Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ - Канал 5

Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“

Откако судот му ја одби жалбата Јакимовски доброволно замина на одлежување на затворската казна од шест и пол месеци..

Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска доброволно заминал на издржување на затворската казна од шест и пол месеци, соопштија од неговата партија, откако Кривичниот суд ги разгледал неговите медицински документи и ја одбил жалбата за одложување по неодамнешната операција. Дека Јакимовски веќе се наоѓа во затворот „Скопје“, попознат како „Шутка“, за Канал 5 потврди и директорот на затворот Бобан Утковски.

Од партијата на Јакимовски изразија длабоко разочарување укажувајќи дека поставувањето на времените објекти – бараки во кои 13 години беше сместена опшинската администрација не направила никому штета, туку општината за сите тие години заштедила милион и пол евра кирија, бидејќи не се плаќал закуп. Според ГРОМ, за случајот со Јакимовски судот се потврдил, како што велат, како параполитичка организација, која не и служи на правдата и законите и на Уставот, туку според нив на политичката партија која е на власт.

- Тој бараките не ги постави за своите деца и своето семејство, туку за граѓаните на Карпош. Не земајќи ја во предвид неговата здравствена состојба дека тој е онколошки неизлечен пациент, оперативниот зафат извршен пред 12 дена само ја покажува нечовечноста, нехуманоста и флагрантно кршење на човековите права. Не не’ зачудуваат политичките противници и нивната крволочност, но нека им служи на чест на сите оние од правосудниот систем кои оркестрирано во служба на власта учествуваа во замолкнувањето на Стевче Јакимовски, пишува меѓудругото во партиското соопштение од ГРОМ.

Судскиот процес против Јакимовски траеше повеќе од шест години, а во април минатата година тој првостепено беше осуден на три и пол години затвор за две дела, бесправно градење и злоупотреба на службената положба. Сепак, скопска апелација во јуни годинава донесе конечна одлука со која ја преиначи пресудата и го врати делот за злоупотреба на службената положба на повторно судење, но ја потврди едногодишната затворска казна за бесправното градење кое се однесува на двете времени бараки во дворот на основното училиште „Лазо Трповски“. Бидејќи во казната му се пресметуваат и петте месеци поминати во куќен притвор во 2019 година, ефективното време кое Јакимовски треба да го помине во затворот „Скопје“ изнесува шест и пол месеци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Сами против сите

Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови, напиша на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски по изборите во Брвеница.

Мицкоски: Сами против сите

Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа.

Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата.

Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер