Стејт департмент: Македонија вложува значителни напори, но се уште не се исполнети стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе - Канал 5

Стејт департмент: Македонија вложува значителни напори, но се уште не се исполнети стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе

Властите на Македонија вложуваат значителни напори, но земјата се уште не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе. 

Стејт департмент: Македонија вложува значителни напори, но се уште не се исполнети стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе

Владата покажа генерално зголемени напори во споредба со претходниот период на известување, затоа Македонија остана на Ниво 2, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департментот за трговијата со луѓе во светот за 2025 година.

- Овие напори вклучуваа истрага на повеќе сомнителни случаи на трговија со луѓе и гонење на повеќе обвинети. Владата ги зголеми целокупните напори за заштита, вклучително и идентификување на повеќе жртви, развивање нови стандардни оперативни процедури за мобилни тимови и зголемување на ресурсите за засолниште управувано од невладини организации за жртви на трговија со луѓе. Доделени се средства за фондот за компензација на жртвите, формирана е комисија за судење на случаи и воспоставена е група составена од преживеани за давање препораки за напорите против трговијата со луѓе, се посочува во извештајот.

Сепак, како што се наведува, не се исполните минималните стандарди во неколку клучни области. - Осудени се помалку трговци со луѓе, а Обвинителство за организиран криминал и корупција (ООККП) немаше доволно ресурси за да ги реши сите случаи под негова надлежност. Некои локални полициски и окружни обвинители не ги упатија потенцијалните случаи на трговија со луѓе до Работната група за борба против трговијата со луѓе или ООККП и користеа обвиненија за прекршоци со поблаги казни за гонење на трговците со луѓе. Владата не издвои средства за мобилни тимови кои ги идентификуваат повеќето потенцијални жртви секоја година, и покрај претходните обврски за тоа. Не е обезбедена специјализирана помош за машките жртви и немаше долгорочни услуги за поддршка за сите жртви. Поради недоследно скринирање од страна на локалната полиција и некои гранични служебници, властите не презедоа ефикасни мерки за да спречи несоодветно казнување на потенцијалните жртви за незаконски дела извршени како директен резултат на трговијата со луѓе. Продолжува и сместувањето на странски потенцијални жртви во транзитниот центар без слобода на движење, стои во извештајот на Стејт департментот.

Во него се посочени и препораки за земјава за подобрување на состојбата, меѓу кои, енергично истражување, гонење и процесуирање на кривичните дела поврзани со трговија со луѓе, вклучително и оние во кои има соучесници, изрекување соодветни казни за осудените трговци со луѓе, што треба да вклучува и значителни затворски казни.

- Потребо е да бидат издвоени доволно ресурси за заштита на жртвите, вклучително и за мобилните тимови за идентификација, за засолништето за жртви на трговија со луѓе и за поддршка на специјализирани услуги за возрасни машки жртви. Да се зголемат напорите за проактивно идентификување на жртвите на трговија со луѓе преку конзистентно скрининг за трговија со луѓе кај ранливите популации, вклучувајќи ги лицата во комерцијален секс, мигрантите, бегалците и другите популации изложени на ризик. Да се дадат доволно ресурси на полицијата и обвинителите за проактивно истражување на трговијата со луѓе и навремено гонење на случаите. Да се обезбеди жртвите да не бидат несоодветно казнувани само за незаконски дела извршени како резултат на трговијата со луѓе, стои во препораките.

Се препорачува и подобро и побезбедно сместување за потенцијалните странски жртви на трговија со луѓе и дозволување на жртвите да ги напуштат засолништата по своја волја, воспоставување пристап до алтернативно сместување на жртвите по напуштањето на засолништето или кога засолништето е полно.

- Потребно е и воспоставување механизми за да се обезбеди дека сите потенцијални случаи на трговија со луѓе се упатуваат до специјализирана полиција и обвинители. Да се воспостави специјализирана обука за судии, обвинители и органите за спроведување на законот за истраги и гонења фокусирани на жртвите, како и да му се даде овластување на националниот известувач за успешно следење и евалуација на напорите против трговијата со луѓе, се вели во извештајот на Стејт департмент за трговијата со луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер