Стејт департментот ги повика Американците да избегнуваат патувања во Франција и Португалија - Канал 5

Стејт департментот ги повика Американците да избегнуваат патувања во Франција и Португалија

 Американските власти ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број на новозаразени со коронавирусот во Европа.

Стејт департментот ги повика Американците да избегнуваат патувања во Франција и Португалија

– Избегнувајте патувања во Франција, се вели во новата препорака на Стејт департментот до Американците пред божиќните и новогодишните празници, каде што нивото на предупредување за заканата од Омикрон за земјата се искачи на четири, што е највисоко на скалата.

Главната американска здравствена институција, Центарот за превенција и борба против болести, укажа дека дури и целосно вакцинираните луѓе се изложени на ризик да се заразат и да шират нови варијанти на вирусот.

Покрај Франција и Португалија, на листата земји за кои е издадено предупредување се и Кипар, Андора, Лихтенштајн во Европа, како и Јордан и Танзанија.

Стејт департментот на списокот ги стави и Мали и островот Фиџи каде беа пријавени првите случаи на сојот Омикрон.

Во Франција, каде што бројот на новозаразени сега достигнува десетици илјади, со 42.252 регистрирани во неделата, синоќа беа најавени нови ограничувања, вклучително и зајакнување на здравствениот протокол во училиштата, затворање дискотеки на четири недели и олеснување на достапноста на вакцинацијата за луѓето постари од 65 години.

Португалија, која има највисока стапка на вакцинација во Европа, 87 отсто од вкупното население, минатата недела повторно воведе контролни мерки, како што се носење маска и здравствена пропусница, а во исто време почна нова засилена кампања за вакцинација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а може ли истото да го порача Тимчо и до Будимпешта? Да го врати Груевски?

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Зошто до денес не се пратени сите потребни документи за екстрадиција до новата влада во Унгарија?

Зошто човекот што побегна од правда, благодарение на системот што го постави тогашниот ВМРО-ОКГ, сè уште е во Унгарија? Зошто до Будимпешта нема остра порака, а до Софија има?

Истиот министер што сега бара стандарди од ЕУ за бегалци од правда, претходно молчеше кога Груевски си замина. Молчи и кога Панче Тошковски пропушта преку граница луѓе без евиденција.

Молчи и кога пет тони дрога поминаа граница кон сестринската СНС во Србија.

За Ива Михаилова - непристојно, а за Груевски - тишина. За Тошковски - хиперхлорирање. За петте тони - нема одговор.

СДСМ не бара двојни стандарди, бараме исти. Ако е непристојно Софија да биде прибежиште, непристојно е и Будимпешта да биде прибежиште.

Ако се бараат документи за едната, се бараат и за другиот. Ако законот важи за сите, важи и за оној што побегна со помош на тогашниот систем.

Додека Муцунски праќа остра порака до Софија, нека испрати и до Будимпешта. И нека објасни зошто документите за Груевски сè уште не се целосни.

Од СДСМ има поддршка за двете барања. И за Ива, и за Груевски.

Скопје, 30.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грилиш пропушти тренинг – Мојс го суспендираше

 Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојс, вели дека одлуката Џек Грилиш да не биде вклучен во тимот за натпреварот од Лига купот против Њукасл била на клубот.

Грилиш пропушти тренинг – Мојс го суспендираше

Евертон не ги откри деталите, но се верува дека одлуката е донесена поради неовластено отсуство од тренинг. „Знаете дека нема да откривам никакви детали“, изјави Мојс по победата од 3:1.

Мојс јасно стави до знаење дека ја поддржува одлуката да не биде вклучен Грилиш, кој е на позајмица од Манчестер Сити.

Минатата сезона тој исто така беше дел од „карамелите“, при што на 20 натпревари постигна два гола и забележа шест асистенции, пред во јануари да заработи повреда на стапалото.

Ова лето се врати во Сити и настапи на натпреварот за „Комјунити шилд“, а потоа, пред затворањето на преодниот рок, повторно замина во Евертон. Оваа сезона има пет настапи во Премиер лигата, а играше и во победата над Вулверхемптон во третото коло од Лига купот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Набуко“ на сцената на Националната опера и балет

Вечерва со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најзначајните дела на оперската уметност.

„Набуко“ на сцената на Националната опера и балет

Вечерва со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најзначајните дела на оперската уметност, кое преку моќна музика и драматична приказна ги отвора универзалните теми за слободата, достоинството и копнежот по татковината.

Претставата ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис од Грција, во режија на Ренато Бонајуто од Италија. Сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор Климент Тодороски, хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска, а за светлосниот дизајн е задолжен Милчо Александров.

Во насловната улога ќе настапи Марјан Јованоски, Злата Тошевска Димовска ќе ја толкува Абигаиле, Николина Јаневска ќе настапи како Фенена, Ѓорѓи Цуцковски како Исмаил, а Александар Стефаноски како Захарија. Во останатите улоги настапуваат Диме Петров, Јаворка Витанова и Јане Дунимаглоски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, како и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

„Набуко“ е опера во четири чина и едно од најпознатите дела на Џузепе Верди, особено препознатливо по хорската композиција „Va, pensiero“, која со текот на времето стана симбол на копнежот по слобода.

Со поддршката на културните содржини, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да вложува во уметноста и културното наследство, давајќи придонес кон создавање вредности што ја збогатуваат заедницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер