Холандски производител на луксузни автомобили за два дена ги распродал сите модели од 1,5 милиони евра (ВИДЕО)
1Холандски производител на луксузни автомобили за два дена ги распродал сите модели од 1,5 милиони евра (ВИДЕО)
КултураСтефоска за МИА: Отворени сме за унапредување на културната соработка со сите соседи, заштита на културно наследство и евроинтеграциите се врвен приоритетOтворени сме за дијалог и унапредување на културната соработка со сите соседи. Еден од приоритетите во мојата работа е да ја продлабочам таа соработката. Дотолку повеќе што сите ние на Балканот, како наследници на големите империи, споделуваме заедничко културно наследство што е добра основа за меѓусебен дијалог и взаемно почитување. Ова во интервју за МИА го изјави министерката за култура Ирена Стефоска осврнувајќи се на добрососедството и колку тоа влијае на културното наследство. Министерката посочи дека во иднина ќе иницира чести средби на министерско ниво со сите земји-соседи во насока на градење на заеднички културни политики како влог за иднината. Со оглед на тоа што прпват доаѓа на оваа функција, Стефоска посочи дека врвен приоритет ќе и биде заштита на културното наследство, евроинтеграциите во културата, а посебен фокус ќе посвети и на младите. -Чувствувам одговорност како министерка за култура да направам сѐ што е во доменот на моите овластувања за поддршка на идеите и креативноста кај младите. Воведуваме поголем број стимулативни мерки. Согласно Програмата на Владата се планира зголемување на бројот на креативни центри и инкубатори за здруженија на граѓани и самостојни уметници, рече министерката. Според Стефоска, Министерството за култура се соочува со структурни проблеми, кои се пречка за тоа да биде професионален сервис на културните работници и на граѓаните. -За мене како министерка, и за мојот тим најважни се професионалноста, одговорноста и ефикасноста. За таа цел деновиве одржуваме интензивни средби со вработените во секторите на Министерството за култура, како и со директорите на националните установи за да ја констатираме фактичката состојба, појасни таа. Во врска со споменикот Мајка Тереза, како еден од спомениците од проектот „Скопје 2014", Стефоска посочи дека експертите увиделе низа неправилности, но како што рече, сите овие години Министерството соработува со Општина Центар и со изведувачот на споменикот, а во соработка и со Асоцијацијата на архитекти одново ќе се преиспитаат сите законски можности и предлози за да се изнајде решение со кое скопјани ќе се гордеат. Стефоска очекува новиот Закон за јавен интерес во културата веднаш да влезе во собраниска процедура, а потенцира и дека се работи на подобрување на критериумите на Годишните конкурси. Во продолжение следува целото интервју со министерката за култура Ирена Стефоска. Госпоѓо Стефоска, првпат доаѓате на позицијата министерка за култура, откако неколку години наназад сте ја извршувале пратеничка функција во Собранието и културата ја следевте од друг агол. Која ќе биде вашата основната задача и на што најмногу ќе се фокусирате како министерка за култура за време на овој мандат? Ви благодарам на интересот. Да, функцијата министер ја гледам како продолжение на работата во Собранието на Република Македонија, особено во Комисијата за култура од каде што носам драгоцени искуства. Културата е блиска и до мојата природа и образование, па затоа оваа позиција ја гледам како голем предизвик и одговорност, зашто културата е единственото нешто со што располагаме и со што можеме да бидеме препознаени и прифатени во светски контекст. Она што е прв приоритет на мојот министерски кабинет е заштитата на културното наследство, каде се соочуваме со голем број предизвици. Заштитата на културното наследство е приоритет на секоја одговорна Влада, но и еден од приоритетите на Европската унија. Европската комисија е наш искрен пријател и поддржувач на реформи во сферата на заштитата на културното наследство. Втора тема која е столб на мојата посветеност, се евроитеграциите во културата. Овој приоритет, кој е во основата и на програмата на Владата, за нас е од големо значење зашто како ресор пред нас се отворени безброј можности кои досега не биле доволно искористени. Младите со својата енергија и знаење се третиот приоритет на кој посветено работиме. Неопходно е вклучување на сите талентирани и прогресивни сили во градењето на демократско општество со европски вредности. Развиваме нови модели за стимулирање и финансиска поддршка на младите од сите етнички заедници за ефикасно да ги реализираат своите уметнички и креативни потреби. Покрај овие основни приоритети очекуваме новиот Закон за јавен интерес во културата веднаш да влезе во собраниска процедура, а работиме и на подобрување на критериумите на Годишните конкурси. Што е она што прво ќе го смените во функционирањето на Министерството за култура? Министерството за култура се соочува со структурни проблеми, кои се пречка за тоа да биде професионален сервис на културните работници и на граѓаните. За мене како министерка, и за мојот тим најважни се професионалноста, одговорноста и ефикасноста. За таа цел деновиве одржуваме интензивни средби со вработените во секторите на Министерството за култура, како и со директорите на националните установи за да ја констатираме фактичката состојба и потоа да пристапиме кон постепена реорганизазација која што очекуваме да ја поттикне мотивираноста на вработените и ефикасноста во извршување на обврските. Во програмата ветувате ревизија и бришење од регистарот на сите незаконски запишани споменици и објекти од, како што се наведува т.н. проект „Скопје 2014, кои по својата природа не можат да претставуваат културно наследство". За кои споменици станува збор и како планирате да го реализирате ова, со оглед на тоа што владата во претходниот мандат имаше најави дека ќе го реши овој контроверзен проект? Точно е, во програмата на Владата се најавува ревизија на „Скопје 2014". Тоа е сложена постапка за која досега се изработени елаборати за секој од спомениците и градбите во овој проект. Со оглед на комплексноста на темата во програмата на Владата е најавен и меѓународен конкурс за ревитализација на централното градско подрачје. Каков е вашиот став во врска со споменикот Мајка Тереза, дали ќе излезете на барањата на Асоцијацијата на архитекти кои бараат да се отстрани споменикот, со тврдење дека прекршува низа закони? Скулптуралната композиција Мајка Тереза е еден од спомениците во проектот на „Скопје 2014" кој беше подложен на ревизија од експертската група формирана при Министерството за култура. Експертите увидоа низа неправилности и понудија мерки за натамошно постапување. Изградбата на скулптуралната композиција е во мирување од 2017 година, а минатата година Владата го задолжи Министерството за култура да објави јавен повик за пренамена на објектот. И овој предлог, со право, наиде на негодување во јавноста. Сите овие години Министерството соработува со Општина Центар како и со изведувачот на споменикот, а во соработка и со Асоцијацијата на архитекти одново ќе ги преиспитаме сите законски можности и предлози за да изнајдеме решение со кое скопјани ќе се гордеат. Во време на пандемијата речиси 70 отсто од библиотеките, театри, Филахармонија се целосно блокирани во својата работа и творештво и едвај функционираат…бараат поддршка од Владата. Имате ли некоја програма или план за решавање на овој проблем, ќе им понудите ли решение на овие институции? По долги и темелни разговори, Комисијата за заразни болести во четвртокот усвои протокол за отворање на институциите од областа на културата, за одржување настани во затворен простор. Сведоци бевме на успешна летна сезона, која голем број манифестации и оператори ја искористија за одржување настани на отворено. По изготвувањето на посебни, интерни протоколи усогласени со општиот, институциите можат да ја започнат есенската сезона. Посветено ја следиме ситуацијата и веруваме дека со посебните заштитни мерки, работата на установите но, и на независната сцена, ќе донесе и нов квалитет за сите. Планирате ли нови инфраструктури проекти во културните институции во земјава за време на овој мандат? Во период на светска пандемија нужно се наметнува потребата од штедење. Во оваа смисла, приоритет е одржувањето и подобрувањето на инфраструктурата на установите од културата. Министерството низ годините беше мета на обвинувања за местење на конкурси за културните проекти, делење пари на субјекти кои и не промовираат култура, како ќе ја смените оваа состојба? Се наближува терминот за објавување на Годишните конкурси за проекти од национален интерес во културата. Интензивно работиме на уточнување на критериумите за конкурирање и за вреднување на проектите и програмите од јавен интерес. Новиот закон за јавен интерес во културата носи промена и во моделот за финансирање во културата. СКРМ и СОНК обвинија за непочитување на Колективниот договор, за доцнење на исплата на платите на вработените, а подоцна Министерството информира дека е надминат проблемот. Каков е вашиот став во однос на колективниот договор за вработените во културата, ќе претрпи ли одредени промени? По долги години, Колективниот договор во културата во соработка со двата синдикати, СКРМ и СОНК, конечно беше потпишан во декември 2019 година. Во процесот на неговата примена се појавија проблеми кои уште веднаш почнавме да ги решаваме, па така платите за месец јули се целосно исплатени, а речиси сите национални установи ја добија и августовската плата. Дополнително, формирав работна група од врвни специјалисти, претставници на синдикатите и на Министерството со цел да ги исправиме сите евентуални правни недоследности. Колективниот договор, како што реков и на прес- конференијата, секако има простор уште да се усовршува, а со тоа и работничките права во културата, за што секогаш ќе се залагам. Колку фокусот во новата програма ќе биде ставен на младите, планирате ли одредени стимулативни мерки за да го зајакнете нивното влијание во културата? Чувствувам одговорност како министерка за култура да направам сѐ што е во доменот на моите овластувања за поддршка на идеите и креативноста кај младите. Воведуваме поголем број стимулативни мерки. Согласно Програмата на Владата се планира зголемување на бројот на креативни центри и инкубатори за здруженија на граѓани и самостојни уметници. Како земја кандидат за ЕУ, на располагање ни стојат фондовите на Европската унија, кои не се доволно искористени, и со кои младите не се добро запознаени. Наша обврска како Министерство за култура, во соработка со СЕП, е да ги посочиме овие можности и да ги обучиме младите како да ги користат овие фондови. Сакам да истакнам дека и програмите на УНЕСКО за поддршка во сферата на образованието, науката, комуникациите и современите уметности исто така, не се доволно искористени. За крај добрососедството, актуелна тема секогаш, а особено деновиве, добрососедството во пакет со културното наследство, ваша проценка како ќе се движиме ќе се менуваме ли во таа насока? Македонија е отворена за дијалог и унапредување на културната соработка со сите соседи. Еден од приоритетите во мојата работа е да ја продлабочам таа соработката. Дотолку повеќе што сите ние на Балканот, како наследници на големите империи, споделуваме заедничко културно наследство што е добра основа за меѓусебен дијалог и взаемно почитување. Имам намера да иницирам чести средби на министерско ниво со сите земји-соседи во насока на градење на заеднички културни политики како влог за иднината./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноКрава отелила теле со две глави и осум нозе- ветеринарите дошле во селото и се шокирале (ВИДЕО)Необичен настан во јужна Индија го привлече вниманието на јавноста, откако се роди теле со две глави и осум нозе.Ветеринарите беа повикани на местото на настанот, а според локалните медиуми, тие ѝ помагаа на кравата да го роди телето по четири до пет часа, објавува Дејли Стар. Веста брзо се прошири низ заедницата Кога телето конечно беше извлечено, ветеринарите беа запрепастени. Пред нив се појави животно со две споени глави и осум нозе - исклучително ретка аномалија што се јавува за време на развојот на фетусот во матката. Необичната вест брзо се прошири низ заедницата, а голем број љубопитни селани од округот Гунтур дојдоа да го видат новороденото животно. Според достапните информации, телето починало кратко време по раѓањето, додека кравата е жива и здрава. Ветеринарите изјавија дека ваквите случаи се исклучително ретки и дека тие може да бидат резултат на абнормалности што се јавуваат за време на развојот на фетусот во матката. View this post on Instagram A post shared by 99TV TELUGU (@99tvteluguofficial) Аномалијата е особено изразена Случаи на животни родени со две глави може да се појават кога ембрионот не се одвои целосно во раните фази на развој. Ова резултира со сијамски, или споени, близнаци, кои можат да имаат дуплирани делови од телото. Во овој случај, аномалијата беше особено изразена, бидејќи телето имаше две глави и вкупно осум нозе. Иако ваквите животни можат да привлечат многу внимание поради нивниот необичен изглед, нивните шанси за преживување често се многу мали. Тешките развојни аномалии можат да влијаат на виталните органи и мозокот, додека неправилно развиените или дуплираните структури на телото можат да ги отежнат основните животни функции, како што се дишењето, хранењето и циркулацијата.