Стерјовски од Торонто: Македонецот не се брише, не се прекрстува, не се покорува, и денес, и утре - Канал 5

Стерјовски од Торонто: Македонецот не се брише, не се прекрстува, не се покорува, и денес, и утре

Македонецот не се брише, не се прекрстува, не се покорува, и денес, и утре, и секој ден потоа, ние ќе постоиме.

Стерјовски од Торонто: Македонецот не се брише, не се прекрстува, не се покорува, и денес, и утре

Денес стоиме тука не само како сведоци на нашето време, туку и како чувари на една истрајна и непокорна историја - историја на еден народ кој низ вековите многу пати бил оспоруван, негиран, нападнат, но никогаш, никогаш, не бил победен, рече Васил Стерјовски, лидер на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), на 67-от традиционален Илинденски пикник во организација на „Обединети Македонци“ во Торонто.

-Македонците постојат. Постојат со својот јазик, култура, историја и идентитет. Постојат во својата татковина Македонија, постојат во Егејот, во Пирин, во Мала Преспа, во Голо Брдо и Гора, во целиот Балкан, и во сите четири страни на светот, таму каде што кој било Македонец го носи своето име со гордост. Ние сме народ кој со векови го чува својот идентитет како оган под пепел, и кога мислеле дека сме исчезнале, ние само тивко сме се подготвувале повторно да воскреснеме, посочи тој.

Нè негирале и тоа не еднаш, рече Стерјовски и додаде „нè негирале соседите, ни ја бришеле историјата, ни го присвојувале јазикот, ни го менувале името, ни го укинувале правото да бидеме тоа што сме“.

-Но тие не сфатија едно: Македонецот не се брише. Македонецот не се прекрстува. Македонецот не се покорува! И денес, и утре, и секој ден потоа, ние ќе постоиме. Ќе ја пееме нашата песна. Ќе ги учиме нашите деца на македонски. Ќе ја носиме нашата носија. Ќе ги чествуваме нашите херои. Ние не бараме повеќе од она што ни припаѓа, но нема да прифатиме помалку од правото да бидеме тоа што сме. Не молиме за признание, го бараме она што е наше по право, порача Стерјовски.

Ве охрабрувам, рече, да продолжите да бидете будното око на нашата кауза, а вашиот глас, вашето присуство, вашата ангажираност значат многу.

-Нека никој не го заглуши вашиот глас и нека никој не ја избрише вашата меморија. Чувајте го македонското име, јазикот, песните, обичаите – тие се нашиот завет. Македонците во Албанија секогаш ќе ве доживуваат како своја продолжена рака, како најблиски роднини кои и по генерации не ја заборавиле татковината. Заедно сме посилни. Нека е честит Илинден! Да живее македонскиот народ! Да живее Македонија, каде и да чука македонско срце, посака Стерјовски во обраќањето.

Покрај другото тој се задржа и на „големиот и значаен придонес на Македонците во темелите на Албанија што е историски факт, но и наша гордост“.

- И денес, иако сме лојални граѓани на државата Албанија, ние Македонците се соочуваме со нови предизвици, од негирање на нашиот идентитет, до обиди за асимилација од надворешни сили. Бугарскиот притисок врз Албанија да не нè признае она што сме – Македонци, е неприфатлив. Ние не бараме привилегии, бараме почитување на елементарното човеково право: да бидеме тоа што сме - Македонци. Апелирамe до институциите во Тирана и Скопје да го поддржат овој наш праведен повик. Сакаме европска Албанија, но не по цена на македонскиот идентитет, нагласи тој.

На свеченоста претседателот на „Обединети Македонци“, Ристо Дурловски, на Стерјовски му врачи признание за „заслуги за македонската кауза“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети болоњезе

Во среда (07.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Бојана Михајловиќ.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети болоњезе

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. шпагети

250 гр. мелено месо

1 главица кромид

1 ќесичка Болоњезе сос

малку магдонос

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и Мршевци

Општина Илинден продолжува со интензивна реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната мрежа и создавање побезбедни услови за сообраќај. 

Општина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и Мршевци

Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започнаа градежни активности за реконструкција на две улици во населените места Илинден и Мршевци.

Со предвидените активности е опфатена улица „4“ во населеното место Мршевци, во должина од околу 200 метри, како и крак на улица „8“ во населеното место Илинден, во должина од околу 130 метри, при што на улицата „8“ претходно е изведена фекална канализациска мрежа, со што се создадени услови за целосно уредување на патната инфраструктура на оваа локација.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во почетокот на градежните активности, при што ја истакна важноста на овие инфраструктурни зафати за локалното население. Тој посочи дека реконструкцијата на улиците ќе овозможи поквалитетно и побезбедно одвивање на сообраќајот, подобра пристапност и унапредување на секојдневните услови за живот на жителите.

Општина Илинден останува посветена на континуирано модернизирање на локалната инфраструктура, согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во реконструкција и санација на локалните улици и патишта, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗТ Скопје брка прва европска победа во 21 век – се подготвува„пекол“за Естонците!

Макеоднскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денес (14 октомври) со почеток во 18:30 часот ќе го пречека естонскиот состав Тарту во спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на ФИБА Еврокупот. 

МЗТ Скопје брка прва европска победа во 21 век – се подготвува„пекол“за Естонците!

Македонскиот претставник се наоѓа пред историска можност на овој натпревар да стигне до својата прва европска победа во 21 век, поради што управата на клубот најавува уште еден голем кошаркарски спектакл.

Како вистинска увертира за овој значаен предизвик, клубот организира специјална фан-зона на платото пред СЦ „Јане Сандански“, која ќе биде отворена од 17:00 часот. Присутните навивачи ќе имаат можност да се загреваат за натпреварот во опуштена атмосфера, придружувана со одлична музичка програма за која ќе биде задолжен Диџеј Ален, надополнета со богата понуда на храна и пијалаци. Преднатпреварувачката програма нуди забавни содржини за сите генерации, вклучително и специјална програма за најмладите, како и натпревар во слободни фрлања преку кој фановите ќе можат да освојат вредни награди.

Од раководството на клубот апелираат до сите симпатизери по завршувањето на дружењето масовно да се преселат на трибините, потенцирајќи дека нивната силна и континуирана поддршка е клучна за остварување на зацртаната историска цел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер