претседател рече дека нема да го снабдува Израел со офанзивно оружје што земјата може употреби за напад на Рафа.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Бајден вчера рече дека САД остануваат посветени на одбраната на Израел и дека ќе го снабдат со ракетни пресретнувачи Железна купола и друго одбранбено оружје, но не и артилерија и друго оружје и алатки и гранати што биле користени порано, доколку израелските војската „оди“ во Рафа.

Бен Гвир употреби емотикон срце во објавата која се однесува на Бајден и Хамас и инсистира на воен одговор и се закани дека ќе ја напушти владата доколку Израел не почне голема воена операција во Рафа.

- Има само еден одговор на вежбите и игрите на Хамас: итна наредба да се окупира Рафа, напиша Бен Гвир на X.

Италијанката Џорџи ја заврши тениската кариера

Италијанката Камила Џорџи стави крај на својата професионална кариера, на 32 годишна возраст, соопшти денеска Тениската федерација на Италија.

Во текот на кариерата Џорџи освои четири ВТА турнири, од кои најголемиот е оној од серијата Мастерс 1000 во Монтреал во 2021 година.

На грен – слем турнирите најдалеку отиде во Вимблдон во 2018 година, кога играше во четвртфиналето.

Последниот дуел Џорџи го одигра во март годинава на турнирот во Мајами, каде загуби во второто коло од најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек со 1-6, 1-6.

притисни ентер