Тагови: ветеринарите крава Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСкандал на клиника за ин витро оплодување: Најмалку 30 деца на Кипар се зачнати од погрешни донориНајмалку 30 деца, претежно од Велика Британија, можеби биле зачнати со користење на погрешни донори на сперма или јајце клетки во процедурите за ин витро оплодување во Северен Кипар, покажа истрага на Би-Би-Си.Истрагата на Би-Би-Си ги откри првите седум вакви случаи претходно оваа година. Родителите избрале анонимни донори врз основа на нивната медицинска историја, изглед, личност, образование и хоби, но подоцна се сомневале дека бараните донори не биле користени во нивните третмани за плодност. Половина од 30-те деца се родени по процедурите во клиниката „Догус ИВФ центар“. Три лица - д-р Фирдевс Угуз Тип, д-р Шевкет Алптурк и координаторот на пациенти Џули Ходсон - биле вклучени во лекувањето или комуникацијата со многу од пациентите. Родителите се сомневаат дека биле измамени од членовите на персоналот. Угуз Тип негира какво било кривично дело, додека Алптурк и Ходсон не одговорија на прашањата на Би-Би-Си. Би-Би-Си, исто така, објави дека банката за сперма „Криос Интернешнл“ ја ставила клиниката „Догус“ на црната листа во 2016 година. Министерството за здравство на Северен Кипар по првичните обвинувања изјави дека започнало официјална истрага, но не одговори на повторените барања за повеќе информации. Повеќето родители кои контактирале со Би-Би-Си рекле дека клиниките им ветеле проверени и здрави донори од Западна Европа. Од 30-те деца, 11 направиле ДНК тестови, кои покажале генетско потекло од Турција или околните земји. Повеќето од тестираните деца биле зачнати помеѓу 2012 и 2024 година во клиниката Догус. Една мајка, Рејчел, дознала по 13 години неизвесност дека нејзиниот син Јона не бил зачнат со спермата на донорот што го избрала. Таа избрала анонимен дански донор, познат како Дито, преку веб-страницата Cryos International во 2012 година. Третманот во клиниката Догус чинел околу 4.000 евра и вклучувал донорска сперма од банката. Рејчел се посомневала кога координаторите на клиниката, вклучувајќи го и Ходсон, постојано одбивале да ѝ испратат медицински извештај со кој се потврдува дека употребената сперма е од избраниот донор. Дополнителни сомневања предизвикал изгледот на нејзиниот син, кој се разликувал од нејзиниот и описот на донорот. ДНК тестовите покажале дека Јона е нејзин биолошки син, но дека Дито не е негов донор. Експертите за плодност изјавија дека случајната употреба на погрешен донор за време на ин витро оплодување е исклучително ретка и дека бројот на слични случаи може да укажува на „небрежност“ или „измама“. Од 15-те случаи поврзани со клиниката Догус, неколку од нив ги вклучувале истите тројца членови на персоналот. Алптурк е сопственик и менаџер на клиниката, а според владата на Северен Кипар, тој ги одобрува процедурите и активностите. Угуз Тип лекувала девет други деца поврзани со Догус. Таа тврди дека Алптурк била одговорна за овластување на процедурите и негира дека ги заведувала пациентите. По напуштањето на Догус во 2015 година, таа била вклучена во девет други слични случаи во две други клиники, од кои повеќето ја вклучувале клиниката „Miracle IVF“, која сега ја води. Ходсон била главен контакт за повеќето британски пациенти и им кажала во е-пошта дека Угуз Тип ќе нарачува сперма од „Cryos“ во нивно име. Угуз Тип, сепак, изјавила дека набавката на сперма не е дел од нејзината работа и дека не била свесна дека пациентите се информирани за тоа. „Крајос“ соопшти дека го ставиле „Догус“ на црната листа во 2016 година поради загриженост дека клиниката не нарачала сперма од „Крајос“ за пациент, иако рекла дека ќе нарача. Банката сега ја прекина својата врска со „Фирдевс“ и „Миракл ИВФ“ додека владата на Северен Кипар истражува. Угуз Тип тврди дека е ослободена од сите обвиненија за кршење на законот, но Би-Би-Си не можеше да го потврди ова тврдење со Министерството за здравство на Северен Кипар.Тагови: кипар оплодување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРусите остро им се заканија на Британците: Ќе платите за ова што го правите Русија ја предупреди Велика Британија за „последиците“ откако беше потврдено дека дронови произведени во Велика Британија биле користени во неодамнешните напади врз воени и индустриски цели во Русија, објави Би-Би-Си.Руската амбасада во Велика Британија во соопштението изјави дека Велика Британија „свесно избира да ја ескалира украинската криза, предупредувајќи дека колку е подлабоко нејзиното вклучување во конфликтот, толку е поголема цената што ќе ја плати“. Украина ги засили нападите врз Москва и други делови од Русија длабоко зад линиите на фронтот, особено насочени кон рафинериите за нафта и логистичките капацитети на „Вајлдберис“, еден од најголемите руски онлајн трговци на мало. Портпаролот на Министерството за одбрана изјави дека Велика Британија стои „рамо до рамо“ со Украина. „Русија не треба да се сомнева во решеноста на оваа влада да се спротивстави на руската агресија, и во Украина и против Велика Британија и нашите сојузници“, рече портпаролот. Русите претходно ѝ се заканија на Велика Британија поради нејзината улога во снабдувањето со технологија за дронови на Украина, како и ракетите „Сторм Шедоу“. Руската амбасада сега изјави дека „дејствијата на Лондон неизбежно ќе имаат последици за кои ќе мора да одговара“, но не прецизираше какви потези разгледува Москва. Најновата фаза од војната директно влијаеше врз снабдувањето со гориво на Русија и дополнително ја погоди руската економија. ❗ Seeking to contain Russia by proxy, the UK is acting as an accomplice and co-perpetrator of the bloody crimes and terrorist attacks committed by Ukrainian neo-Nazis. London’s actions will inevitably carry consequences for which it will have to answer.https://t.co/zf9yJN1ZMl pic.twitter.com/LKhFGv8K5g — Russian Embassy, UK (@RussianEmbassy) August 17, 2026 Британците се меѓу најголемите меѓународни поддржувачи на Украина од почетокот на целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година. Британското Министерство за одбрана соопшти дека е „посветено да ѝ обезбеди на Украина опрема што ѝ е потребна за да се одбрани од нелегалната инвазија на рускиот претседател Владимир Путин“. Украина, исто така, користеше сопствена технологија за беспилотни летала и ракети во последните недели, вклучувајќи ја и крстосувачката ракета Фламинго ФП-5. Украинските сили лансираа стотици беспилотни летала во Московскиот регион само во последните два дена. Гувернерот Андреј Воробјов изјави во вторникот дека едно 10-годишно девојче е повредено, а магацинот на „Вајлдберис“ е оштетен. Во исто време, во руските напади врз Украина загинаа 17 лица, вклучувајќи 10 во село на североистокот на земјата. Познато е дека две британски компании произвеле беспилотни летала што биле испорачани во Киев. Воен извор потврди за Би-Би-Си дека во нападите биле користени британски беспилотни летала, за кои се вели дека предизвикале економска штета од над 35 милијарди фунти. Русија започна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година и моментално контролира околу една петтина од украинската територија. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во 2024 година изјави дека беспилотни летала со британски компоненти и конфигурации биле користени во напади на руска територија, вклучително и напад врз складиште за гориво во округот Каменски во Ростовскиот регион. Нов бран напади Предупредувањето на Москва до Лондон следеше по бранот украински напади врз Русија. Во последните ноќни напади, руските власти изјавија дека околу 620 беспилотни летала биле испратени кон областа околу Москва. Руската воздушна одбрана соборила повеќе од 180 беспилотни летала, но неколку лица биле повредени, соопштија властите. Компанијата „Вајлдберис“ изјави дека нејзиниот логистички комплекс „претрпел помала штета“. Нападите на руска територија се совпаднаа со голем бран руски ракетни и беспилотни летала напади врз Украина. Најсмртоносниот напад, врз градот Печенеги во североисточна Украина, погоди приватни домови, кафетерија и пошта, а два проектили убија 10 селани. Уште тројца Украинци беа убиени во Сумиската област, двајца во Запорожје и двајца во Херсон. Пет лица беа ранети во Изјум, во близина на линијата на фронтот на истокот од земјата, додека Киев беше цел на пет бранови напади преку ноќ. Во саботата навечер, Украина лансираше околу 822 дронови кон Русија, од кои 600 беа насочени кон Москва, рече регионалниот гувернер, нарекувајќи го рускиот главен град „еден од најмасовните напади со дронови во поновата историја“. Во Русија беа пријавени седум смртни случаи. Истиот ден, руските напади врз Украина убија најмалку седум лица, а повредија повеќе од 39. Во април, британското Министерство за одбрана објави дека ќе испорача десетици илјади дронови, вклучувајќи уреди за напад со долг дострел, на Украина како дел од најголемиот пакет воена помош досега.Тагови: Британците Русите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter