Стелт омикрон е потврден во Србија, првите заразени се од Нови Пазар - Канал 5

Стелт омикрон е потврден во Србија, првите заразени се од Нови Пазар

Денеска во Србија е потврден првиот случај на сојот на коронавирус од типот стелт омикрон.

Стелт омикрон е потврден во Србија, првите заразени се од Нови Пазар

Присуството на стелт кај два примерока од пациенти од Нови Пазар е потврдено со техниката на секвенционирање на Медицинскиот факултет, објави српски Телеграф.

Вирологот Тања Јовановиќ за РТС изјавила дека е забележано дека оваа подваријанта, која првпат е откриена на Филипините на крајот на јануари, се шири уште побрзо од претходната, а полека станува доминантна во некои земји, како Данска, Индија, Велика Британија и Германија.

Присуството на оваа подваријанта, како што наведува, е докажано во повеќе од 50 земји.

Што се однесува до симптомите, таа наведува дека се уште не се знае дали има разлики во однос на првата подваријанта на омикрон, БА.1, дали дава потешка или полесна клиничка слика, дали полесно го избегнува имунитетот од вакцините или природниот имунитет. .

Сепак, како што напомена таа, се претпоставува дека е сличен на претходната подваријанта.

Да потсетиме, Нови Пазар бил едно од најголемите жаришта на корона вирусот за време на павидемијата на Ковид 19. Короната во неколку наврати го десеткувала овој град, а за 24 часа избројале повеќе од 10 мртви.

Истражувачите забележуваат дека верзијата BA.2 на сојот омикрон може да има 28 уникатни мутации во споредба со BA.1, дури и кога двата омикронски соеви споделуваат 32 мутации. Тие исто така мислат дека е премногу рано да се каже што значат мутациите BA.2.

- Ваквите разлики може да доведат до различни својства, на пример, во однос на заразноста, ефикасноста на вакцината или тежината на болеста. Засега нема информации дали БА.1 и БА.2 имаат различни својства - соопштија од Статенс серум институтот.

Кога научниците првпат го откриле подтипот на омикрон BA.2 во Јужна Африка кон крајот на ноември, верувале дека ќе биде потешко да се следи од оригиналната омикрон варијанта BA.1, која има мутација - бришење на протеинот S - што се појавува на PCR тестовите. што го олеснува утврдувањето дали некој е заразен со сојот омикрон. Меѓутоа, BA.2 ја нема истата мутација, поради што сојот го добил прекарот „стелт омикрон“.

Но, сега експертите ја повлекуваат идејата дека поделбата е тајна како што изгледало на прв поглед. Велат дека подтипот BA.2 се појавува на PCR тестовите, но не мора на ист начин како омикрон BA.1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата

Утринава од 10 часот, низ сите скопски општини  се одржува  голема еколошка акција за чистење на јавните површини, во која ќе учествуваат неколку илјади волонтери.

Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата

Во акцијата се вклучаени општините и градоначалниците, амбасади, ученици,спортисти, јавни личности и голем број граѓани, со заедничка цел – почисто, поубаво и поздраво Скопје.

Градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски вели дека ќе се чисти на 50 локации, а во акцијата ќе бидат вклучени 30 000 луѓе. Акцијата е замислена како почеток на континуирана иницијатива, која ќе продолжи да се организира двапати месечно, со цел грижата за јавниот простор да стане трајна навика и заедничка одговорност.

Градоначлникот предупреди дека во градот недостасува комунална полиција , и апелира до пратениците да го донесат законот за локална самоуправо. Зошто според него не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Посна торта со мармалад

Во среда (23.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Лазаревска.

„Гответе со Дракче“ - Посна торта со мармалад

Состојки за денешниот рецепт:

(мерките се со шолји за млеко)

2 шолји брашно

1 шолја шеќер

1 шолја вода

половина шолја масло

4 големи лажици мармалад од сливи

една рака сецкани ореви

1 лажиче сода бикарбона

1 лажиче цимет

1 ќесичка ванилин шеќер

шеќер во прав по потреба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен НБА-шампион уапсен за семејно насилство

Поранешниот НБА-играч и двократен шампион Џеј-Ар Смит е уапсен во Тексас под сомнение за семејно насилство што резултирало со телесни повреди.

Поранешен НБА-шампион уапсен за семејно насилство

Според извештаите на „ТМЗ“ (TMZ), 41-годишниот Смит бил приведен откако автоматски систем за читање регистарски таблички го детектирал автомобилот што го управувал.

Полициските службеници го запреа возилото и открија активен налог за апсење на поранешниот кошаркар, издаден од локалната полиција. Смит веднаш беше однесен во притворскиот центар на округот Хант, додека автомобилот му беше предаден на неговиот брат, кој се наоѓаше во возилото со него.

Надлежните органи ја објавија и неговата полициска фотографија.

Деталите во врска со наводното насилство сè уште не се официјално соопштени; следствено на тоа, идентитетот на жртвата, сериозноста на евентуалните повреди и околностите под кои се случил инцидентот остануваат непознати.

Во текот на 16 сезони во најсилната светска кошаркарска лига, Смит настапуваше за Њу Орлеанс, Денвер, Њујорк, Кливленд и Лос Анџелес Лејкерс.

Тој ги освои двете шампионски титули играјќи покрај Леброн Џејмс – првата со „Кавалирс“ во 2016 година, а втората со „Лејкерс“ во 2020 година – а во 2013 година, додека настапуваше за „Никс“, беше прогласен и за „Шести играч на годината“ во лигата.

Ова не е негов прв судир со законот, со оглед на тоа што претходно отслужил 24-дневна затворска казна за несовесно возење по сообраќајна несреќа во 2007 година, во која загинал неговиот сопатник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер