Стефоска: Убедена сум дека од денеска Аквадуктот го добива заслуженото внимание и грижа - Канал 5

Стефоска: Убедена сум дека од денеска Аквадуктот го добива заслуженото внимание и грижа

Скопскиот аквадукт е еден од последните на Балканот кој е зачуван во целост. 

Стефоска: Убедена сум дека од денеска Аквадуктот го добива заслуженото внимание и грижа

– Скопскиот аквадукт е еден од последните на Балканот кој е зачуван во целост. За жал, не можеме да се пофалиме дека е тоа по наша заслуга. Затоа го нареков ремек-дело на старите градители коешто им пркосело на вековите, на природните непогоди, на војните и на луѓето. Сега имаме шанса тоа да го исправиме. Тоа и го правиме – рече министерката за култура, Ирена Стефоска, на денешната работна посета на локалитетот кај Скопскиот аквадукт.

Придружувана од директорот на Управата за заштита на културното наследство, Ацо Костов, и од директорот на Конзерваторскиот центар – Скопје, Коле Чапкановски, Стефоска најави дека денеска започнува првата фаза на конзервација и реставрација на Скопскиот аквадукт.

– Заштитата е скапа работа, но не е ништо во однос на вредноста на ова културно добро. Аквадуктот не е градежен материјал за несовесните и несвесните ниту, пак, е сеф со некакво скриено богатство за крадците. Напротив, самиот Aквадукт е скапоценост – рече Стефоска. Таа изрази уверување дека институциите ќе го вложат сето знаење и умешност во неговата заштита и, како што кажа, имаме обврска, Аквадуктот да го промовираме пред светот кој ја препознава вредноста на овие споменици и ги става на туристичките мапи како атрактивни дестинации.

– Но, пред тоа, неговата вредност треба да ја промовираме дома зашто, за жал, имам впечаток дека повеќето знаат каде се наоѓа „Сити мол", но не знаат каде е овој древен водовод и што тој претставува. Некој можеби ќе рече: „Тоа и го спасило ". Но, убедена сум дека од денеска Аквадуктот ги добива заслуженото внимание и грижа – рече Стефоска.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Ацо Костов на денешната прес-конференција посочи дека станува збор за обемна и скапа работа и веројатно ќе изискува подолг период.

-Сега ја почнуваме работата од нулта позиција, а тоа е овде на лице место првин да се зачува физичката состојба на Аквадуктот. Драго ми е што ќе отпочнат работите и се надевам на добра и успешна завршница, додаде Костов.

Како што рече, ќе се работи на повеќе сегменти, ќе бидат инволвирани повеќе стручни лица од различни области, архитекти, конзерватори, историчари и останати.

-Се надевам дека ова ќе биде почеток на еден план каде Аквадуктот ќе добие соодветно место за Скопје и за сите туристи и останати граѓани во државата. Се надевам дека ќе се вклучат и останатите фели, ова ќе биде еден простор многу убав за различни манифестации, за младите, за културата, спорот и останатите, посочи Костов.

Според директорот на Конзерваторскиот центар – Скопје, Коле Чапкановски, оваа година е многу значајна во делот на заштита на нашето наследство.

- Најпрвин се почнува со акитивности околу каналот, односно водите што некогаш овде биле во изобилие, ќе ги насочуваме кон другиот канал. Следна постапка е зајакнување на столбовите. Тука сме да го зачуваме ова дело, да има еден бенфит за самата наша држава во сите погледи, рече директорот Чапкановски на денешната прес-конференција

На прес-конференцијата беше истакнато дека Владата, неодамна, донесе одлука за прогласување на Аквадуктот за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, поради тоа што овој величествен споменик поседува вредности, не само од големо национално значење туку тој му припаѓа и на човештвото. Со тоа Скопскиот аквадукт го доби највисокиот акт на заштита, што овозможува трајно зачувување на неговите вредности во културна и во историска смисла.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

Популарната босанка пејачка  Тијана Милентијевиќ, попозната како Тијана Ем, меѓу бројните настапи најде време да се одмори и да ужива во летото.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

На социјалните мрежи таа објави фотографии во костим за капење и ја покажа својата фигура, а нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на следбениците.

Брзо пристигнаа коментари и комплименти, при што многумина забележаа дека пејачката изгледа задоволно и самоуверено.

Во последните месеци, Тијана сè почесто покажува промени во својот изглед и се чини дека е особено задоволна од резултатите на својот труд.

Покрај нејзиниот изглед, внимание привлече и нејзината насмевка. И покрај набиениот распоред во текот на летната сезона, пејачката го користи секој слободен момент за одмор и за полнење на батериите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Најдобрата светска тенисерка,Арина Сабаленка, е исклучително активна на социјалните мрежи, па така предизвика вистински хаос со својата најнова објава. 

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Атрактивната Белорусинка сподели фотографии и видео од снимање за списанието „Тајм“, на кои позира во црн едноделен костим на кошаркарски терен.

Фотките ги воодушевија нејизните милионски фанови на социјалните мрежи.

На фотките Сабаленка блескаше од насмевки додека гордо ја покажуваше својата совршена фигура, а покрај костимот за капење, носеше и апостолки со ниска потпетица кои се моден хит ова лето.

На главата имаше темни очила за сонце, а косата ѝ беше собрана во пунџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

На 16 август, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја ќе ја претстави својата концертна програма „Македонски сновиденија“ - енергична фузија од македонскиот фолклор и современиот џез, водејќи ја публиката низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Програмата е составена од нови аранжмани на македонски народни песни и оригинални композиции инспирирани од домашниот фолклор.

Овој уникатен проект веќе постигна огромен успех на меѓународната сцена. Во ноември 2025 година, оркестарот реализираше исклучително успешна европска мини - турнеја, претставувајќи ја македонската музичка приказна во големата сала „ELTE“ во Будимпешта, модерниот културен центар „La Fabrika“ во Прага, како и во легендарниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена. Низата меѓународни успеси продолжи и во мај 2026 година, кога истата програма беше изведена во Брисел, во престижниот културен центар „BOZAR“, каде оркестарот уште еднаш беше пречекан со стоечки овации и високи оценки од европската публика.

Националниот џез оркестар е еден од водечките биг-бенд состави во регионот, препознатлив по својата уметничка извонредност, современ пристап и силна посветеност кон развојот на современата џез музика. Оркестарот обединува врвни домашни џез музичари и меѓународно признати гости - уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти досега се истакнуваат Курт Елинг, Јелоуџекетс, Курт Розенвинкел, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Алаин Перез, Ренато Кико, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати, Мајк Холобер, и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот.

Диригентот Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на музички јазици и жанрови, црпејќи инспирација од класичната музика и џезот. Како аранжер соработувал со ансамбли како што се Metropole Orchestra, Konzerthausorchester Berlin, BBC Radio Orchestra. Меѓу соработниците, се истакнуваат: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Шака Кан, Џејкоб Колиер, и многу други. Тој оркестрирал музика за неколку филмски проекти, меѓу кои добитникот на Оскар „The Artist“ (2012). Исто така го оркестрирал аранжманот за преработката на „All Night Long“ од Џејкоб Колиер, награден со Греми 2020 година.

Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер