Други спортовиСтепанова: Руски спортисти кои земале допинг ќе настапат на ОлимпијадатаРуски спортисти кои земале стимулативни средства сепак ќе се натпреваруваат на Олимписките игри во Рио де Жњнеиро и покрај напорите на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), тие да бидат исклучени од Олимпијадата, тврди руската атлетичарка Јулија Степанова.Таа и нејзиниот сопруг Виталиј Степанов, се главните „поткажувачи“ кои светската антидопинг агенција ги користеше за да се обвини Русија за вклученост на државата при давањето стимулативни средства на домашните спортисти. Во разговор за Би-Би-Си, Степанова вели дека во разни дисциплини ќе има руски натпреварувачи без разлика што претходно тие користеле допинг, но зесега не посочува за кого станува збор и во кои дисцилини тие учествуваат. Во неделата, ИОК одлучи да не ја исклучи целосно Русија од учеството на Олимпијадата , но побара од меѓународните спортски асоцијации да одлучат дали ќе им дозволат на Русите да се натпреваруваат, според принципот дека нема учество за оние кои еднаш веќе биле казнувани за допинг. Степанова во 2013 година беше казнета затоа што не го помина антидопинг тестот, па ИОК сега не и дозволи да трча во Рио во својата дисциплина 800 метри. Таа и сопругот, поранешен функционер на руската антидопинг агенција, остро реагираа на ваквата одлука на ИОК, со отворено протестно писмо во кое тврдат дека нејзнината суспензија нема да охрабри никого во спортот да се појави во улогата на поткажувач. Степанова се брани дека пред три години била суспендирана само како „жртва на рускиот систем“ за давање стимулативни средства на спортистите. По одлуката на ИОК, од Игрите се суспендирани 37 руски спортисти во разни спортови. Претходно беше елиминиран комплетниот атлетски тим на Русија, во кои има натпреварувачи кои никогаш досега не биле осомничени за земање допинг средства. Брачната двојка Степанови, побегна од Русија по откривањето дека тие се поткажувачите во аферата. Според Би-Би-Си, тие живеат на непозната локација, стравувајќи за својата безбедност. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛазар Еленовски на „Кавга со Иван“Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Лазар Еленовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Реконструкцијата на Влада е само замена на Курто со МуртоНајавената реконструкција на Владата на Мицкоски е само замена на Курто со Мурто и ништо повеќе. Замена на неколку имиња во Владата нема да донесе никаква промена за граѓаните, затоа што проблемот се политиките на оваа неспособна и криминална власт. По две години владеење, Владата на Христијан Мицкоски не испорача ниту економски резултати, ниту повисок животен стандард, ниту правда, ништо. Ниту едно изборно ветување не е исполнето. Економијата е во сериозна криза, буџетскиот дефицит е речиси целосно потрошен за само шест месеци, нема пари ниту за пензии, јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра, а премиерот како решение за иселувањето на младите најавува увоз на „економски работници“. Во тендер-коалицијата ништо суштински не се менува. Театарот е ист, глумците се исти. Старите политики остануваат, старите практики продолжуваат, а новите имиња се само нова амбалажа за истото неуспешно владеење, на истото старо, корумпирано владеење, кое продолжува да произведува нови скандали, нови криминални тендери и нови разочарувања за граѓаните. Симни се Курто да се качи Мурто, а газадата останува ист. Македонија не оди напред. Со оваа власт Македонија забрзано се движи кон пропаст. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУсвоен законот за органодарителствоСобранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, со што се отвора можност секој полнолетен граѓанин лично да се изјасни дали сака да биде органодарител по својата смрт.Законот, кој беше донесен по скратена постапка, доби поддршка од 58 пратеници, додека шест гласаа против.. Од министерството за здравство оценуваат дека со овие измени значително се унапредува правната и институционалната рамка за органодарителство и трансплантација во земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter