Стерјовски побара поддршка од Македониците на парламентарните избори - Канал 5

Стерјовски побара поддршка од Македониците на парламентарните избори

Васил Стерјовски побара поддршка од Македониците на парламентарните избори, а неговиот избор за пратеник го смета за заеднички успех

Стерјовски побара поддршка од Македониците на парламентарните избори

Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој на претстојните парламентарни избори во Албанија е во трка за пратенички мандат, преку објава на Фејсбук се обрати до Македонците во округот Корча, да го поддржат порачувајќи дека „вашата поддршка е наш заеднички успех“.

Во објавата на почетокот се задржува на трагедијата што се случи во Кочани, која во овие тажни денови „ја потврди семакедонската сплотеност и единство“.

-Трагичниот настан во Кочани нè погоди сите Македонци, каде и да сме... Националната трагедија во Кочани нè потсети колку сме поврзани, ја потврди семакедонската сплотеност и единство, без разлика на границите! Во овие тешки мигови, нашите мисли и срца се со семејствата на загинатите - Бог да ги прости и вечна им слава, со пријателите, со целиот македонски народ кој ја дели оваа болка, нашите молитви се со повредените за нивно најбрзо заздравување. Било, никогаш да не се повтори, наведува Стерјовски.

Националната трагедија во Кочани, додава, се совпадна со мојата кандидатура за пратеник на претстојните парламентарни избори во Албанија, што ќе се одржат на 11 мај годинава. Од почит кон загинатите и во знак на солидарност, не ја објавив мојата кандидатура додека траеа деновите на жалост.

-На овие избори, единствената македонска партија во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција настапува во коалиција со Социјалистичка партија. Во согласност со договорот за коалицирање, јас сум кандидат на изборната листа на Социјалистичка партија за округот Корча. Од 143 кандидати кои се натпреваруваат во Округот Корча, од 11 партии и коалиции, јас сум единствениот Македонец во трка за пратенички мандат - предложен од Македонска алијанса за европска интеграција. Упатувам искрена благодарност до Социјалистичката партија која ни даде можност да се најдеме на нивната листа. Мојата искрена благодарност и до Македонската алијанса за европска интеграција, за поддршката и довербата да ја претставувам Македонската заедница во Албанија во овој важен политички процес, напиша тој.

Оценува дека на Македонците во Албанија им недостига претставнички мандат во Собранието на Република Албанија, дека “долги години изборните закони беа дискриминаторски кон националните малцинствата, оневозможувајќи ни да имаме свој глас во законодавната власт“.

-Во претходниот мандат, како пратеник, предложив законски измени за гарантирани квоти за националните малцинства. За жал, големите партии сè уште немаат политичка волја и слух да ги прифатат овие промени, иако декларативно зборуваат за албанското општество како мултиетничко, мултикултурно и мултиконфесионално. Сепак, како Македонци во Албанија, не се откажуваме од таа амбиција. Продолжуваме да ги користиме сите можности за учество на изборите, да осигураме - македонскиот глас повторно да се слуша во Собранието на Република Албанија, нагласува Стерјовски.

Во мојот претходен мандат, посочува, чесно и посветено работев за Македонците и за сите граѓани на Округот Корча и верувам дека единствениот начин да се избориме за подобри услови за живот, за интеграција на Македонската заедница во институциите на системот, е преку активна политичка борба.

- Само преку институциите можеме да издејствуваме промени и да ги подобриме условите за живот и работа. Ја барам вашата поддршка - за повторно од говорницата на Собранието на Република Албанија да ги иницирам сите прашања што нè засегаат како Македонци на целата територија на Република Албанија - во Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, Врбник, Тирана, Корча, поголемите градови во Албанија. Поддршка барам од припадниците на сите национални малцинства во округот Корча, да бидам нивниот глас, но и на секој граѓанин кој сака развој и напредок на нашиот регион, порачува тој.

Ги иформира гласачите дека со новите измени во Изборниот законик, за првпат, ќе може да гласаат директно за неговото име на гласачкото ливче.

-За Преспа, за округот Корча, за Македонците во Албанија! Вашата поддршка е наш заеднички успех! Гласајте за Васил Стерјовски за пратеник, гласајте за Вашиот глас во Собранието на Република Албанија, апелира на крајот од објавата Стерјовски, барајќи го гласот на Македонците во изборната единица Корча.

Стерјовски (43) беше пратеник во претходниот состав на албанскиот Парламент. Тој е прв пратеник Македонец кој јавно се декларираше тоа што е - Македонец, а благодарение на негово обраќање за првпат се скушна македонскиот јазик во собраниската сала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Утре наместа ќе дува силен јужен

Според УХМР утре под влијание на јужно воздушно струење наместа ќе дува силен јужен ветер кој повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.

УХМР: Утре наместа ќе дува силен јужен

Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината.

Во Скопје, ќе дува умерен до засилен јужен ветер со температура значително над просекот за овој период од годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крај за Мајкл Керик на „Олд Трафорд“! Манчестер јунајтед му врачи отказ

Англискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед повлече радикален потег и му врачи отказ на менаџерот Мајкл Керик! 

Крај за Мајкл Керик на „Олд Трафорд“! Манчестер јунајтед му врачи отказ

Англискиот стручњак повеќе не е тренер на „Црвените ѓаволи“, а одлуката на раководството на клубот уследи по катастрофалниот почеток на сезоната и резултатите што го доведоа гигантот од „Олд Трафорд“ во сериозни проблеми.

Веста за заминувањето на Керик беше истовремено објавена од водечките британски медиуми, а набргу пристигна и официјална потврда од клубот. Раководството на Јунајтед процени дека е неопходна промена на тренерската клупа, откако тимот оствари само една победа во првите десет кола од Премиер лигата и се најде во зоната за испаѓање.

Керик го презеде тимот на почетокот на годината, а по успешниот завршеток на минатата сезона, ја доби довербата на раководството во вид на постојан договор, потпишан во мај. Потоа, под негово водство, Јунајтед стигна до третото место, но продолжувањето на соработката не ги донесе очекуваните резултати.

Како што пренесуваат медиумите, челниците на клубот, Омар Берада и Џејсон Вилкокс, разговарале со актуелниот тренер и го известиле за одлуката тој да си замине.

Веќе се знае кој треба да седне на „жешкото столче“ во англискиот гигант.

Маурисио Покетино постигнал начелен договор со Манчестер Јунајтед, но постои една важна пречка – аргентинскиот стручњак моментално ја предводи репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Покетино прво треба да ги заврши своите обврски кон националниот тим, па дури потоа да го преземе составот од „Олд Трафорд“.

Затоа, сè уште не се знае кој ќе го предводи Јунајтед во големото дерби против Ливерпул, кое е на програмата веднаш по репрезентативната пауза. Раководството на клубот сега го очекува тешка задача: да пронајде привремено решение и да се обиде да го извлече тимот од резултатската криза, пред сезоната да добие уште подраматичен тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!

Организираната криминална група на Мицкоски, панично ја штити банката на Вучиќ.

СДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!

Сакаат да го заташкаат скандалот со внесувањето на Алта банка во Македонија, да се спасат од одговорност, да сокријат сметки, трансакции, потекло на капитал...

Нема да можат. Алта банка е огромен финансиски скандал и одговорност ќе има! За сите!

СДСМ денеска поднесе Кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други службени и одговорни лица во Народната банка.

Бараме одговорност за сите инволвирани во Алта банка!

Сите што ја отворија вратата и ја внесоа Алта банка во Македонија, што не провериле потекло на капитал, сопственик, ризик, што ја дале согласноста и што не ги заштитиле интересите на граѓаните на Македонија.

Пријавата е обемна, темелна, аргументирана и правно издржана со конкретни правни основи, групирани во неколку целини.

Прво, кривична одговорност според Кривичниот законик.

Трајко Славески и пријавените лица се теретат дека со своите дејствија на сторување и несторување, пропуштање должен надзор, во периодот од втората половина на 2025 година до октомври/ноември 2026 година.

„Несовесно работење во службата“ по член 353-в и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353.

Второ, одговорност за одобрување на преземањето и надзорот според Законот за банките.

Во Кривичната пријава се наведени членовите 13, 17, 18 и 59, 62, за неисполнување на условите за стекнување квалификувано учество особено на лице со изречена прекршочна санкција, за проверката на инвеститорот и основите за добивање на согласноста која ја дала Народна банка, односно Славески.

Бараме да се утврди зошто не била проверена репутацијата на сопственикот, потеклото на парите и ризиците за сигурноста и стабилноста на банката.

Давор Мацура зошто не го провериле? Сомнителниот капитал зошто не е проверен и така натаму.

Опфатени се и членовите 83 и 88 – во однос на согласностите за членовите на надзорните и управните органи.

Основано се сомневаме дека Народната банка не ги употребила законските механизми навреме и дозволила ризиците да се прелеат врз граѓаните на Македонија.

Трето – одговорност според Законот за Народната банка и прописите за спречување перење пари. Со барање да се испитаат направените проверки на сопственикот, капиталот и трансакциите, како и постапувањето на надзорниот орган.

Дали биле побарани информации од странските регулатори? Дали била вклучена Управата за финансиско разузнавање? Кои предупредувања биле разгледани и што било преземено?

Во пријавата бараме прибирање на целокупното досие за преземањето, стручните елаборати, записниците, согласностите и кореспонденцијата со домашните и странските институции.

Бараме проверка на прекуграничните трансакции и сослушување на сите лица што учествувале во одлучувањето и надзорот.

Бараме и мерки на претпазливост за Трајко Славески и останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Почитувани,

Во Србија има истрага, одземена е лиценцата на Алта банка, отворен е стечај, приведен е сопственикот Давор Мацура, се истражуваат 380 милиони евра, се споменуваат и фалсификувани пари.

Банката била пералница на пари на Вучиќ а во Македонија ја донесоа Мицкоски и Славески.

Не може во Македонија ништо да не се презема.

Одговорноста треба да се лоцира, институциите мора да постапат.

Обвинителот Ненад Саевски има шанса да ги одбие повиците на Мицкоски и да покаже дека може да работи независно, по Закон.

Или да стане соучесник на оваа организирана криминална група и да ги штити.

Но на сите, буквално на сите, од Мицкоски до Славески и сите инволвирани во скандалот со Алта банка едно треба да им биде јасно:

Одговорност ќе има! Доаѓа време на правдата!

Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер