3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
КултураСтефоска: 10 милиони евра повеќе за културата во 2022 година Предлог-буџетот за културата за 2022 година изнесува три милијарди 855 милиони 548 илјади денари, или 62 милиона 692 илјади евра. – Предлог-буџетот за културата за 2022 година изнесува три милијарди 855 милиони 548 илјади денари, или 62 милиона 692 илјади евра. Тоа е речиси 10 милиони евра повеќе од буџетот со кој располагавме оваа година – информираше министерката за култура Ирена Стефоска на денешната прес-конференција, на која го презентираше Предлог-буџетот на Министерството за култура за следната година. – За поддршка на проектите од национален интерес во културата за 2022 г., пак, од буџетот се издвоени над 17 милиони евра, што е за над 1 и пол милион евра повеќе за оваа намена од оваа година – рече министерката за култура. Во тој контекст, Стефоска на прес-конференцијата изрази задоволство што на Годишниот конкурс, кој за првпат се реализираше преку електронска апликација, се пристигнати 3 800 пријави, кои автоматски добија и архивски број. Таа потсети и дека за електронската апликација беа одржани обуки во повеќе градови, беше изработено видеоупатство, беа отворени телефони за консултација и за техничка поддршка, како и електронски адреси за прашања од корисниците во секоја дејност, а беше продолжен и рокот за аплицирање на 39 дена. Сепак, по административната проверка на доставената документација, службите констатирале дека голем број од пријавите се пополнети со нецелосно исполнети барања од Конкурсот. Од тие причини, а во интерес на корисниците, Министерството одлучи да даде дополнителен рок од уште 15 дена. – Во интерес на корисниците, Министерството одлучи да даде дополнителен рок од уште 15 дена (во согласност со член 39 од Законот за општата управна постапка). Корисниците што ќе добијат е-пошта, ќе можат да ги докомплетираат пријавите. Фактот што речиси 2/3 од стасаните пријави во старт се нецелосни, што веројатно се должи на небрежноста на апликантите, нѐ наведе на овој чекор. Не смееме да го осиромашиме квалитетот, а конкуренцијата да ја сведеме на минимум. Исто така, при административна проверка на пријавите е утврденo системско преклопување при прикачувањето на дел од пријавите во издавачката дејност. Се работи за мал број пријави, 93, и од тие причини секој апликант ќе биде контактиран и известен кој податок ќе треба да го достави во дополнителниот рок. Ова не подразбира нова пријава туку само дополнување на веќе доставените пријави што имаат архивски број. Од утре, 2 декември, до 16 декември е рокот за дополнување на пријавите – рече Стефоска. За таа цел, повторно ќе бидат отворени дежурни телефони преку кои вработените во Министерството за култура ќе бидат во контакт со корисниците. Стефоска смета дека со електронската апликација е направен огромен исчекор во градење на системот, а фактот што се овозможува дополнителен рок за пријавување, значи дека резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени, наместо до 20 јануари, најдоцна до половината на февруари следната година. На прес-конференцијата министерката Стефоска информираше дека во фокусот на буџетот за следната година се и капиталните инвестиции и санации во културата во висина од близу 10 милиони евра, средства наменети за: - втората фаза од изградбата на Турскиот театар во Скопје, - реализација на следната фаза од изградбата на Театар и библиотека во Тетово, - завршни работи на Театарот во Струмица, - втората фаза од реконструкцијата на Театарот во Куманово, - втората фаза од реконструкцијата на Центарот за култура во Кочани, - втората фаза од реконструкцијата на Центарот за култура во Гостивар, - реконструкција и санација на покривот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски" во Скопје, како и за други проекти што ќе бидат одобрени во Годишната програма од областа на инвестициите за 2022 година наменети за објектите во кои се сместени културните установи. Исто така, министерката за култура на прес-конференцијата потврди дека заштитата на културното наследство и натаму останува врвен приоритет на Министерството за култура, а во фокусот за следната година остануваат и зајакнувањето на ЕУ-интеграциите во културата и грижата кон младите уметници. – Буџетот на Министерството и на Управата за заштита на културното наследство е близу 194 милиони денари, или 3 милиони и 200 илјади евра. За програмата Културно наследство во опасност, што ја поставивме за првпат во буџетот за оваа година, останува истата висина на средствата – 12 милиони денари. Приоритет и натаму е како материјалното така и нематеријалното културно наследство, а за блок-дотациите кон општините се предвидени речиси 6 милиони евра – истакна министерката за култура. Културата во вкупниот буџет на државата учествува со 1,49 %, што, според Стефоска, не е доволно, но е одговорно однесување кон народните пари во време на здравствена и на економска криза.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter