Стевановиќ: Заштитата од „кракен“ е иста како и за претходните соеви на Ковид-19

Заштитата од новиот сој на Ковид-19, „кракен“, е идентична со претходните.

Неопходен е сериозен пристап на граѓаните и придржување до дадените препораки. Тоа се носење маска во здравствени институции, во затворен простор како што е јавниот транспорт, како и избегнување на затворени простории преполни со луѓе, вели директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ.

Во земјава е регистриран првиот случај на „кракен“ кај пациент од Гевгелија. Очекувањата се дека овој сој на вирусот ќе почне да осцилира и кај нас, како и во другите земји, но, како што нагласува Стевановиќ, нема место за паника.

– Таа не помогна ни во највисоките трендови на развој на пандемијата, па нема ни сега, вели Стевановиќ.

Додава дека станува збор за вирус кој е лесно пренослив, но дека не предизвикува тешка клиничка слика. Ризик да се развие потешка клиничка слика постои кај пациентите со тешки хронични болести.

-Од клиничките искуства во светот, засега не се остава впечаток дека предизвикува потешка клиничка слика или различни симптоми од досегашните. Ризикот за потешка клиничка слика сѐ уште го има приматот кај пациенти со тешки хронични болести, како и кај повозрасните лица. Секако, постои можност за копликација, посебно поради сезоната на грип, каде може да има и повеќе вирусни инфекции одеднаш, а во деференцијали дијагностички сѐ потешко се разликуваат, нагласува Стевановиќ.

Институтот за јавно здравје во неделата соопшти дека во земјава е регистриран првиот случај на „кракен“ кај пациент од Гевгелија, кој, како што вели Стевановиќ во изјава за МИА, не патувал надвор од државата и нема тешка клиничка слика. Третиран е амбулантски./МИА.

Видео: Убава навивачка на новинар на линк му ги покажа голите гради

Млада навивачка на новинар му ги покажа градите за време на програма во живо.

Италијанскиот новинар Танкреди Палмери сподели неверојатна ситуација која му се случила додека се јавувал во живо на програма во Италија кога една девојка му ги покажала градите.

Имено, навивачката на Хартс изјави дека се вика Наташа и дека доаѓа од Единбург. Таа сакаше да ја покаже својата посветеност кон својот фудбалски клуб, но и одбивноста кон Хибернианс.

Таа се обиде да ја покаже едната дојка и да му ја претстави својата тетоважа. Новинарот се обиде да ја спречи, а во намерата и се приклучил и момчето кое било со неа. Со раце и ги покриле градите.

- Градите ми се вистински - рече навивачката.

На крајот успеа да го покаже делот од телото што го наумила и тетоважата „5:1“.

Палмери беше во шок. Пред 20 години Хартс го победи Хибернијан со 5-1 во финалето на шкотскиот куп.

- Кога верна навивачка на Хартс ќе упадне во вашиот пренос во живо и сака да и ја покаже на цела Италија гордост против Хибернианс, од се срце. Би рекол од длабочината на душата – напиша Палмери.

Следните денови студено, од четврток локални врнежи претежно од снег

Во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула, најавуваат од УХМР. Утре локално ќе има слаби врнежи од снег и ќе дува засилен северен ветер.

Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а од четврток попладне повторно се очекуваат локални врнежи претежно од снег.

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтер ја погоди Кина

 Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска јужен Синџан во Кина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Официјалната кинеска новинска агенција Ксинхуа јавува дека во земјотресот нема повредени и не е причинета значителна материјална штета.

Земјотресот се случи на длабочина од 33 километри во 7:49 часот по локално време, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Кинескиот центар за следење на земјотресите го регистрираше земјотресот со прелиминарна јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, додека Американскиот геолошки институт објави дека земјотресот бил со јачина од 5,7 степени.

Државната телевизија ЧТВ прикажа снимка на која се гледа како луѓето го напуштаат холот на аеродромот и како таванските делови се нишаат додека земјата се тресе. Не се забележани нарушувања на електричната мрежа, ниту на мрежата за производство и транспорт на нафта и гас.

притисни ентер