Стевче Јакимовски на 2-ри јули треба да се јави во затвор за издржување на едно годишната казна - Канал 5

Стевче Јакимовски на 2-ри јули треба да се јави во затвор за издржување на едно годишната казна

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на Гром, Стевче Јакимовски за 20 дена треба да се јави во затворот во Шуто Оризари на отслужување на затворската казна, соопштија од кривичниот суд.

Стевче Јакимовски на 2-ри јули треба да се јави во затвор за издржување на едно годишната казна

Ова следува откако Апелација му ја потврди едногодишната затворска казна за делото бесправно градење поврзано општинската зграда. Во казната, како што појаснуваат од судот, му е пресметано и времето поминато во куќен притвор во периодот од 10 ти март до 15ти август 2019 година – што значи дека Јакимовски ќе треба да одлежи затворска казна од уште 7 месеци.

„Судија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година.“- Кривичен суд.

Јакимовски во телефонски разговор за Канал 5 вели дека се уште не го добил упатниот акт, но најави дека ќе бара одлагање на издржувањето на затворската казна бидејќи како што и претходно рече, ќе ја оспори пресудата, која ја нарече политичка и дека целта била да се оневозможи да се кандидира на повторните избори за градоначалник на Карпош.

„Јас се надевам дека Врховниот суд е тој што ќе заземе праведен став и ќе ги отсрани овие недостатоци на оваа очигледно политичка пресуда што е направена..... За ова што ме товарат исто така имаат и два фалификата....Ги искористија и фалсификатите за оваа пресуда...“ - Стевче Јакимовски – поранешен град. на О.Карпош (09.06.2026)

Покрај потврдата на едногодишната затворска казна, Апелација уважи една од жалбите на Јакимовски, и тоа во делот што се однесува на обивнението за злоупотреба на службената положба и овластување и во тој дел предметот се враќа на повторно судење.

Како што посочија пред два дена од судот во однос на ова кривично дело, со оглед дека истото е сторено во период од 2011 година до 2017 – та година, предвидената казна е од три до пет години, па согласно одредбите за застарување истото би застарело во 2027 – ма година.

.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

 – Како повторно да внесете блискост во односот

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

Стресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост.

Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот.

Зошто стресот влијае на желбата за интимност?

Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот.

Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти.

Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација.

Како повторно да се разбуди блискоста?

Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат.

Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг.

Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето.

Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот.

Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос.

Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер