351. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
МакедонијаСтејт департмент: Нема значителни промени во состојбата со човековите права, Владата презеде чекори против службени лица кои нарушиле човекови праваНемаше значителни промени во состојбата со човековите права во Македонија во текот на годината. Значајните прашања поврзани со човековите права вклучуваа извештаи за сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, вклучително и насилство и закани за насилство врз новинари. Владата презеде значајни чекори за идентификување и казнување на службените лица кои извршиле злоупотреби на човековите права, стои во Извештајот на Стејт департментот за човековите права за 2024 година. Во однос на слободата на медиумите, во Извештајот се наведува дека Уставот предвидува слобода на изразување, вклучително на новинари и други медиуми и оти Владата генерално го почитувала ова право. -Според медиумите и граѓанските организации, слободата на изразување беше поткопана со тужби против новинари, несоодветно однесување од страна на јавни службеници во нивната интеракција со новинари, прекумерен притисок врз новинарите кои истражуваат корупција, дезинформации, говор на омраза на интернет и социјалните медиуми и самоцензура, се наведува во Извештајот. Во извештајот се споменува носењето на измените на Законот за аудио-визуелни медиумски услуги за да дозволи рекламирање на кампањи со „висок јавен интерес“ платени од Владата преку комерцијални радиодифузери и се додава дека независните медиумски здруженија изразиле загриженост во врска со измените и го критикувале законот како враќање кон широко распространета корупција во медиумите и клиентелизам. -Насилството и заканите за насилство врз новинарите беа значајно прашање за човекови права. Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) пријави повеќе инциденти на насилство и вознемирување на новинари, стои во Извештајот и се додава дека ЗНМ забележало зголемување на насилството и вознемирувањето на жени новинарки. Според ЗНМ и други медиумски организации, продолжува Извештајот, уредничката независност на печатот се соочила со предизвици, додека „Репортери без граници“ во својот годишен извештај од март забележале дека поради силната политичка поларизација, медиумите биле под притисок од властите, политичарите и бизнисмените и на национално и на локално ниво. Во Извештајот се тврди дека двете најголеми политички партии создале паралелни медиумски системи врз кои го вршеле своето политичко и економско влијание. „Репортери без граници“ забележале дека јавниот радиодифузен сервис немал уредничка и финансиска независност. Во Извештајот се забележува дека онлајн медиумите, иако имале корист од поголема слобода на изразување, се соочиле со дигитални напади и обиди за дискредитација на новинарите. -Клеветата и навредата биле граѓански прекршоци и таквите закони беа спроведувани. ЗНМ објави дека од 20 септември, четири новинари биле предмет на стратешки судски тужби (SLAPPs) поднесени во текот на годината од Министерството за внатрешни работи, директорот на комерцијалната телевизиска станица Канал 5, членови на религиозни организации, политичари и бизнисмени. Од 2021 година до 17 септември, Здружението на новинари регистрираше 25 кривични пријави за злоупотреба на новинари, се наведува во документот. Во однос на работничките права, Државниот инспекторат за труд при Министерството за труд не добил никакви жалби во врска со кршење на правото на слобода на здружување на работниците. Сепак, во Извештајот стои дека работниците честопати се плашеле од одмазда и се воздржувале од поднесување директни жалби. -Владата и работодавачите генерално ја почитуваа слободата на здружување, правото на штрајк и правото на колективно договарање. Синдикатите ја наведоа „исклучувачката“ одредба од законот, која им дозволуваше на работодавачите да отпуштат до 2 проценти од работниците од колективните преговори за време на штрајк. Колективното договарање беше ограничено на синдикати што претставуваат најмалку 20 проценти од вработените, стои во Извештајот. Во однос на безбедноста и заштитата при работа, во Извештајот се констатира дека стандардите за безбедност и здравје при работа (БЗР) генерално беа соодветни за главните индустрии, а работодавачите беа одговорни за проценка на ризиците со кои се соочуваа нивните вработени на работното место. Државниот инспекторат за труд проактивно ги идентификуваше небезбедните услови за работа. -Работниците имаат законско право да се отстранат од ситуации што го загрозуваат нивното здравје или безбедност без да го загрозат нивното вработување. Сепак, вработените не го користеа секогаш ова право, наводно врз основа на страв од губење на работата поради високата стапка на невработеност. Наводните прекршувања на стандардите за БЗР беа чести во градежниот сектор, иако повеќето несреќи беа поврзани со управување со земјоделски машини, се истакнува во Извештајот. Во документот на Стејт департментот се оценува дека Владата не ги спроведувала ефикасно законите за минимална плата, прекувремена работа и безбедност и здравје при работа, особено во текстилниот и градежниот сектор и оти ДИТ и Државниот инспекторат за техничка инспекција биле одговорни за спроведување на релевантните закони. - Некои прекршители не добија никакви казни, а казните за прекршоци не беа соодветни на оние за слични кривични дела како што се измама или небрежност. Бројот на трудови инспектори беше доволен за да се истражат прекршувања на трудовото право, но инспекторите не беа соодветно распределени низ целата земја. Трудовите инспектори имаа овластување да вршат ненајавени инспекции и да покренуваат санкции, но нееднаквата распределба на инспекторите го отежнуваше спроведувањето на усогласеноста, стои во Извештајот. Во однос на притворите, во извештајот се наведува дека Законот забранува произволно апсење и притвор и предвидува право на секое лице да ја оспори законитоста на неговото апсење или притворање на Суд, како и да добие надомест за незаконско притворање. Владата генерално ги почитуваше овие барања, се заклучува во Извештајот. - Имаше обвинувања дека полицијата злоупотребувала притвореници и затвореници и употребила прекумерна сила. Владата истражуваше и гонеше по веродостојни тврдења. Одделот за професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи објави дека во текот на првите седум месеци од годината одговорил на 37 жалби за прекумерна сила од страна на полициски службеници и потврдил три од жалбите. Специјализираната единица на Обвинителството за организиран криминал и корупција за полиција и затворски чувари ги разгледа кривичните обвинувања за тортура или сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување од страна на полицијата и затворските чувари, се наведува понатаму. Во однос на имигрантите, во Извештајот меѓу другото, се наведува дека Владата соработувала со Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР) и други хуманитарни организации во обезбедувањето заштита и помош на бегалци, баратели на азил, лица без државјанство и лица на кои им е доделена супсидијарна заштита. Натаму се додава дека Законот предвидува доделување азил или статус на бегалец, а Владата има систем за обезбедување заштита на бегалците. На сите лица на кои им е доделена меѓународна заштита имаа пристап до истите услуги за социјална заштита како и државјаните. -Македонското здружение на млади правници пријави случаи на власти кои враќаат мигранти во соседните земји од каде што влегле (главно Грција, понекогаш Србија) без никаков формален правен процес или соодветна проценка на нивните потреби. Повеќето мигранти доброволно се пријавија да се вратат во Грција, но некои, наводно, биле принудени да се вратат против своја волја и без соодветна постапка. На 31 јули, бројот на лица кои избегале остана многу висок, при што 99 проценти од лицата ја напуштаат земјата веднаш по аплицирањето за азил, според застапниците, стои во Извештајот. Се потсетува дека во декември 2023 година, Парламентот усвои измени на Законот за странци со кои им се овозможува на сите бегалци од Косово со супсидијарна заштита, вклучително и оние чиј статус претходно престанал, да аплицираат за постојан престој. Невладините организации и застапниците го поздравија усвојувањето на измените како важно достигнување во унапредувањето на решението за бегалците од Косово, од кои многумина пристигнаа во земјата од 1999 година. Овие измени им дадоа на бегалците поедноставен процес за аплицирање за постојан пресој, под услов да не отсуствуваат од земјата повеќе од шест месеци. Тагови: Стејт департмент Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветКремљ: Москва нема да поставува услови за европскиот преговарачки тимМосква нема да поставува услови за составот на европскиот преговарачки тим, изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Не можеме и не сакаме да поставуваме услови за нивниот преговарачки тим. Таквиот пристап е сосема погрешен“, рече Песков. Европската унија веќе некое време дискутира за назначување на специјален пратеник за да се обезбеди директно европско претставување во идните мировни преговори. Песков, за потсетување, на 25 октомври изјави дека Русија ќе го поддржи назначувањето на преговарач на ЕУ, под услов пратеникот искрено да работи на постигнување мирно решение. Неколку имиња Финскиот претседател Александар Стуб и чешкиот претседател Петр Павел се споменуваат како можни кандидати. И покрај ова, Европската унија сè уште нема ниту договорен преговарач, ниту заеднички став за тоа кога треба да започнат директните преговори. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во саботата дека Европа мора да биде на преговарачката маса во следната рунда преговори заедно со САД, Украина и Русија. Тој исто така рече дека Украина очекува одлука од своите европски партнери за тоа кој ќе ја претставува Европа до крајот на ноември. Извор: Индекс.хрТагови: кремљ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветИлјадници луѓе излегоа на улиците во Португалија: „Нема да ни ги украдете домовите“Илјадници луѓе денес излегоа на улиците во 32 градови низ Португалија, барајќи итна акција од владата за решавање на влошената криза со домувањето во земјата.Протестите беа организирани од платформата „Каса пара вивер“ (Дом за живеење) под слоганот „Тие нема да ни го украдат правото на дом“. Митинзите се одржаа во Лисабон, Порто, Фаро, Портимао, Коимбра, Брага и други градови. Manifestação Casa para Viver, Lisboa https://t.co/vADIhqO1K9 — Bernardo (@_andrebernardo_) November 14, 2026 Барање за контрола на киријата и поголема заштита на станарите Демонстрантите бараат построга контрола на киријата, поголема заштита на станарите од иселувања и поголеми инвестиции во изградба на достапни јавни станови. Тие исто така бараат повлекување на предложените измени во законот за станови за изнајмување. Рита Силва, портпаролка на платформата „Каса пара вивер“, изјави за новинската агенција Луса дека протестите низ целата земја покажуваат дека кризата со домувањето не ги погодува само големите градови, туку цела Португалија. LIVE: Manifestação Casa para Viver Ponta Delgada, São Miguel Açores Portugal - 14.11.2026 https://t.co/kIaG3IyQjP — Claudio IRL (@claudio_irl) November 14, 2026 Платформата, која обединува околу 100 здруженија за домување и локални организации, исто така бара построги правила за договорите за изнајмување, празните имоти, краткорочните туристички изнајмувања и сузбивање на шпекулациите со имоти. Владата предлага измени во законот за изнајмување Протестите се случија откако парламентот во принцип го одобри предлогот на владата за измена на законот за изнајмување. Предложените измени би овозможиле поголема флексибилност во договорите за изнајмување и би ги забрзале процедурите за иселување. Активистите за правата на домување предупредуваат дека промените би можеле дополнително да ја ослабат заштитата на закупците во време на зголемување на кириите и намалување на достапноста на станови. A plataforma Casa Para Viver reúne apoiantes em Lisboa, Porto e outras localidades contra a lei do arrendamento e pede mais regulação estatal. https://t.co/513NBO2Gkp — The Intelligent Portugal (@TheIntelligPT) November 14, 2026 Активистите го повикуваат премиерот на разговори На националните протести им претходеше состанок меѓу португалскиот претседател Антонио Хозе Сегура и активистите за правата на домување во петокот. Претставниците на платформата „Каса пара вивер“ го поздравија состанокот и го повикаа премиерот Луис Монтенегро лично да се вклучи во разговори со нивното движење.Тагови: Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црноВечерва во Кочани родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ го одржаа 51-от Марш за ангелите.Во дел од своите обраќања порачаа дека денеска освен за 63-те ангели кои загинаа во дискотеката, маршираат и за сите невини жртви што ја завиле Македонија во црно, како трагедиите во модуларната болница, Ласкарци, автобусот на Беса Транс. Им оддадоа почит и на жените и девојките чии животи како што посочија, насилно биле прекинати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook