Стенд-ап турнеја на Бојан Велевски: „Све ли ја да мислам?!“ ќе ја разведри Македонија - Канал 5

Стенд-ап турнеја на Бојан Велевски: „Све ли ја да мислам?!“ ќе ја разведри Македонија

Актерот Бојан Велевски денеска направи голема промоција за неговата стенд-ап турнеја, насловена како „Све ли ја да мислам?!“.

Стенд-ап турнеја на Бојан Велевски: „Све ли ја да мислам?!“ ќе ја разведри Македонија

Велевски иако досега не беше многу присутен во медиумите, години наназад напорно работи со неговиот менаџер и настапува речиси во сите градови во Македонија.

Стенд-ап турнејата „Све ли ја да мислам?!“ ќе го има своето деби во Прилеп, на 13-ти септември.

Големото финале на турнејата ќе се случи на 18-ти ноември во Скопје, во Станица 26, а картите можете да ги купите ТУКА .

Актерот веќе неколку години е дел од „Lollipop entertainment group“ - одговорна за кариерата на многу домашни големи артисти. Покрај Бојан, меѓу нив е и DJ Babura Junior, кој во знак на поддршка ја отвори големата промоција на „Све ли ја да мислам?!“.

Водителот Марко Новески на самиот почеток го покани текстописецот на „Све ли ја да мислам?!“, познатиот Божидар Божиновски, да им се обрати на присутните.

„Инспирација има насекаде околу нас, дури и во поголеми количини отколку што можат да се опфатат во час и нешто стенд-ап. Има за до пензија инспирација стенда-пи да се пишуваат и после на децата да остане ко дуќанче. Со години чекам денови каде што ќе нема инспирација и ќе треба да се мисли на тапети или пердиња или со што и да се замараат оние што живеат во нормални општества. Опфатено е секојдневие, она што сме ние, она како сите ги гледаме другите и како другите нѐ гледаат нас, запознавање на природа и општество за повисоките одделенија“, истакна Божидар за инспирацијата за текстот за големата турнеја.

Веднаш по неговото обраќање, Велевски преку сатира, односно на специфичен, за него карактеристичен начин го означи почетокот на големата стенд-ап турнеја низ Македонија. Покрај шегите што ги кажа „на своја сметка“ и откри дел од материјалот кој публиката ќе има можност да го слуша - го нагласи и мотивот за реализирање на волку голем проект на домашната сцена.

„Оваа турнеја ја правам пред сѐ за сцената. Како што тоа изминатиов период го направија ДНК, Некст Тајм и Дарио, време е и комичарите да почнат да прават големи работи, а не само настанчиња за 60-70 луѓе секој втора недела“, рече актерот, па додаде:

„Затоа и ја барам поддршката од уметниците и општо сцената во Македонија. Да го свртиме вниманието кон стенд-ап сцената, која треба да е коректив во реално време на општеството“.

За успешна кариера и реализирање на соништата, секогаш е потребно да имаш некој кој безрезервно ќе те поддржува и ќе ти ги отвора патиштата до успехот. Во случајот на Бојан тоа е неговиот менаџер Јане Јанев, сопственик на „Лолипоп“.

„Соработката ја почнавме за време на пандемијата, 2020 година, а за тоа време бевме многу активни и емитувавме неколку лајв шоуа. На почетокот беше тешко да се променат старите навики како и да се добие довербата дека некој искрено работи на неговата кариера, но после првите нови чекори и осознавањето на целосната слика јасно ги увиде своите мани и лесно понатаму ги претвори во успешна голема приказна...

Во една реченица, почна да се фокусира на својата кариера, а на страна ги тргнавме сите претходни болки и неправди од нашето корумпирано општество. Се потруди и промени доста од работите, почна безрезервно да помага на околината и на младите артисти, цели 2 години ја обиколивме МК со карти достапни за сите и сето тоа само со една цел - Македонија да стане посреќно место за живеење, народот да биде насмеан, наместо гневен од општествените случувања. Поддршката за Бојан значи и подршка за младите артисти, но и подавање рака на сите оние несреќници кои претходно пробале да затвараат врати“, искрен е Јане.

Оваа турнеја не би била иста без поддршка од големи компании - „Vatanmed Clinic Macedonia“ која е генерален спонзор, „Подравка“ и „Реморкер“. Велевски со гордост ја истакнува и поддршката која неизмерно ја добива од „Lollipop entertainment group“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кремљ со интереснa порака по тензиите: Не сакаме да ги заоструваме односите со Германија

Русија нема намера да го намали нивото на дипломатски односи со Германија, и покрај најавата на Берлин дека ќе го затвори рускиот конзулат во Бон, објави Кремљ.

Кремљ со интереснa порака по тензиите: Не сакаме да ги заоструваме односите со Германија

„Москва нема да иницира никакво намалување на дипломатските односи“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна телевизија.

Германски мерки како одговор на инцидентот со беспилотното летало

Руското министерство за надворешни работи претходно изјави дека намалувањето на дипломатските односи е меѓу можните одговори на казнените мерки што ги објави Германија по откривањето на беспилотно летало полн со експлозив кое не детонираше на аеродромот Лајпциг/Хале на почетокот на август. Русија негира каква било вмешаност во инцидентот.

Песков повторно ги критикуваше мерките што ги објави германската влада во вторник, кои вклучуваат затворање на рускиот конзулат во Бон и културниот центар „Руски дом“ во Берлин.

Затворањето на конзулатот се смета за „апсурдно“

Тој го нарече планираното затворање на конзулатот „апсурдно“, со оглед на тоа што Германија не презентираше докази за руска одговорност.

Русија претходно во четврток изјави дека ќе ги затвори филијалите на германскиот културен Гете-институт како одмазда за затворањето на Рускиот дом.

Канцеларот Мерц и критиките за Северниот тек

Песков го обвини канцеларот Фридрих Мерц дека се обидува да освои домашни политички поени со преземање несмасни и „квазидрастични чекори“ против Русија.

„Тоа тешко дека ќе го спаси од неговата политичка судбина“, рече Песков.

Тој, исто така, го критикуваше одговорот на Германија на експлозиите во 2022 година што ги оштетија гасоводите Северниот тек 1 и 2 меѓу Русија и Германија.

Песков рече дека Украинците се идентификувани како осомничени за експлозиите и дека се во тек истраги, но дека Германија не вовела никакви казнени мерки против Украина.

„Досега, сите што разнеле нешто германско во последните години биле Украинци, кои биле фатени од самите Германци“, рече Песков.

Германија е најголемиот европски поддржувач на Украина во нејзината одбрана од руска инвазија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОН: Светот влезе во опасна зона на екстремни временски услови

Светот влезе во опасна зона на екстремни временски услови, бидејќи влијанијата на Ел Нињо почнуваат да се чувствуваат глобално, предупреди генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.. 

ОН: Светот влезе во опасна зона на екстремни временски услови

Светската метеоролошка организација ги објави најновите податоци за природниот временски феномен, кои покажуваат дека тој би можел да биде најсилниот во последните 70 години и да трае барем до февруари 2027-ма година..

Климатските експерти предупредија дека растот на температурите на океаните создава услови за екстремни суши и поројни поплави, што во одредени региони ќе донесе силни топлнотни бранови, а други ќе се соочат со катастрофални поплави..

„Науката не остава простор за сомнеж: планетата е во неистражени води, а тие води се загреваат.“, алармираше Гутереш..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сите натпревари во Аргентина ќе запрат на 10 минути за да му се аплаудира на Меси

Лионел Меси (39) на почетокот на неделата објави дека се повлекува од аргентинската репрезентација. 

Сите натпревари во Аргентина ќе запрат на 10 минути за да му се аплаудира на Меси

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња ја објави одлуката на Инстаграм нешто повеќе од еден месец по финалето на Светското првенство, во кое Аргентина загуби од Шпанија со 1-0 по продолженија. Аргентинската фудбалска асоцијација одлучи да му оддаде почит на Меси и неговата тешко повторувачка кариера.

На Меси ќе му биде оддадена почит во својата татковина со прекин на сите натпревари од 8-то коло од националното првенство во 10-тата минута. Минутата одговара на бројот што го носеше на дресот. Сите натпревари во сите категории на аргентинскиот фудбал ќе бидат прекинати.

Одлука на Сојузот

„Одлучено е дека во следната рунда од сите категории и форми на натпреварување (машки и женски, фудбал, футсал и фудбал на плажа), натпреварот ќе биде прекинат во десеттата минута од првото полувреме и дека ќе се одржи минута аплауз во знак на признание за кариерата на Лионел Меси во аргентинската репрезентација“, објави Аргентинската фудбалска асоцијација.

Меси откри дека го напишал прошталното писмо на 21 јули, два дена по финалето, но тогаш не го објавил. Во меѓувреме, на 8 август, неговиот татко Хорхе почина на 68-годишна возраст, по што, како што напишал, станал уште посигурен дека дошло време за крај на неговата репрезентативна кариера.

Тешко повторлива кариера

Тој го имаше своето деби за сениорската репрезентација на Аргентина во август 2005 година. За повеќе од две децении, тој стана нејзин рекордер по бројот на настапи и голови, а поголемиот дел од своите репрезентативни успеси ги постигна во последниот дел од својата кариера. До средината на август, тој имаше 207 настапи и 125 голови за Аргентина. Додаде и 68 асистенции.

Врвот дојде во 2022 година, кога како капитен ја предводеше Аргентина до титулата светски шампион во Катар. Тој исто така ја освои Копа Америка во 2021 и 2024 година и Финалисимо во 2022 година.

Неговото последно големо натпреварување беше Светското првенство во 2026 година. Аргентина стигна до финалето, но не успеа да ја одбрани титулата. Шпанија ја победи со 1:0 со гол на Феран Торес во продолжението. Дури и на 39-годишна возраст, Меси беше клучен аргентински играч и го заврши турнирот со осум гола и четири асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер