3ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
МакедонијаСтевкова Штериева: Банките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиитеБанките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиите, тоа е индивидуална одлука на раководствата. Банките ги разгледуваат тарифите за можноста за намалување на провизите на одредени услуги, по барањето што го упати минатата недела гувернерот на Народната банка Трајко Славески во Македонската банкарска асоцијација (МБА). Претседателката на МБА Маја Стевкова Штериева денеска изјави дека тоа е индивидуална одука на органите на управување на банките, а упати и на ветувањето од Народната банка за намалување на надоместоци што банките ги плаќаат за користење на услугите во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС). - Да, на состанокот кажавме дека сите опции ќе бидат разгледани. Банките веќе почнаа да си ги разгледуваат тарифите, тоа што го даде гувернерот, но како што нагласив и тогаш тоа е индивидуална одлука на секоја банка односно на органите на управување на банката. Пред се, треба да ги погледнеме тарифите, беше ветено и од Народната банка дека на долговниот промет на страната на трансакциите поврзани со МИПС ќе има ослободување од таа трансакција. Тоа се покомплексни пресметки и за едното и за другото, така што во соодветно време очекувам дека ќе реагираат, рече Стевкова Штериева, на новинарско прашање на настан по повод доделување награди на макеоднските ученици кои освоија второ место на Европскиот квиз на пари. Гувернерот Славески на средбата со претставниците на МБА минатата недела рече дека очекува во најкус можен рок банките да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите и да ги постават на разумно ниво. Најави дека на тоа ќе претходи намалување на надоместоците што банките ги плаќаат за користење на услугите во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), како што се надоместоците поврзани со долговниот промет. Славески предупреди дека високите трошоци за извршување на плаќања можат да бидат бариера за користење на официјалните канали, особено кај населението со пониски примања кое во услови на ценовно недостапни услуги ќе мора да се потпира повеќе на готовина. - Надоместоците за одржување на платежна сметка за компаниите - иако се на слично ниво како кај матичните банки од ЕУ, сепак претставуваат висок трошок, посебно за малите и средните компании во земјата, поради што треба да се намалат. Надоместоците за користење на електронско и мобилно банкарство, во услови кога се наплатуваат надоместоци за одржување на платежна сметка, претставуваат дополнителен трошок кој би требало да се укине имајќи предвид дека оваа услуга е вообичаено бесплатна за граѓаните кај матичните банки од ЕУ, а дел од нив не наплатуваат вакви надоместоци ни од компаниите. Надоместоците за плаќањата со платни налози во рамки на банката треба да се укинат имајќи предвид дека за нивно извршување не е потребно користење на платни системи кои создаваат трошоци за банките, а оваа услуга е вообичаено бесплатна за граѓаните кај матичните банки од ЕУ, рече гувернерот. Како што дополни, треба значитено да се намалат и надоместоците за меѓубанкарските плаќања во домашната валута кои се извршуваат преку платните системи КИБС и МИПС имајќи предвид дека ваквата услуга кај матичните банки од ЕУ за плаќањата во евра како национална валута во СЕПА е бесплатна или по многу ниски надоместоци за граѓаните, најмногу до 1 евро. Исто така треба да се намалат и поедностават надоместоците за подигнувањето готовина на туѓи банкомати во земјата и странство кои кај некои баки се и во вид на процент од износот следејќи го моделот на поставеност кај матичните банки од ЕУ кои применуваат пониски и фиксни надоместоци по трансакција. Гуверенерот рече дека и надоместоците за прифаќање картички на продажни места кај трговците кои банките ги наплатуваат од трговците треба да се намалат имајќи предвид дека меѓубанкарските провизии се ограничени со Законот за платежни услуги и платни системи и се сведени на нивоата во ЕУ. Според последните податоци од 2024 година, нето-приходите од надоместоци учествуваат со 18 проценти во вкупните нето-приходи на банките.Тагови: МБА Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЖивотОд ноќеска почнува зимското сметање на времето, стрелките се поместуваат за еден час наназад Зимското сметање на времето оваа година започнува ноќеска во 3:00 часот, со поместување на стрелките на часовниците за еден час наназад.Летното сметање на времето оваа година завршува во недела, 25 октомври, во 3:00 часот наутро, кога часовниците треба да се поместат за еден час наназад, на 2:00 часот наутро. Македонија го следи стандардното централноевропско време (CET, UTC+1), додека во текот на летниот период се користи централноевропско летно време (CEST, UTC+2). Оваа практика е во согласност со повеќето европски земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаГори „Орловото гнездо“ на Хитлер, уапсен е осомничениот (ВИДЕО)Германската полиција соопшти дека привела осомничен откако избувнал пожар во историска планинска структура позната како „Орловото гнездо“, која ја користеле како место за одмор нацистичките функционери, вклучувајќи го и диктаторот Адолф Хитлер.Околу 200 пожарникари и работници за итни случаи се бореле со пожар во областа Берхтесгаден во јужната германска покраина Баварија во петокот, откако зграда позната како Келштајнхаус се запалила, соопшти полицијата. Според снимките од метеоролошките камери, пожарот сè уште беснеел во зградата во раните утрински часови во саботата. Фотограф на АФП објави дека полицијата го блокирала пристапот до патот што води до местото, додека на самиот врв паѓал снег. Полицијата го привела осомничениот, а причината за пожарот се истражува Во соопштението, полицијата наведува дека истражува дали осомничениот, кој бил приведен во близина на местото на настанот, е поврзан со пожарот. Во моментов нема информации за можен мотив. German police have detained a suspect after a major fire broke out at Adolf Hitler’s former Alpine retreat, the Eagle’s Nest, in Bavaria on Friday night. The building was engulfed in flames, with around 200 emergency personnel deployed. Difficult terrain hampered firefighting efforts, and the blaze was still burning early Saturday. No injuries were reported. Police are investigating whether the suspect was involved in starting the fire. — Clash Report (@clashreport) October 24, 2026 Полицијата додаде дека никој не е повреден. Според полицијата, детектор за чад во зградата го активирал противпожарниот аларм во петокот околу 21:50 часот. локално време. Пристигнувајќи на местото на настанот, пожарникарите забележале пламен како се крева високо во воздухот. Кога пристигнале, ја нашле зградата „целосно зафатена од пламен“. Пристапот до локацијата - која се наоѓа на надморска височина од 1.834 метри надморска височина - како и самото гаснење на пожарот, претставувале голем предизвик, изјави портпаролката на полицијата Лиза Мајер. „Влегувањето во зградата е можно само со употреба на тешка заштитна опрема за дишење“, објасни таа. Историска зграда изградена за нацистички службеници Изградена во 1938 година како куќа за гости за нацистички службеници и нивните гости, имотот е сместен во спектакуларен алпски пејзаж и е одвоен од блиската летна резиденција на Хитлер, позната како Бергхоф. Денес, Келштајнхаус е во сопственост на сојузната покраина Баварија, а по војната е прогласена за историски споменик што потсетува на нацистичкиот период. Службите за итни случаи не пронајдоа никого во зградата. „Кривичната истрага е во тек“, рече Мајер. Недолго откако избувнал пожарот, „сомнително лице го привлече вниманието на истражителите“, објави полицијата. Според германскиот таблоид „Билд“, полицајците наишле на мотоциклист кога пристигнале на местото на настанот. Зградата ја преживеала Втората светска војна без штета Зградата, позната по голем број повоени американски филмови, нуди исклучителен поглед на живописниот планински пејзаж - остра спротивност со ужасите на Третиот рајх, чии антисемитски, расистички и експанзионистички политики предизвикаа смрт на милиони луѓе и доведоа до холокаустот. Изградена од камен и гранит, зградата била дизајнирана да импресионира странски дипломати. Зградата ја преживеала Втората светска војна без никаква штета. Тука работи ресторан од 1952 година, а на локацијата е отворена изложба која ја прикажува историјата на зградата. Туристите можат да стигнат до локацијата само со автобус.Тагови: Адолф Хитлер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо Словачка се одржуваат локални и регионални избори Гласачките места во Словачка се отворија утрово во 7:00 часот за локални и регионални избори, а граѓаните ќе можат да гласаат до 20:00 часот.Речиси 4,41 милиони луѓе имаат право на глас, а гласањето се одвива на 6.029 избирачки места во 2.926 општини, градови и градски окрузи, објави TASR. Гласачите избираат градоначалници, членови на општински и градски совети, претседатели на самоуправни региони и членови на регионални собранија. Во Братислава и Кошице се избираат и претседатели на градски окрузи и членови на нивните совети. Мандатот на избраните претставници трае четири години, а граѓаните можат да гласаат само во местото на нивното постојано живеалиште. Покрај возрасните граѓани на Словачка, право на глас имаат и странски државјани со постојано живеалиште во таа земја.Тагови: Словачка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21