Стефоска: Осумдесет години од првиот истрел - Канал 5

Стефоска: Осумдесет години од првиот истрел

Осумдесет години од првиот истрел – јубилеите служат да нè потсетат дека историјата се учи за да не се заборави и за никогаш да не се повтори.

Стефоска: Осумдесет години од првиот истрел

„Осумдесетгодишнината од првиот истрел за слобода е чин за длабока почит и длабок поклон. Отпор достоен за незаборав. Ова е најмалку што Министерството за култура може да го направи во спомен на оние што со пушка ја создаваа, а потоа и ја одржаа националната култура жива, а со тоа, и сите нас нè одржаа во живот", рече министерката за култура, Ирена Стефоска, на настанот со наслов „80 години од првиот истрел – култура и уметност = непокор".

На настанот, кој се одржа синоќа во дворот на Министерството за култура, министерката за култура Стефоска, пожелувајќи им добредојде на дел од наследниците на, како што рече, големите луѓе, антифашисти, рече дека тие знаеле колку се важни непокорот и слободата во битката и во закрепнувањето на татковината, а јубилеите како овој служат „да нè потсетат дека историјата се учи за да не се заборави, за никогаш да не се повтори".

„Длабок поклон и почит кон сите поети, писатели, сликари, глумци, музичари... Кон сите уметници што се приклучија во Народноослободителната и антифашистичка борба и ги запишаа, секој низ својот потпис, и болката и бесот и радоста и величественоста на партизанската одисеја. Зборот е истрел, но и истрелот е збор", рече Стефоска.

Таа ги поздрави и присутните актери од неповторливиот и поучен македонски филм „Истрел" – филм инспириран од вистински настани за време на бугарската фашистичка окупација. На оние што, пак, од оправдани причини, не можеа да дојдат, им пожела добро здравје и долг живот, зашто, како што рече, „тие ни се потребни, тие се нашите сведоци, нашите учители".

Стефоска потсети дека во минатото цивилизации пропаѓале, држави се распаѓале, територии се грабале, народи се асимилирале, но никој не успеал да ја уништи културата затоа што во културата беше силата на оние што се осмелија да му речат НЕ на злото, да му речат НЕ на окупаторот, кој првин посегнува по територијата, а потоа по културата, по нашиот идентитет.

„Долга е историјата на македонската борба за слобода. Од Т'га за југ, преку Тешкото, од Белите мугри до Волчјата ноќ, Очи, Црнила, А бре Македонче, Пиреј, Диво месо.... чиниш, сета наша историја е во овие наслови. Македонската култура е многу поголема од нашата држава и од траењето на нашите животи", порача Стефоска.

На настанот „80 години од првиот истрел – култура и уметност = непокор", пијанистот Бобан Мирковски ја изведе композицијата „Свита за пијано" од еден од најистакнатите претставници на македонската современа музика од минатиот век, Томислав Зографски.

Студентите од Факултетот за драмски уметности, од класата на професорката Зоја Бузалковска, изведоа минипретстава со извадоци од Манифестот на АСНОМ, преведени на повеќе јазици, а публиката ја потсетија и на малку подзаборавената песна отпеана од големите Сенка Велетанлиќ и Зафир Хаџиманов, песната за Стив Наумов.

Писателката и професорка Калина Малеска – внука на истакнатиот македонски писател, општествено-политички работник, издавач и револуционер, автор на сценариото на првиот македонски филм „Фросина", автор на текстот на македонската химна, Владо Малески – раскажа помалку познати факти за тоа како и каде настанала песната „Денес над Македонија".

Архитектот Бујар Муча – син на еден од најмладите учесници во НОБ, Феми Муча – сподели сеќавања за својот татко чие детство било прекинато со војната, а тој од 13 години продолжил во Револуцијата.

Финале на настанот беше аудиовизуелното дело „80 години од првиот истрел – кутура и уметност = непокор". Делото ги опишува борбата и ослободувањето од фашизмот на нашата држава, мрачните времиња, но и желбата за слобода. Претставен е и културниот напредок како темел во борбата за ослободување и градење на современата македонска култура. Делото е продуцирано со 3Д-мапирање. Режисер и автор е професор Милчо Узунов, а во видеопродукција на „3Д Проект студио" од Скопје. Делото е составено од повеќе компонирани музички нумери диференцирани во два дела, а нивен автор е реномираниот македонски композитор Кокан Димушевски.

Министерство за култура

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 13. јули 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 13. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 13. јули 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во вашите приватни односи и денеска ќе има доста немир , недореченбост и фрустрации. Останете мирни.

Кариера

Обидете се да внесете повеќе креативност во својата работа , зашто така ќе работите полесно и со поголемо задоволство , а резултатите секако нема да изостанат.

Здравје и совет

Одете некаде сами и опуштете се од сите стресови.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

На памет ќе ви доаѓа забава без сериозни претензии. Тоа е затоа што нема да добиете она што го сакате.

Кариера

На работното место денеска би можело да дојде до искажување емоции и таленти кои не сте ги очекувале. Ќе биде интересно како на филм.

Здравје и совет

Потребно ви е опуштање.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Друштвеност и отвореност ќе бидат вашите главни квалитети денеска. Оние кои уште се сами , ќе успеваат бргу да остверуваат контакти.

Кариера

Ќе бидете способни да реагирате брзо и тактично. Ќе успевате да помогнете и да читате меѓу редови таму каде што не може никој друг.

Здравје и совет

Бидете отворени.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе се потрудите да бидете љубезни во односите со саканата личност.Тоа ќе биде добро прифатено , па ќе ја подобрите комуникацијата.

Кариера

Веројатно ќе ги игнорирате шефовите и ќе продолжите по свое. Сепак , попаметно би било да најдете некаков компромис.

Здравје и совет

Може да одите на натпревар на омилениот клуб.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Не влегувајте во расправии , а особено не околу ситници. Вашиот однос ќе се подобри со тек на време. Треба да причекате.

Кариера

Со нетпрение ќе го чекате крајот на рабнотното време и слободното време зашто едноставно не сте во состојба да работите со задоволство.

Здравје и совет

Потсетете се на своето хоби.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе бидете во целост свртени кон партнерот , но тој постојано ќе ви носи предизвици , кои во вас ќе будат немир.

Кариера

Во деловните преговори и на состаноците ќе се потпрете на својата креативност и така ќе најдете заеднички јазик со другите.

Здравје и совет

Размислете за својата исхрана.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Фантазијата денеска ќе ви работи сто на час. Некои во саканата личност ќе видат нешто што не постои. Можни се нереални проценки.

Кариера

Ќе се одмеруваат вашите заслуги на работното место. Истовремено ви доаѓаат прекрасни идеи полни со креативност.

Здравје и совет

Преоден пад на имунитетот.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ветувањето што сте го дале или сте го добиле ќе биде одржано , а вие спокојни , исполнети и задоволни во пријатно друштво.

Кариера

Вашите деловни достигнување се се повеќе очигледни , така што не треба да ве загрижуваат мали недоразбирања и кавги.

Здравје и совет

Спортувајте за да бидете уште посреќни.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе се најдете во големо друштво , така што вашите недоразбирања со партнерот ќе бидат незабележани во групата.

Кариера

Не постои рецепт за успех , кој се обидувате да го најдете , туку едбноставно треба да работите , а резултатите потоа доаѓаат самите од себе.

Здравје и совет

Некои ќе танцуваат.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Од грубоста на надворешниот свет денеска ќе избегате во светот на својата фантазија. Ништо чудно за вас , но на партнерот му е веќе доста од тоа.

Кариера

Се наоѓате во фаза кога вашит еуметнички идеи доаѓаат со толкава брзина и количество , што е тешко да ги запрете. Нешто ќе треба да запишете за во иднина.

Здравје и совет

Ослободете се од секаков притисок.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

На паметен начин ќе успеете да споите пријатно со корисно. На другата страна ќе и се допадне вашата смисла за детали.

Кариера

На состаноците ќе дојде до непријатност , која од внатре ве нервира. Вие сакате се да е јасно , а ќе се случува спротивното.

Здравје и совет

Стресови на кои веќе сте навикнати , не се нервирајте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе дојде до мали надмудрувања меѓу вас и саканата личност. Во тоа вие ќе бидете онаа полудата страна.

Кариера

Ќе завршите што е можно побргу и со радост ќе му се препуштите на заслуженото безделничење.

Здравје и совет

Мали нервози.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево време со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. 

Сончево време со мала до умерена облачност

Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 км/ч.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Во среда, во попладневните часови, ќе има услови за локален дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Умејр Мухамеди во „Само вистини“

Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Умејр Мухамеди.

Умејр Мухамеди во „Само вистини“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер